Среда, 01 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
ФОРМИРАЊЕ И АКТИВНОСТИ НА ФОМДАЦИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ (8)

1gj2

Господинот Џорџ Атанасоски е еден од најуспешните македонски бизнисмени во САД и во светот, за што е добитник на бројни награди, меѓу кои и на највисокото американско општествено признание „Елис ајленд“. Тој е личност за почит и пример на кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Нему му припаѓа заслуженото високо место во хиерарсиската пирамида на луѓето кои имаат големи заслуги во иселеничката македонска сага и во градењето пријателски и бизнис-мостови меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави. 

Фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ е насочена кон зачувување на уставното име на Република Македонија, уна-предување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух и друго.  Исто така, бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е голем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци.

Меѓутоа, овој пат ќе пишуваме за неговата Фонда-ција  „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“. Имено,  на 7 октомври 2015 година, во големата сала на хотелот „Александар Палас“ во Скопје е формирана Фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“. Чинот на формирањето се извршил пред голем број присутни, поддржувачи на овој познат македонски иселеник од Флорида, од Соединетите Американски Држави, бројни гости од цела Република Македонија, од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија, од Општината Пустец и други места од Мала Преспа и Албанија, од Гора, претставници од општествено­-политичкиот живот, од дипломатскиот кор, претставници на Македонската православна црква, од Македонската право-славна црква „Света Злата Мегленска“ од Соботско, како и претставници на бројни хуманитарни и други организации од Прилеп и Скопје.

На свеченото основање на присутните им се обратил ди-ректорот на Фондацијата, Николас Атанасоски, роден Амери-канец а горд Македонец, син на Џорџ Атанасоски. Тој, меѓу другото, истакнал дека Фондацијата „Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски“ ќе ги унапреди сите досегашни хуманитарнии донаторски активности во Македонија и регионот. Исто така, Фондацијата ќе биде посветена на промовирање на македонската култура и традиција, ќе иницира широк спектар на програми кои ќе ги опфатат сите Македонци од етничка Македонија, а ќе се грижи и за богатото македонско културно и духовно наследство.

Во своето излагање основачот на Фондацијата Ѓорѓија-­ Џорџ Атанасоски истакнал дека владеењето на правото, почитувањето на човековите слободи и права, економскиот развој, толеранцијата за различностите, се столбови на кои треба и мора да опстојува модерната македонска република.

За таа цел Ѓорѓија–Џорџ Атанасоски ја основал Фондацијата преку која ќе се промовира македонската култура и традиција преку поддржување на образованието, медиумите, јавното здравство, човековите права и правата на жените, спортот, на социјалните, правните и економските реформи.

Исто така, Атанасоски истакнал дека активностите на Фондацијата ќе бидат насочени кон зачувување на уставното име на Република Македонија, унапредување и заштита на македонскиот национален идентитет, стипендирање најдобри ученици, студенти, поттикнување на спортскиот дух, развивање и реализација на едукативни програми, поддршка на мали бизниси, издавање публикации, организирање дебати и трибини за македонското културно творештво, развивање на етничка толеранција, промовирање на социјални проекти од интерес на заедницата, реставрирање на стари градби, финансирање на археолошки истражувања и друго.

Во делот на промоцијата на второто издание на монографијата „Ѓорѓија–Џорџ  Атанасоски, авторот на овие редови, Славе Катин, меѓу другото, истакнал дека делото е изблик на силната љубов на патриотот и големиот бизнисмен Атанасоски кон родната земја – Македонија, која, во исто време, претставува и гордост и радост и тага и сон и јаве за Маке-донците во дијаспората. Монографијата е свидетелство на неговото духовно и национално живеењена, на убавиот збор и откривањето на животот и постигнувањата на овој доблесен патриот.

Второто издание на оваа двојазична монографија (на маке-донски и на англиски јазик) која содржи 500 колорни страници, претставува еден вид огледало за ликот и делото на Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Со монографијата се овековечува овој познат и признат Македонец, за кого со право се вели дека нему му припаѓа заслуженото високо место во градењето пријателски и бизнис-мостови меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Познатиот македонски бизнисмен Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски е уште голем хуманист, донатор и мецена на многу важни наци-онални и културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци, дава стручна, економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко. Меѓу другите заслужуваат внимание следната донација:

Споменикот на Александар III Македонски Велики во Прилеп е израз на силната љубов и почит кон Античка Македонија и кон древните корени на бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Имено, на 30 јуни (жетвар) 2006 година во Прилеп го потврдил тоа и го одбележал со поставувањето на споменикот на Александар III Македонски. Имено, тој го финансирал создавањето на бистата, дело на Жарко Башески, со цел да му се оддаде должната почит на најголемиот Македонец, кој славата на својата земја ја пренел низ целиот свет. Дотогаш Република Македонија била една од ретките земји каде што немало никакво обележје за Александар. Затоа, таквото монументално дело станало македонски препознатлив знак за народот кој некогаш големиот Александар го водел во походи со цел да ги обедини народите.

Треба да се одбелеќи дека во порталите „Македонска нација“ и „Македонско сонце“ од Скопје, од монографијата „Ѓоргија-Џорџ Атанасоски“   биле печатени 70 продолженија од ова дело, што значеше запознавање со бизнисменот Атанасоски.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.