Среда, 01 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
СЛОБОДАРСКИОТ ДУХ ВО БИТОЛА - ГРАДОТ НА МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА (6)

1gr1

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“ ОД АВТОРИТЕ СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ - КАТИН И ЃОРЃИ ЛУМБУРОВСКИ

На 14.11.1944 година, во Битола била изведена првата театарска претстава на македонски јазик во Републикава, а тоа го означило отпочнувањето со работа на Народниот театар. Во изминативе неколку децении на слободен и творечки развој, Театарато се вброил меѓу најдобрите во тогашна Југославија, освојувајќи нисоки признанија.

Извесни настојувања во областа на науката во Битла се евидентни и пред ослободувањето, меѓутоа, вистински резултати во оваа смисла се постигнати по ослободувањето. Со основањето на ДНУ во 1959 година, со покренувањето на неговото гласило ,,Прилози”, со формирањето на издавачката дејност ,,Развиток” се создале услови за широк замав на науката, литературата, уметноста и на културата воопшто. Сега во Битола актовно работат повеќе стотоци научни работници, писатели, уметници и слично.

Филмската дејност во Битола има значајна традиција. Имено, браќата Манаки се првите сниматели на Балканот. Почнувајќи од 1979 година во Битола се воспоставил Филмкиот фестивал што претставува значаен прозорец во светот.

Во Битола работат и други институции, дејности и асоцијалции од областа на културата: Матична библиотека, Завод за заштита на спомениците на културата и природните реткости, Музеј кој располага со бројни и значајни движни и недвижни споменици на културата, Историски архив со богат фонд на документи од сите периоди и од сите домени на животот, Зооградина и друго.

Развиен е аматерскиот живот чии најуспешни претставници се: Републичкиот фестивал на народни и гри и песни ,,Илинденски денови” кој повеќе децении успешно ја развива својата дејност, а КУД ,,Стив Наумов” и ,,Илинден” се вбројуваат меѓу најуспешните во нашата земја. Исто така, постои и Спомен-домот на културата наменет за одвивање на културно-забавниот живот, а се посветува соодветно внимание и грижа за развојот и на физичката култура на битолското подрачје. Затоа, со своите илјадници вработени во општествениот сектор, Битола во периодот по ослободувањето се вбројува меѓу современите, модерни и развиени центри во Република Македонија, во кој се наоѓаат следните значајни историски знаменитости:           

Сааткулата. Не е познато кога битолската Саат Кула е изградена. Пишуваните извори од ЏВИ век споменуваат една саат кула, но не е јасно дали станува збор за истата. Некои веруваат дека Саат кулата е изградена во периодот на турското владеење, во 1830 година, кога била изградена и црквата Св. Димитриј. Легендата вели дека турските власти собрале околу 60.000 јајца од селските домаќинства од Битолско и ги измешале истите во материјалот за врзување на камените блокови за ѕидовите да бидат многу поцврсти.

Инаку Саат кулата има правоаголна основа и е  висока 30-тина метри. Во близина на врвот, има една правоаголна тераса со железна ограда. На секоја страна од оградата има железна козолна конструкција на која има светилки кои го осветлуваат часовникот. Првобитниот, оригинален часовник бил заменет во текот на Втората светска војна со часовник бил даден од страна на нацистите, бидејќи во градот имало германски гробишта од Првата светска војна.

1gr12

Црквата Свети Димитрија

Црквата Свети Димитрија е изградена во 1830 година од доборволни прилози на локалните трговци и занаетчии. Таа е едноствна однадвор, како што сите црвки во Отоманското Царство требало да бидат, но со ретко импресивна внатрешност, раскошно украсена со канделабри, изрезбарен олтар И изгравиран ицоностас. Според некои теории, иконостато е дело на Миајчките копаничари. Нејзина најимпресивна својство е сводот над страничните галерии со моделирани фигури на Исус и на апостолате.

Јени џамија (Нова џамија) се наоѓа во централниот дел на градот. Таа има четвороаголна основа, врз која има купола. Во близина на џамијата има И минарет кое е високо 40 метри. Денес, во неа се наоѓа уметничка галија во која се одржуваат постојани и повремени изложби. Неодамнешните археолошки исикопување открија дека таа е изградена врз стара црква. 

Исакџамијата е наследство од познатиот кадија Исак Челеби. Во својот простран двор има неколку гробници, атратквити поради нежните, измоделирани фигури на саркофазите.     

СтаратаЧаршија се споменува во оисот на градот од XVI и XVII век. Денешниот безистен не се разликува многу по својот изглед од првобитниот. Безистенот има 86 продавници И 4 големи желзни порти. Во продавниците обично се продавало текстил, но денес се продаваат и прехранбени продукти. 

Дебој имамоте турска бања. Не се знае кога била изградена. Во голем степен била разрушена, но по поправките го задржала својот првобитен излгед: прекрасна фасада, две големи куполи и неколку помали.   Посебно место во севкупнот живот на Биола им припаѓа на: Хераклеја Линкестис, Музичкото училиште, Библиотеката ,,Св. К. Охридски”, Тумбе Кафе, реката Драгор, Велушка Тумба, Бара Тумба, Аеродромот ,,Логоварди” и Широкиот Сокак.

Битола е главен економски индустриски ценар во југозападниот дел на Република Македонија. Голем број од најголемите компаниии во Републикава се наоѓаат во Битола. Пелагонскитот земјоделски комбинат е најголем производител на храна во државата. Водниот систем ,,Стрежево”, е најголем во Република Македонија и има најдобри технолошки единици и можности. Трите термоелектрани на РЕК Битола произведуваат речиси 80% од струјата во земјата. Фабриката за фрижидери ,,Фринко” беше водечка компанија за електрични апарати. Битола, исто така, има значајни капацитети во текстилната и прехранбената индустрија.

Битола е домаќин и на десет почесни конзулати и тоа на: Бугарија, Хрватска, Франција, Велика Британија, Грција, Русија, Словенија, Турција, Романија и Србија чиј почесен конзул е Силјан Мицевски-Циле. 

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ     КАТИН

 

На прво место

News image

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ

Поразите и понижувањата се секојдневие со власта на СДСМ. СДСМ потпиша договор со Бугарија во 2017...

Историја

News image

По список составен од Лазар Колишевски

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Маке...

Иселеници

News image

КОЈ БЕШЕ БЛЕР СКОТЛАНД – СОПРУГОТ НА ДАНАСКЕНДОВА? (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЕЌАВАЊА“ НА ДАНА СКЕНДОВА – ...

Култура и туризам

News image

ДЕЛОТО РАСКАЗИ „ЈАНА“ НА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ – СВЕДОШТВО ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА

Делото раскази „Јана“ на познатиот  публицист, раскажувач, писател, голем вљубеник во својата...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ II (11)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.