Среда, 21 Јули 2010    PDF Печати Е-пошта
Дојранското Езеро - најмалото тектонско езеро во Република Македонија
dojransko-ezero2
Дојранското Езеро  со своите лековити својства, како и погодната клима овозможуваат лекување на поголем број на заболувања: бронхијални, кардиоваскуларни, реуматски, кожни и др.

Дојранското Езеро - најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција.

Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 km².

Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици во огради од трска, т.н. мандри.

Легенда за Дојран

Во градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден неделничен ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабина тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот "Лабин и Дојрана". Овој балет за прв пат е изведен во сезоната 1957/58 година.

dojransko-ezero

Туристички капацитети на Дојран

- Хотел Казино Хит Интернационал, од затворен тип, со капацитет од 68 соби.
- Хотел Казино Атлантик, од затворен тип, со капацитет од 18 апартмани
- Хотел Полин, со капацитет од 52 соби со 112 легла, реновиран во 2005 година
- Хотел Галеб, со капацитет од 110 легла, во моментот не работи
- Хотел Истатов, со капацитет од 80 соби и 190 легла, содржи спортско рекреативен центар.

Авто кампови

- МВР,АРМ, Партизан, со капацитет од 104 приколки,
- Детски дом 11 Октомври, со капацитет од 40 приколки,

Одмаралишта

- Јака, со капацитет од 60 легла
- ЕСМ, со капацитет од 150 легла
- ЉБЕ Македонија, со капацитет од 60 легла
- Пелагонија, со капацитет од 72 легла
- Црвен Крст, со капацитет од 90 легла
- Стопанска банка – Штип, со капацитет од 32 легла
- ПТТ, со капацитет од 44 легла
- Општина Свети Николе, со капацитет од 80 легла
- Престиж, со капацитет од 80 легла
- Југопромет, со капацитет од 40 легла
- Водовод и канализација, со капацитет од 40 лег
- КПД Идризово, со капацитет од 35 легла
- Живинарска фарма Белимбегово, со капацитет од 40 легла
- Огражден Струмица, со капацитет од 80 легла
- Евроазија, со капацитет од 30 легла
- Министерство за финансии, УЈП Валандово, со капацитет од 15 легла
- Коинг Штип, со капацитет од 30 легла

Приватно сместување, во шпицот на летната туристичка сезона во 600 -те викенд куќи како и во семејните куќи и стамбените комплекси се сместуваат околу 2000 гости.
 

На прво место

News image

Не грижете се за Македонците-муслимани

Не грижете се за Македонците-муслимани Љатиф Пајкоски

Историја

News image

Организатор на првите чети во Македонија бил Македонскиот комитет

Првата провокација била направена околу година дена по основањето на Македонската револуционерна орг...

Иселеници

News image

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (22 дел)

Во книгата на Мери Рејнолд под наслов "Оган од Рајот" на...

Култура и туризам

News image

Легенда за проколнатиот град Кратово

Постои една легенда која вели дека градот Кратово е проколнат град. Според легендата тоа се случило ...

Фељтон

News image

Македонски милениумски континуитет (1 дел)

Европското Hегирање на Македонскиот Милениумски Kонтинуитет и неговото повторно oткр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.