|
||
| УЧЕСТВО НА СВЕШТЕНИКОТ МИХАИЛ НА ПОКЛОНЕНИЈА НА ГРОБОТ НА СВ, КИРИЛ СОЛУНСКИ ВО РИМ (18) |
|
ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ПОСТИГНУВАЊАТА НА АРХИЕПИСКОПОТ НА МПЦ-ОА Г.Г. МИХАИЛ Според податоците во делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент, протојереј-ставрофор Методи Гогов, кој стана Архиепископот на Македонската православна црква како г.г. Михаил), како свештеник за прв пат зеде учество на манифестацијата Четвртото поклонение на гробот на Св. Кирил Солунски во Рим, која се одржа како традиционалната манифестација „Денови на македонската култура“ во Рим во 1972 година и се одржа на од 24 до 28 мај. Иако манифестацијата не беше вклучена во меѓународната програма за културна соработка, сепак беше изведена под покровителство на градоначалниот на Рим, и беше целосно посветсна на македонското народно творештво. За време на манифестацијата што ја организираше Комиснјата за културни врски со странство, беше отворена изжбата „Народната уметност на Македонмја“ што ја подготви Етнолошкиот музеј од Скопје, додека членовите на реномираниот ансамбл за народни игри ипесни „Танец” од Скопје приреди концерти во Рим, Терачино и Неапол. Професорот д-р Кирнл Пенушлиски, пак, одржа предавање за народното творештво на Македонија На четвртото по ред, поклонение на гробот на свети Кирил Солунски, како и во минатите години, гробот го посетија и положија венец и свежо цвеќе државна и црковна делегација. Во државната делегација што ја предводеше д-р Деса Миљовска, републички секретар за култура при Изпршниот совет на СР Македонија, беа професорот на Филозофскиот факултет д-р Кирил Пенушлпски, д-р Димче Коцо, претставник на Македонската академнја на науките и уметностите, Кочо Битољану, потпретседател на Градското собрание на град Скопје и Вера Климкова, директор на Етнолошкиот музеј. Црковната делегација, пак, ја предводеше неговото високопреосвсштен-стов митрополитот амерпкапско-канадско-австралиски г. Кприл, а во делсгацијата беа и тогашниот протоереј - ставрофор Методи Гогов, ректор на Македоиската православна богословија и протоѓаконот Александар Цандовски. По повод манифестацијата отпечатена е пригодна публикација „Слава на свети Кирил” со илустрациии текстови на македонскм јазик. Четвртото поклонение на гробот на свети Кнрил Солунски, кој тврдо веруваше во божественоста на евангелието н рамноправноста на словенскиот јазик со латинскиот, грчкиот (елинскиот) и еврејскиот, ќе остане забележанопо тоа што за првпат над овој гроб прозвучи македонскмот современ литературен збор во црковната служба (молебенот), во која дотогаш се употребуваше црковнословенскиот јазик. И во 1974 година прекрасниот Рим, тој вечен град, како многумина го нарекуваат, беше место каде се презентираше дел од македонската култура. И сето тоа по повод традиционалните денови на културата од Македонија посветени на шестото поклонение пред македонските и словенски просветители свети Кирил и Методиј Солунски. Во текот на манифестацијата „Денови на македонската култура” во Рим, на италијанската јавност, или поточно на пријателите на поетскиот збор им беше презентиран дел од македонската современа поезија. Притоа, значаен белег на манифестацијата даде отслужувањето на молебенот пред гробот на свети Кирил Солунски. Црковна делегација ја предводеше митрополитот американско-канадско-австралиски г. Кирил, а членови беа протојереј-саврофор Методи Гогов и ѓаконот Јован Каровски (денешниот преспанско-битолски архијереј г. Петар), додека делегацијата од културата на Македонија ја предводеше проф. д-р Александар Спасов, заедно со членовите-поети Славко Јаневски, Матеја Матевски и Петре Андреевски. Во музичкиот дел, пак, настапија првенците на Скопската опера Ѓорѓи Божиков и Искра Божиновска-Савин, во клавирска придружба на Јасмина Георгиевска-Чакар. Црковната делегација на 21 мај пристигна на аеродромот „Леонардо да Винчи” во Рим, а на 22 мај со авион отпатува за Бари, каде што беше пречекана од секретарот на Патристичкиот институт падре Дамјано Бова, од југословенскиот конзул г. Г. Поповиќ и други претставници на југословенската дипломатија. Всушност, делегацијата отпатува во Бари како гостин на Патристичкиот институт и, по краткиот престој во доминиканскиот калуѓерски ред, во црквата „Свети Николај “, каде што се наоѓаат моштите на овој голем христијански светител, македонската црковна делегација отслужи благодарствен молебен на македонски јазик. Продолжува
|