Среда, 22 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
МОНОГРАФИЈА ЗА СИЛЈАН МИЦЕВСКИ – ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН И СПОРТСКИ РАБОТНИК (10)

1mice21

Монографијата „Силјан Мицевски“ за бизнисменот од Битола е дело на Славе Николовски-Катин во коавторство на Ѓорѓи Лумбуровски, а е подготвена од Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2014 година, на 320 страници, на македонски јазик. Тоа е дело за .угледниот македонски стопанственик, спортист, поддржувач на културата, уметноста и спортот, донатор, актуелен почесен конзул на Република Србија во Република Македонија и поранешен градоначалник на Општина Битола, Силјан Мицевски, а рецензенти се академик Владо Камбовски и проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ., но за жал монографијата не е објавена.

Во монографијата „Силјан Мицевски“ е забележано дека тој по завршувањето на гимназијата, прво, се запишал на Правниот факултет во Белград, а потоа на Економскиот факултет во Прилеп, кој го завршил со висок просек, во 1975 година. Но, тука не запрел. Отишол понатаму. Предизвик му била науката. По извесен период, магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент.

Почетокот на работата на ГП „Пелистер“ датира од 1968 година, кога работело под името „Уметност“, занимавајќи се со градежно занаетчиство. Од 1977 година почнува да се занимава со покрупни зафати на градежни работи и тогаш формира голема градежна оператива со фузирањето на четирите помали градски оперативи: „Млад ѕидар“, „Солидна работа“, градежниот погон на КИБ „Битола“ и „Уметност“. Со константен подем и рапидно темпо на пораст, ГП „Пелистер“ станува комплетен изведувач од проект, преку градба, па сè до предавање на објектот по принципот „клуч на рака“.

М-р Силјан Мицевски е првиот човек на градежното претпријатие „Пелистер“. Неговото семејство поседува близу 50 аптеки „Еурофарм“ низ цела Македонија. Поседува капитал и во повеќе компании низ Македонија што се занимаваат со градежништво. Инаку, важи за човек што со години помага во битолскиот спорт, културата, а им помогнал и на голем број битолчани.

Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат, е родното место на Силјан (Циле) Мицевски и неговото семејство. Битола е неговата гордост, инспирација и предизвик. Тоа е градот во кој Силјан поминал голем дел од животот со својата сопруга Виолета и нивното пошироко семејство. Во Битола тој има постигнато значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Република Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Битола е седиште и на десетина почесни конзулати, меѓу кои на: Франција, Велика Британија, Турција, Романија, Грција, Русија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Србија чиј почесен конзул е Силјан Мицевски-Циле. 

Според пишаните медиуми, денес Силјан Мицевски е еден од најмоќните бизнисмени во југозападниот дел на Република Македонија и најбогат во тој регион во бизнисот со ископ и градежништво. Затоа, според листата на најбогати фамилии во Македонија, тој е на дваесеттото место.

Љубовта кон спортот е од таков интензитет и димензии што никогаш ниту ќе престане, ниту некој може да посегне да му ја оттргне од емоциите. Имало меѓуфази, имало најразлични пулсативни амплитуди, но во конечна смисла и кога играта на паркетот е во прашање и кога судењето било предизвик, тој ја давал најсилната поддршка за овој спорт на кондиција, уметност, работа, талент, знаење, досетливост, волшебност и благородност. Затоа, кога се портретира големиот Силјан спортувањето и неговата љубов, наречена ракомет, се огромни. Од големиот број активности треба да се споменат двата настана од спортот, за кои клучен човек за нивното остварување бил Силјан Мицевски.

 Првиот е поврзан со ракометот и со одржувањето на ракометниот турнир „Трофеј на Југославија“ од 30 јуни до 5 август 1981 година во Битола. На овој настан учествувале спортисти од Демократска Република Германија, Советскиот Сојуз, Швајцарија, двете селекции на Југославија и од Социјалистичка Република Македонија.

Вториот настан е поврзан со одржувањето на Првото европско боксерско првенство за кадети во 1997 година, одржано од 4 до 14 јули во Битола. Учествувале 28 боксери од: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Англија, Естонија, Германија, Унгарија, Ирска, Израел, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Русија, Шкотска, Република Словачка, Словенија, Турција, Украина, Велс и поранешна СР Југославија.

Огромна е заслугата на Циле за сè што денес постигнува ракометниот клуб „Пелистер“, а постигна многу. Беше најдобар клуб во Битола, најтрофеен клуб во Македонија и најприфатен клуб во цела бивша Југославија и многу делови во Европа.

Кога се пишува за дипломатска Битола, едно од најзначајните дипломатски имиња, секако, е Силјан, кој е почесен конзул на Република Србија во Република Македонија. Имено, на свечен чин, во присуство на голем број високи гости, на 4 декември 2007 година, во Битола бил отворен почесниот конзулат на Република Србија. Од страна на Владата на Македонија, за прв почесен конзул бил назначен Мицевски, кој бил десетти по ред конзул во Битола.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.