|
|
Здружението на граѓани за култура, уметност и креативност „Деница" од Скопје, традиционално и оваа година во Охрид во периодот од 15 јули до 15 август го организира базарот на ракотворби.
- Се надеваме дека како и секоја година домашните гости, а пред се странските ќе имаат ретка можност да уживаат во убавите креации на ракотворците, а воедно ќе моземе да ја презентираме македонската традиција и ументост, велат од Здружението.
Базарот е поставен пред Куќата на Христо Узунов или поточно делот наречен Сараиште каде своите дела ќе ги презентираат 40 автори поделени во три смени од по 10 дена. На штандовите ќе бидат изложени предмети од рачна изработка и сувенири, разновидни креации на накит, текстил, етно мотиви, скулптури од дрво, рачно направени нотеси, резба и сл.
Базарот ќе биде поставен секој ден од 10 часот наутро се до полноќ. |