Среда, 08 Јули 2009    PDF Печати Е-пошта
Духовни светилишта - „Св. Ѓорѓија - Победоносец“ - с.Рајчица, Дебарско
rajcica-thМанастирскиот комплекс посветен на св.Ѓорија Победоносец,  во малото село Рајчица, кое од општинскиот центар Дебар е оддалечено 3-4 километри, од регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, со векови опстојува духовноста.

Манастриската црква  „Св.Ѓорѓија - Победоносец со манастирските конаци,  се  изградени во 1835 година , во времето кога игумен на Бигорскиот манастир е  архимандритот  Арсениј, кој има огромни заслуги  што на овие простори  биле изградени многу извонредни  црковни објекти кои со нивната архитектура ден денес пленат и се ненадминати. И не само тоа игуменот Арсениј, бил двигател  и непресушен извор во  негување и ширење на православната вера, на христијанството, на црковните традиционални обичаи во Мијачијата, во Долна и Горна Река и пошироко.

Според манастирскиот алманах на Бигорскиот манастир, црквата „Св. Ѓорѓија Победоносец“ во дебаското село Рајчица, била зографисана во периодот од 1840 до 1852 година. Куполите и горниот дел на ѕидовие биле  зографисани од прочуенит мијачки зографи Михаил и монахот Данаил, кои ги насликале иконите на Бигорскиот манастир. Долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зогаф од мијачкото село Тресонче.

Се до 1945 година, овде, во манастирскит ќелии и конаци опстојуваше монашкото сестринство. Меѓутоа, комунистичката власт на новата држава ФНРЈ со декрет го збранува дејствувањето на калуѓерството, ги одзема манастирските конаци и ги претвора во штали и коњушници. За манастирсктие конаци никој не се грижи, неможат да го издржат товарoт на времето, целосно напуштени се руинираат, ѕидовите паѓаат, паѓаа покривот...

Сообновувањето на монашкото братство во Бигорскиот манастир во 1995 година и  братството го предводи неуморниот игумен архимандритот Партениј, презема активности за обновување на напуштените и уништени конаци. На 27 септември 1999 година на Крстовден, надлежниот архиереј на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот г.Тимотеј ги освети темелтие на новите манастирски конаци.За нецели две години беа изградени манастриските конаци, беше уреден целиот манастирски комплекс и заграден со ограда соѕидана со камен. На големиот празник Духови во 2001 година, поглаварот на МПЦ г.г.Стефан во сослужение со митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел и на повеќе монаси и монахињи, свештенослужители и во присуство наголем број верници од сите краеви на нашата држава, беа осветени манстирските конаци.

Секоја година, на 6 мај - патронот на Манастирот, света архиерејска литургија  служи митрополито  г.Тимотеј. Во предвечерието на Ѓурѓовден 2004 година, за првпат во Дебварско-кичевската  епархија на МПЦ, беше извршен чинот на замоношување Три искушенички беа замонашени и добија  монашки имиња.

Во манастирскиот комплекс има неколку работилници во кои калуѓерките  во слободновреме изработруваат митри, икони, бројаници и други црковни предмети.

Игуменот Партениј калуѓерките ги внесе во тајните на изработка намитра - украсна капа, која ја носат епископите за време на одржување на литургии.

Калуѓерките ога ги изработуваат митрите во себе ја кажуваат молитвата, која им помага во творештвото и проади тоа секоја митра е посебна, уникатна.

Инаку, креацијата на митрата е во согласност со везот и бојата на одеждата на епископот кој треба да ја носи на главата. Матерјалот на митрата претежно еодполускапоцени камења - кристали, бисери, штрас (камчиња) позлатена жица и друго.

Само во манстирот „Св.Ѓорѓија - Победоносец“ во МПЦ се изработуваат митри, кои се квалитетни и барани од епископите, не само од нашата Црква, туку од сите православни цркви во светот. Од 2003 година, монахињите имаат изработено над 200 митри кои ги носат великодостојниците на православните цркви во Америкаа, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гофра и помесни православни цркви на други држави, како и ерусалимскиот патријарх  и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
Во разговорот со архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир и духовен татко на калуѓерките на манастирот „Св.Ѓорѓија - Победоносец“, последниве две-три години  гости на манастирската црква и на конаците се туристи  од Грција, Бугарија, Словенија, Русија, Америка и од други држави. Гостите се восхитуваат од архитектурата, фрескосликарството од место положбата, од духовноста која зрачи на сите страни  на овадревно македонско светилиште.

Киро Кипроски

rajcica1rajcica2rajcica3rajcica4rajcica5rajcica6rajcica7
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.