Среда, 11 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
ВО ЧЕСТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ И ПОЧЕТОКОТ НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ВО РИМ (8)

131sl1

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Во 1994 годна се навршија 50 годни самостоен слободен просветен и културен живот и растеж во Република Македонија. На 2-то заседание на АВНОЈ од 29 ноември 1943 година на македонскиот народ во Републиката му се признати правата за нациoнална слобода. На 2 август 1944 година, АСНОМ, на своето прво заседание во манастирот Св. Прохор Пчински прогласи дека македонскиот народ влегува како национално слободен и рамноправен член во рамките на Федеративна Југославија врз принципите поставени на Второто заседание на АВНОЈ.

Конституирањето на македонската држава, нација, јазик и организираниот црковен живот, неминовно значеше асоцијативно и суштинско поврзување со Кирило - методиевската традиција, со создавачите на старословенскиот јазик, во чија основа влегоа говорите на македонските Словени од околината на Солун. Врз база на овој македонски дијалект беше изграден литературниот старословенски јазик.

Во мај 1994 година, македонската културна и научна јав­ност беа соочени со еден настан кој го сврте нивното внимание, пре­дизвикан од најновото дело на Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин посветено на Со­лун­ските браќа, под наслов „Во чест на Светите Кирил и Методиј“. Тоа е издание на „Матица македонска“ од Скопје, на 212 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се Архиепископот г.г. Михаил и проф. д-р Радмила Угри­нова - Скаловска

Кирило - методиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени и во Македонија. Вредните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелите на Охридската книжевна школа. Оттогаш, низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година.

Во ова издание ќе бидат одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на св. Кирил“ и поколенијата на светиот гроб на св. Кирил во Рим, во период од 25 години (1969-1994).

Како резултат на значењето и популарноста на делото „Во чест на Светите Кирил и Методиј“, во порталот „Македонска нација од Скопје се отпечатени 21 продолжение, од 09 ноември 1916 година до 5 април 2017 година. кои предизвикаа голем интерест кај читателската публика, особено оние кои се заинтересирани на црковно-духовното живее во Македонија. Така, во тој период, македонската културна и научна јав­ност беа соочени со еден настан кој го сврте нивното внимание, пре­дизвикан од најновото дело на Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин посветено на Со­лун­ските браќа, под наслов „Во чест на Светите Кирил и Методиј“.

Сушти­ната на ова возбудливо дело најдобро ја изразува уводникот на архие­пи­скопот Охридски и Македонски г.г. Михаил, кој потсетува на често ци­ти­раните мудри мисли на светите браќа изречени во Венеција во бор­бата со тријазичниците, на кои никако не им одговарала идејата за рамно­правност на Божјите народи.

На промоцијата на ова убаво технички обликувано издание, која се одржа во НУБ „Св. Климент Охридски“, говореа проф. д-р Радмила Угри­нова - Скаловска и архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил рече.  „Оваа книга зазема посебно место меѓу трудовите посветени на Кирилометодиевото дело. Содржи хронолошки приказ на сите црковни чествувања и манифестации посветени на делото на светите браќа во периодот од 1969 до 1994 година, што ги организирале и во кои учес­т­вувала Република Македонија во Рим“. истакна во своето излагање проф. Скаловска.

Поглаварот на  Македонската православна црква г.г. Михаил под­влече: „Секој приод кон светлите средновековни традиции од нашата културна историја е значаен, а навраќањата кон врвиците на све­тителите и просветителите се добродојдени во оваа наша мала, но истрајна средина, со цел нивното дело да го доближат до нашиот човек. Браќата претставуваа благородно свртување кон <светилниците на все­лената>, како што ги нарекол светите браќа охридскиот архиепископ Теофилакт. Објавувањето на монографијата ќе предизвика интерес и кај младите и кај постарите наши современици и кај обичните граѓани - вер­ници, бидејќи ги содржи обединети и световните и верските чест­ву­вања на светите браќа Кирил и Методиј“, истакна архиепископот Ох­рид­ски и Македонски г.г. Михаил.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти

Денес сабота и утре недела 3 и 4 како и 10 и 11 Декември од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-...

Историја

News image

Скокам од радост кога ја гледам вашата љубов спрема нашиот мајчин јазик

Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо и со голема радост разбрав за Вашите благородни ...

Иселеници

News image

ДОАЃАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (31)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

Охридска книжевна школа

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во 886 годи...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ВО САД (27)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.