Среда, 08 Декември 2021    PDF Печати Е-пошта
ДОНАТОРСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИК ПЕТАР СТАМАТОВ (9)

1on1

ИСЕЛЕНИЧКАТА ФОНДАЦИЈА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ НА УКИМ

Делото „Петар Стаматов“ чиј автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов проф.Методија Трајковски е едно од значајните изданија на Универзитет „Св. Кирил и Методој“ (УКИМ), отпечатено во 2010 година на 192 страници, на македонски и на англиски јазик.Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петара Стаматов и неговата сопруга Јажа.

Инаку, Универзитет „Св. Кирил и Методој“ е најстар и најголем универзитет на македонски јазик со седиште во Скопје. Формиран е на 24 април 1949 година со три факултети, а денес претставува заедница на 24 факултети, 9 научни институти (5 составни и 4 кои соработуваат со универзитетот) и 6 други институции. За прв ректор е избран Кирил Миљовски, а сегашен ректор е Никола Јанкуловски.


Во врска со мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” се вели дека тој е
автономен, научен, високо­образовен универзи­тет, кој обез­­­­бе­­­дува наставна, научна и апликативна дејност во природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравството, биотехничките, општествените и хуманистичките науки и во уметностите. Универзитет е посветен на негувањето и на интерна­ционалната афирма­ција на традиционалните обележја и вредности на маке­дон­скиот народ (македонскиот јазик, историјата, литера­ту­ра­та и култура­та) и, истовремено, на негувањето на култур­ните вредности на другите етнички заедници во државата.

Универзитетот е отворен за сите студенти врз основа на ед­нак­вост и резултати, без разлика на нивното идео­лошко, политич­ко, етничко, културно и социјално потекло. Затоа, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејству­вање.

Во моногравското издание „Петар Стаматов“ од авторите Славе Николовски-Катин и проф.Методија Трајковски е претставен Петар Стаматов, кој е доблесен донатор по потекло од селото Смилево, кој ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини.  Преку неговата судбина се открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори, како и судбината и вистина на македонските иселеници во Соединетите Американски држави.

1on12

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје

Исто така, во монографија е посветено посебно место на Петар Стаматов за Македонската православна црква. Имено, Македонците во прекуокеанските земји, особено во САД, во изминатиот период биле тесно поврзани со традициите. Затоа, тие често се задомувале во порано формираните македонски етнички населби. Македонските доселеници постигнуваат забележителни резултати во областа на културата, образованието и социјалниот живот воопшто.

Нивните постигнувања на економски, образовен и културен план, во голема мера, придонесувале тие да не бидат третирани како граѓани од втор ред, туку како интегрален и важен дел во новата средина, познати и признати од домашниот фактор и од другите етнички групи. Голем број деловни луѓе со  македонско потекло, во САД постигнале евидентни резултати. Ваквиот напредок, пред се’, придонесува за нивна општествена афирмација и подобра положба во новата земја, а другите народи кон нив се однесуваат како кон посебна етничка заедница, рамноправна со другите етнички групации во многунацио­налните општества во САД.

Свој придонес на овој план има Македонската православна црква која игра значајна улога во собирањето на Македонците, како во државата така и во светот. Тоа е особено изразено по обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. Македонската православна црква направи силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји - САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија (поранешни западноевропските земји).

Според најновите податоци, Македонската православна црква има над 2000 религиозни објекти само во Република Македонија: цркви, манастири, параклиси, капели, теолошко образовни институции, библиотеки и други административни згради, а повеќе од 70 цркви и манастири се изградени во САД, Канада,  Австралија и во Европската Унија.

Во најголемиот број црковни општини се организирани посебни неделни училишта каде што се учи мајчиниот македонски јазик, национална историја, географија и верска поука. Исто така, во црковните општини е развиен систем на секции, како на пример: литературна, фолклорна, спортска, готварска и др. Се печатат голем број весници, списанија, билтени и други публикации, а се емитуваат телевизиски и радиопрограми кои играат непроценлива улога во збогатувањето на сите активности на македонските емигранти. 

Во Гери, каде Петар Стаматов пристигнал за првпат, се запалила искрата за основање на самостојна македонска црковна општина. Таму, непосредно пред прогласувањето на автокефалноста на МПЦ, пристигнал битолскиот свештеник Спиро Танасковски, чии корени биле од Смилево и бил далечен роднина на Петар Стаматов. Тој, заедно со група македонски ентузијасти, патриоти и верници, го формирале првиот македонски православен храм под јурисдикција на МПЦ во Република Македонија, црквата “Св. Петар и Павле” во Гери.

Црковниот живот во Гери започнал во 1960 година, кога Македонците зеле под наем една Сириска православна црква, каде свештеникот Спиро Танасковски првпат извршил богослужба на македонски јазик. Тоа траело така се’ додека не била изградена првата Македонска православна  црква во САД, т.е. во Гери, црквата “Св. Петар и Павле”.

Осветувањето на оваа црква било извршено во јуни 1963 година од архиепископот на МПЦ, Неговото блаженство г.г. Доситеј. Тоа беше прво осветување на македонска православна црква  на северноамериканскиот континент, извршено од македонски владика. Со тоа биле поттикнати и другите Македонци во САД и во Канада  да градат македонски храмови.

Така, во Чикаго, каде донаторот Петар Стаматов го помина поголемиот дел од свот аџилак во САД, е изградена Македонската православна црква “Св. Кирил и Методиј”, прва во државата Илиноис.

Под влијание на црковното и културно живеење на Македонците од блиската колонија во Гери, Индијана, организираното собирање во македонската колонија во Чикаго и околните места, почнало уште со доселувањето на тие простори во периодот меѓу двете светски војни на минатиот век. Меѓутоа, еден од најзначајните датуми за оваа македонска општина е, секако, 21 мај 1976 година, кога се покренала акција за изградба на македонски духовно-културен дом што ќе им служи на интересите на македонските доселеници од сите делови на Македонија,

1on13

Црквата „Свети Петар и Павле“ во Краунт Поинт, Индијана

Во тој период, со Одлука на Светиот архијерејски синод “Св. Кирил и Методиј” била примена под канонска јурисдикција на МПЦ. Потоа, во 1978 година, во потесното градско подрачје на Чикаго, управата купила зграда на една лутеранска црква, што ја преуредила и приспособила за вршење православни богослужби. Една година подоцна, за време на Велигденските празници, било извршено мало осветување, а на 3 август 1981 година црквата била осветена во присуство на неколку стотици македонски доселеници и претставници на градските власти,

Меѓутоа, со зголемувањето на колонијата, управата купила место од неколку хектари во Бервим, предградие на југозападната страна на Чикаго, каде што е изградена нова црква и дом. Местото било купено во 1985 година, а новиот храм, чии темели биле поставени на 24 јули 1988 година е изграден од тврд материјал и претставува убав христијански, македонски центар. Во состав на црквата е изградена голема сала и други простории во кои се организирале голем број манифестации.

Црквата “Св. Кирил и Методиј” била осветена на 30 август 1992 година од полошко-кумановскиот митрополит Кирил. Во состав на црквата работи женска секција,  фудбалскиот тим “Македонија, КУД “Гоце Делчев”,  едно од најдобрите и најуспешни македонски играорни групи во САД.

Во оваа пригода, треба да се нагласи дека донаторот Петар Стаматов, и покрај неговите прогресивни убедувања, тој имал позитивен став кон Македонската православна црква како институција. Како и голем број Македонци од Чикаго, така и Петар Стаматов бил помагач на црквта “Св. Кирил и Методиј” во Чикаго. За него црквата не била само духовен храм, туку и национален, културен, образовен и се’македонски дом за сите кои биле приврзани кон Република Македонија и кон македонската кауза.

Исто така, донаторот Петара Стаматов бил помагач при изградбата на болница во Република Македонија. Имено, во фев­руари 1946 година, на еден свечен банкет во Њујорк, Болничкиот иницијативен комитет на Македонците од САД, во неговата голема желба да му помогне на својот народ и на новата македонска држава, покренал иницијатива за изградба на бол­ница во Скопје.

Потоа, во летото 1946 година се одржала конференција од прет­ставници на македонските организации од САД и Канада, како и делегати од повеќе македонски друштва, селски и црковно-спомагателни братства. Бил избран Национален комитет за изградба и екипирање на една модерна болница во главниот град на тогашна Народна Република Македонија, Скопје. Со средствата на македонските доселеници од САД, Канада и Австралија бил изграден и опремен болничкиот комплекс во рамките на Државната болница во Скопје и на 8 јули 1958 година бил свечено пуштен во употреба.

Продолжува

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Водици или Богојавление

Именден празнуваат: Богдан, (значи даден од Бога) Богдана, Бојан, Богомил (значи мил на Бога) , Јо...

Иселеници

News image

„НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДОСТИГНУВАЊЕ ЗА 2022 ГОДИНА“ НА ОМД ОД ВАШИНГТОН ЗА СЛАВЕ КАТИН

На предлог на претседателот на организацијата „Обединета...

Култура и туризам

News image

ПОЕТСКИ МОЗАИК од поетесата Гордана Димовска како мост за спојување на далечините просторни и бележење на времињата

Поетесата Гордана Димовска својата видлива линија на заинтересирано премостување на далечните прос...

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојн...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.