Среда, 30 Август 2023    PDF Печати Е-пошта
ПРЕСЕЛБИ НА МИЈАЦИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ НА РАЗВОЈОТ НА ГРАДИТЕЛСТВОТО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА БУГАРИЈА

1mi578„МИЈАЧКОТО СТАНБЕНО ГРАДИТЕЛСТВО – ПОТЕКЛО, РАЗВОЈ И ДОСТРЕЛИ“ ОД Д-Р МЕЛАНИЈА ШЕРДЕНКОВСКА

За развојот на школите во Бугарија Асен Василев истакнува: Една од најпознатите, во творечки однос, архитектонски школи во нашата земја во времето на Преродбата е Брациговската архитектонска школа, чии творби се раширени во многу села во земјата “...кој е основателот на оваа школа не е познато. Можеби основач на школата е еден од талентираните градители, кои се преселиле од Костурско и од Горчанскиот крај на Западна Македонија.  Според Асен Василев некои од тие мајстори веќе имале печатени книги и раководства за архитектура. Оттука јасно може да се види стремежот за повеќе знаење и амбицијата за творечки пристап.  Основач на Калориферската школа е Антон Гл. Станишев, кој тука се преселил од Дебар, Македонија* “Кој е основачот на Разлошката школа не е точно утврдено. Се знаат само имињата на некои мајстори кои играат во неа значајна улога. Уста Вељан се преселил од с. Осој, Македонија, во Банско, и е првиот познат мајстор на таа школа..”

Според Арбалиев во Бугарија во овој период активно творат три градителски школи -  Брациговската, Трновската и Одринската и четири резбарски школи -  Калоферската, Разлошката, Тревенската и Самоковската. Во овој преглед тој ги вбројува и Македонската градителска школа и Дебарската резбарска школа. Тој дава свое гледиште за развојот на Македонската резбарска и градителска школа и нејзиното влијание на архитектурата во соседните земји: За градителската школа тој пишува: Зголемувањето на националното чувство, нараснувањето на економската моќ и култура на “бугарското население” низ епохата на Взражданието даваат извонредни остварувања во уметноста и архитектурата во западните региони на Македонија и особено во селата вдолж течението на Горна Река (Радика) и на Мала Река, која се влива во неа.

Тоа е реон со богата градителска и уметничка традиција, чиј развој во периодот на Преродбата достигнува до големо совршенство....Во архитектурата на Македонската школа многу силно се изразени врските со националните традиции како во поглед на вградувањето на конструктивните елементи, така и во оформувањето на архитектонскиот детал. Љубовта спрема дрвото наоѓа достојно место во градителството и украсувањето на многу творби од оваа школа. Но во неа се прават и сериозни истражувања за   развиток на традициите и во адаптирањето кон потребите на новиот живот. Како резултат на творечките барања на мајсторите од оваа школа во архитектурата на црковните објекти се воведуваат значително помонументетални форми од оние на традиционалните решенија. Во оформувањето на енетриерите се развиваат многубројни новини -  полуцилиндрични апсиди, слепа купола, висечки арки, ажурен парапет, како средство за зголемување на визуелното и уметничко доживување на внатрешните простори. Без соменение сето ова укажува на базичното влијание врз разојот на архитектурата не само во Македонија, туку и во соседните региони, каде што се поставени творечки контакти со мајсторите од другите школи. 

Во поглед на резбарството, за Дебарската резбарска школа, како што овој автор ја нарекува, изјавува: Богата и разноврсна е дејноста на Мијачките мајстори. Тие работат иконостаси и тавани на целиот Балкански Полуостров. Некои од нив стигнуваат дури и во Италија. Како е создадена Дебарската школа, кој е нејзиниот основач, не се знае точно. Можеби мајсторите од атонскиот и зографскиот манастир се првите оснивачи на школата. А можеби имало и месна традиција, па дејноста се развива како последица на тоа. За поцелосно согледување на информациите кои се однесуваат на преселбите на Мијаците во Бугарија, според Јаранов и почетокот и развојот на Преродбенските школи според Арбалиев, изработена е карта во која графички се внесени податоците за преселбите на Мијаците во Бугарија и евидентираните градителски и резбарски школи. Од приложената карта евидентно е дека еден или повеќе векови пред појавата на сите Преродбенските школи, во местата на настанокот, и нивната непосредна околина, како и во местата на главната дејност на школите, евидентирана е преселба на фамилии од Мијачкиот крај.

Така во Велико Трново, каде што се развива  градителската школа, Мијаците се доселиле во XV и XVI век, во Тревен, каде што има развиено градителска и резбарска школа доселеници има во XVIII. Тука треба да се истакне влијанието и на доселениците во околните градови Разград, Ловеч и Тројан.  Во Брацигово, со извонредно развиена градителска школа, доселеници има во XVII и XVIII век, како и во околните градови Пазарџик, во XVI и Пловдив во XVII век.  Истото се случува и во резбарските школи во Бугарија. Во градот Самоков, со развиена резбарска школа,  има доселеници во XVIII век, а во Разлошката резбарска школа уште во XVII век. Тука треба да се истакне дека почнувајќи од XV век во околината на овие градови има постојани доселувања на Мијаците и тоа градовите Горна Џумаја, Банско, Неврокопско и Мелник.

 1mi5789

Куќи во Смоленско

За Калоферската резбарска школа, основно е постојаното доселување на мијачките фамилии во околните градови Копрившчица, Карлово и Стара Загора, континуирано од XV век. Исклучок е само  Едренската школа, која се развива на сосема поинаков начин од останатите. Сепак и  во нејзината близина има преселба на Мијаци, во градовите Елхово и Свиленград, во XVII век. За карактеристиките, почетокот и дејноста на оваа школа, најпрецизни податоци дава авторот Арбалиев Појавата и развојот на Едренската архитектонска школа е поврзано со еден од најголемите градови во Османската Империја,  Едрене, кој бил втор по големина град по Истанбул. ...Интензивниот развој на Едрене како стопански и трговски центар го привлече вниманието на многу мајстори од планинските региони на Балканскиот Полуостров....За кратко време тој прераснува во центар на развиено градителство и размена на искуства меѓу дојдените мајстори -  градители, резбари и зографи.

Во градителството на Едрене се сретнуваат градителските и уметничките традиции од многу места, кои заемно се обогатуваат, развиваат и усовршуваат. Придобиеното огромно искуство во изградбата на Едрене игра важна улога во напредокот на градителството на редица други градови. Многу од мајсторите, кои размениле богато искуство меѓу себе и добиле нови знаења од своите колеги, повторно завршуваат во родните места, каде се зафаќаат со значително поинтензивно градителство. Искуството брзо се усвојува од надарените мајстори. Во така создадената творечка атмосфера се појавуваат талентите на многу народни творци, врз искуството, не само на животната сила на националните традиции, туку и вештото пронаоѓање нови идеи за развојот на тие традиции и нивното умешно приспособување кон потребите на новиот живот.

Од сите овие кажувања можеме да заклучиме дека е евидентно влијанието на мијачките мајстори во востановувањето и развојот на бугарската преродбенска архитектура и уметност. Сведоштво за тоа се директните тврдења на истражувачите на бугарската традиционална архитектура, кои беа цитирани и се однесуваат на Преродбенските школи, а индиректните се веќе цитираните податоци за преселбите на Мијаците во Бугарија и нивните директни  влијанија на развојот на градителството и уметничките занаети. Сите овие автори со недвосмислена цврстина го истакнуваат исклучителното влијание што го имаат Мијачките градители, врз развојот на градителството и градителскиот занает на Балканскиот Полуостров.

Ова влијание се појавува на две нивои. Првото ниво  е нивното печалбарство, организирано во тајфи, во сите делови на Балканот, кои ги завладува Турската империја. Тие биле барани мајстори, особено за изградба на куќи, цркви  и други јавни и репрезентативни објекти. Како одлични мајстори, биле насекаде барани, меѓутоа и специјално повикувани при градбата на репрезентативните објекти. На тој начин ги пренесувале искуствата на градење куќа на целата територија на Јужниот Балкан, но и вообличувале нов  специфичен тип. Притоа, евидентно е прилагодувањето на искуствата на различните климатски услови, карактеристиките на теренот и околината, како и традицијата и особеностите на местото. Особено  се почитувани  естетските и организационите барања на сопствениците, но во уште поголема мерка и се обликувани. Одговарајќи секогаш со различен пристап, оформувана е препознатлива матрица на даденото место, слично на архетипската, која со многу мали модификации ги задоволувала широко поставените критериуми на квалитетен станбен простор.

Второто ниво на влијание, што во суштина е и многу посилно, се нивните преселби, кои почнуваат од XV век, а можеби и порано. Нивното живеење во новиот крај започнува со градење на објекти, кои во голема мерка го вообличуваат и развиваат естетскиот вкус на месното население. Така почнуваат да се градат објекти кои задоволуваат многу повисоко поставени критериуми. Новите објекти, како и пренесените искуства на вештите и опитни мајстори го иницираат развојот на градителството и останатите уметнички занаети, за покасно и месното население да ги прифати и почне да ги развива. Особено силна е дејноста на неколкуте школи во Бугарија, кои се најинтензивни во XVIII век, а за сите нив имаме сведоштва дека еден или повеќе векови претходно, во тој крај се доселуваат фамилии од Мијачкиот крај, кои во суштина го иницираат развојот на школата.

1mi57 Пишува д-р Меланија Шерденковска

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.