Култура и туризам

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФСКОТО ДЕЛО „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“

1mice1

1mice1

Излезе од печат монографијата „Силјан Мицевски“ која се однесува на животот и делото на  бизнисменот Силјан Мицевски-Циле. Тоа е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство со Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, на 330 страници, на македонски јазик, проследена со глем број фотографии, а е отпечатена во печатницата „Напредок“, во Тетово. Рецензенти на монографијата се академик Владо Камбовски, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Ѓорѓи Михајловски.

Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани. Тој е угледен македонски стопанственик, спортист, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, почесен конзул на Република Србија во Република Македонија и поранешен градоначалник на Општина Битола,  

Во монографско дело за  Силјан Мицевски-Циле, како често го викаат неговите блиски е забележано дека тој е роден на 16 октомври 1945 година во Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат. Битола е неговата гордост, инспирација и предизвик. Таму тој работи и таму има постигнато значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник на Битола, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Република Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Кога се пишува за дипломатска Битола, едно од најзначајните дипломатски имиња, секако, е Силјан, кој е почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Имено, на свечен чин, во присуство на голем број високи гости, на 4 декември 2007 година, во Битола беше отворен почесниот конзулат на Република Србија. Од страна на Владата на Македонија, за прв почесен конзул беше назначен Силјан Мицевски.

Битола е седиште и на десетина почесни конзулати, меѓу кои на: Франција, Велика Британија, Турција, Романија, Грција, Русија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Србија чиј почесен конзул е Силјан Мицевски-Циле. Инаку, во организација на Конзулатот на Република Србија во Република Македонија под покровителство на почесниот конзул м-р Силјан Мицевски досега се одржани пет меѓународни научни собири и од нив се издадени четири посебни зборници на трудови во кои се презентирани повеќе од 150 научни трудови.

Силјан Мицевски на политичката сцена влезе во 1990 година. За време на партиското преструктуирање, кога и СДСМ доживеа Пратеници, името на Силјан е ставено на листата за пратеници во Собранието на Република Македонија од битолскиот регион.

1mice12

Битола

Исто така, името на Силјан Мицевски е тесно поврзано и со бисерите на одржувањето на „Малиот битолски Монмартр“, кој го воздигнал името на градот под Пелистер и се слушнал надалеку за оваа единствена детска ликовна работилница, која премостува меридијани, држави, нации, раси, училишта. Таа ја спојува уметноста, креацијата, инвенцијата, идејата, умешноста и фантазијата на детските создатели.

Името на Силјан Мицевски е поврзано и со прашањето и судбината на 3.268 битолски Евреи, кои беа депортирани од фашистичката машинерија во логорите на смртта. Тоа е црна страница од историјата на Битола која се случила на 11 март 1943 година.

Огромна е заслугата на Циле за сè што постигнува ракометниот клуб „Пелистер“, а постигна многу. Беше најдобар клуб во Битола, најтрофеен клуб во Македонија и најприфатен клуб во цела бивша Југославија и многу делови во Европа. А денес „Еурофарм Пелистер“ е еден од водечките клубови со високи европски амбиции, додека „Еурофарм Пелистер 2“  е клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола, од цела Македонија и од други места во светот. 

Во монографијата „Силјан Мицевски“ е забележано дека тој уште како основец во училиштето ,,Св. Кирил и Методиј” бил доста динамично и дружељубиво дете. Правел и споделувал младешки лудории и се’ она што носи и и приличи на возраста. Така било и како гимназијалец во ,,Јосип Броз-Тито”. Тие години се еден незаборавен дел од младоста, со сета убавина што ја има овој прекрасен период од животот. Следела одлуката каде натаму да продолжи со образованието, со студиите и морал да реши во која насока ќе одат неговите идни патеки.

Силјан Мицевски по завршувањето на гимназијата, прво, се запишал на Правниот факултет во Белград, а потоа на Економскиот факултет во Прилеп, кој го завршил со висок просек, во 1975 година. Но, тука не запрел. Отишол понатаму. Предизвик му била науката. По извесен период, магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент.

Исто така, во монографијата „Силјан Мицевски“ е забележано дека почетокот на работата на ГП „Пелистер“ датира од 1968 година, кога работело под името „Уметност“, занимавајќи се со градежно занаетчиство. Од 1977 година почнува да се занимава со покрупни зафати на градежни работи и тогаш формира голема градежна оператива со фузирањето на четирите помали градски оперативи: „Млад ѕидар“, „Солидна работа“, градежниот погон на КИБ „Битола“ и „Уметност“. Со константен подем и рапидно темпо на пораст, ГП „Пелистер“ станува комплетен изведувач од проект, преку градба, па сè до предавање на објектот по принципот „клуч на рака“.

Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“. Неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.

Според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место.

Љубовта кон спортот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту ќе престане, ниту некој може да посегне да му ја оттргне од емоциите на Силјан Мицевски. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога играта на паркетот е во прашање и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, волшебност и благородност. Затоа, кога се портретира големиот Силјан спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет, се огромни.

Од големиот број активности треба да се споменат двата настана од спортот, за кои клучен човек за нивното остварување бил Силјан Мицевски.

Првиот е поврзан со ракометот и со одржувањето на ракометниот турнир „Трофеј на Југославија“ од 30 јуни до 5 август 1981 година во Битола. На овој настан учествувале спортисти од Демократска Република Германија, Советскиот Сојуз, Швајцарија, двете селекции на Југославија и од Социјалистичка Република Македонија.

Вториот настан е поврзан со одржувањето на Првото европско боксерско првенство за кадети во 1997 година, одржано од 4 до 14 јули во Битола. Учествувале 28 боксери од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Англија, Естонија, Германија, Унгарија, Ирска, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Шкотска, Република Словачка, Словенија, Турција, Украина, Велс и поранешна СР Југославија.

Во монографијата „Силјан Мицевски“ од Славе Николовски-Катин и Ѓорѓи Лумбуровски, меѓу другото се вели дека Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“, а неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.

Силјан Мицевски е добитник на многубројни награди и признанија, меѓу кои: Наградата „4 Ноември“ на градот Битола во 1979 и 1996 година, потоа наградата во „Златната категорија – Париз 2003 година при WQC – награда интернационална ѕвезда“, која му е доделена во 2003 година на 20. Интернационална WQC конвенција во Европа во конкуренција од 166 земји од светот, како и на престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“. 

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top