Среда, 15 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА „ЗЕГИН“ ВО МОНОГРАФИЈАТА „ БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ“ (9)

12121212Монографијата „Благој Механџиски“ истовремено е посветено на 30-годишниот јубилеј на веледрогеријата „ЗЕГИН“, на 45.годишнината за посветеноста на бизнисот и 75- годишниот живот на Благој. Монографијата чиј автор е Славе Катин е подготвена на македонски и на англиски јазик на 480 страници со голем број текстови и фотографии. Рецензенти на ова дело се поглаварот на МПЦ-ОА господин господин Стефан и проф. д-р Лазар Лазарев. 

Во исто време делото е еден вид сторија и историска вистина на Малешевијата, на Македонија, на деловното живеење, на успесите, падовите и постигнувањата на една голема компанија како што е „ЗЕГИН“. Во биографијата што Славе Катин ја подготви на македонски и на англиски јазик за неговиот животен пат, дело и постигнувања, сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на деловниот живот во Македонија. Затоа, монографијата ги надминува рамките на обично дело за животот на еден бизнисмен од Македонија.

Оваа монографија е посветена на бизнисменот, хуманистот и донаторот Благој Механџиски. Име, кое е познато и респектирано на низа полиња и децениски потврдено во бизнис- заедницата во Република Македонија. Во исто време тој е исклучително позната и неодминлива личност меѓу македонските деловни луѓе. Него со право веќе неколку децении во Македонија и регионот го претставуваат како хуман, благороден човек и голем бизнисмен, кој управува со фармаколошки бизнис и паралелно со тоа им помага на луѓето.  Познат е како голем христијанин, посветен и верен на Македонската православната црква – Охридска архиепископија, на македонскиот народ и на Македонија.    

Личноста Благој Механџиски воопшто не е лесно да се опише. Имено, неговите пријатели често велат дека тој е човек кој во текот на бизнисот се претвора во „машина“, додека во приватниот живот и во ретките слободни моменти знае да се пошегува, да викне и да го забавува друштвото. Како негов биограф Славе Катин го познава уште од студентските денови и знае дека неговиот животен пат не бил лесен. Тој секогаш се борел за својот став, па дури и по цена на пропаст, затоа Бари, како што го викаме Благој, заедно со „ЗЕГИН“ е еден-единствен и неповторлив. Во исто време монографското дело „Благој Механџиски“ е и скромен пример за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко, афирмација на минатото, сегашноста и иднината на компанијата „ЗЕГИН“, како и на родното Русиново, убавиот Малеш и на Македонија.

Делото е посветено на животот и делото на Благој Механ-џиски, кој постојано се залага за афирмација на аптекарството во Македонија, на Балканот и пошироко. Таквата угледна легенда во аптекарската фела, вљубеник во народот, во својата татковина, секогаш го водела светата мисла да го претстави бизнисот и да остави вечни траги за идните генерации. Во исто време треба да се потенцира дека оваа Монографија е подготвувана подолго време и чека да биде отпечатена и да го види македонското Сонце.

Често се вели дека Благој Механџиски е душата на веледро-геријата „ЗЕГИН“, чија идеја за формирање датира од 1974 година, кога тој го завршил Медицинскиот факултет. Тогаш му се отворија патиштата да влезе во бизнисот со лекови. Како претставник и во соработка со „Кемофармација“ од Љубљана, Механџиски ги покажа неговите квалитети и капацитети во бизнисот со лекови.

Овој бизнисмен  како водечка личност и сопственик на веледрогеријата „ЗЕГИН“, е донатор и поддржувач на голем број културни, спортски, фолклорни и национални активности, особено во Малешевијата и Скопје. За период од 26 години, колку што постои  неговата фирма „ЗЕГИН“ има донирано во домови за деца без родители, поединци, училишта, спортисти и спортски настани, здравствени и други установи и институции и најразлични манифестации, како и дарител на бројни маке-донски православни храмови во Република Македонија. 

Во ова монографско дело е даден дел од сликата на Благој Механџиски и неговиот животен сопатник, д-р Вера Механџиска, младото поколение, нивната животна прикаска и судбина, нивниот заеднички живот и постигнувања. Во автобиографското дело, на наративен начин, на македонски и на англиски јазик се презентирани историскиот, животниот, семејниот, деловниот и творечкиот опус, пред сè, на Благој Механџиски-Зегин.

Најголем простор во монографијата е посветен на минатото и сегашноста на веледрогеријата „ЗЕГИН“, аптекарскиот бисер во Македонија. Компанијата која има околу 150 аптеки и околу 1700 вработени, кои со најевтините лекови им служат за добро-то здравје на народот. Исто така, сместени се материјали за иднината на „ЗЕГИН“, особено со проширување на бизнисот и во лозарството и во виното, како и во здравата храна, што претставува иднина на животот на современиот човек. .

Монографското делото е посветено на значајниот јубилеј на „ЗЕГИН“, на неговиот живот и дело, како и на благородното семејство Механџиски. Во делото се презентирани голем број текстови за бурната историја за веледрогеријата „ЗЕГИН“ и за бизнисменот Механџиски, како и документи, фотографии и други материјали со кои монографијата претставува приказ на неговиот живот и дело и историја за веледрогеријата „ЗЕГИН“.

Треба да се одбелеќи дека во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Благој Механџиски“   биле печатени 33 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со бизнисменот Атанасоски, но, за жал, од непознати причини монографијата не е отпечатена/

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.