Култура и туризам

ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО СВЕТОТ (1945-1992) (6)

1sl908

1sl908

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата “Македонскиот иселенички печат“, чиј издавач е НИО „Студентски збор“, од Скопје во 1993 година, на  254 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се д-р Боро Мокров и д-р Весна Шопар, додека издавач е „Студентски збор“ од Скопје на чело со почитуваниот директор и учител во новинарството, Насте Стојкоски. Во ова дело авторот Славе Николовски-Катин има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот кај македонското иселеништво во Австралија, Канада, САД и Европа (Европската Унија).

За нејзиното подготвување Славе Катин користел многу извори (публикации, научни трудови, извештаи, разговори и други архивски податоци), но и сопствениот фонд со кој располага за оваа сфера, врз основа на неговите долгогодишни истражувања. Оваа дело има за цел да ја збогати новинарската историографија, која во последните неколку децении е широко развиена кај Македонците во светот.

Инаку, весниците на македонските иселеници ширум светот во голем број случи го носат името “Македонија”, кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, додека одреден број гласила носат името на историски настан или личности од старата татковина. Така, под името “Македонија” во Австралија, Канада, САД и Европа има 40 гласила чии содржини вклучуваат културни и историски настани, настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно, тоа се гледа како еден начин на поддршка на Македонија.

Славе Катин е свесен дека печатот во дијаспората е оној интегративен фактор кој на нашите иселеници им овозможува не само да ги афирмираат своите активности по­вр­зани со националната припадност и културата, туку и да ги следат и бидат во тек со најбитните настани и случувања во нивната матична држава.

Рецензентот проф д-р Боро Мокров напиша дека публикацијата “Македонскиот иселенички печат “ од Славе Николовски – Катин е прв обид за дело од ваков вид во Македонија и има за цел да пополни голема празнина во историска анализа на печатот на македонските иселеници во Австралија, Канада, САД и европските земји. Оваа публикација, се надеваме, ќе ја збогати литературата за оваа област, која во последните неколку децении е широко развиена кај Македонците во целиот свет.

 Во земјите Австралија, Северна Америка (САД и Канада) и Европа, за период од 45 години, печатот е опфатен со околу 150 печатени гласила и преку 40 радио и ТВ часови. Тој број денес е намален на околу дваесеттина активни гласила и трие­сеттина радио и ТВ часови. Се работи за изданија (гласила) на одделни друштва, поединци или цркви кои се пласираат и пошироко од седиштето на нивното појавување.

За одбележување е дека за книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин се напишани повеќе текстови, меѓу кои, ќе го споменеме текстот „Вистината за македонскиот иселенички печат“ на проф. д-р Томе Груевски кој беше професот на Факултетот за новинарство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во текстот напиша: Делото “Македонскиот иселенички печат” е резултат на долгогодишна истражувачка работа на Славе Катин во областа на печатот и новинарството и достигнувањата во таа област на иселениците во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и САД, како и во голем број европски земји.

Публикацијата е подготвена со цел да пополни празнина во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија од 1992 година, времето кога Република Македонија стана самостојна суверена и независна држава.“, напиша д-р Томе Груевски.

Инаку, појавата на македонскиот иселенички печат во дијаспората е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија. Македонците на петтиот континент секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја.

Во таа насока се и настојувањата на авторот да ги претстави хронолошки по години информативните гласила пред читателите, да ја прикаже љубота на Македонците кон пишаниот збор, вистината на информирањето, постигнатите резултати на полето на новинарството и публицистиката и со еден аналитички пристап да се претстави историскиот развој на новинарската дејност кај Македонците во светот.

Оваа публикација не претендира на исцрпност, туку, напротив таа само ги поткрепува наводите и констатациите изречени при третирањето на одделни прашања за значењето на книгата за развојниот пат на македонскиот иселанички печат и новинарството надвор од Македонија. Затоа секоја добронамерна сугестија на читателите посебно ќе биде корисна во дополнувањето на нејзината содржина.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Најново од: Култура и туризам

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

Света великомаченичка Злата Мегленска

Непоколеблива вера и духовна сила пред насилството На 26 октомври, односно на 13 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го чествува споменот на света великомаченичка Злата Мегленска. Нејзиниот живот и маченичкото страдање остануваат силно сведоштво за верноста кон Христа и за достоинството што не се покорува пред насилството. Според нејзиното житие, […]

„Што заборави Европа“ – сведоштвото на Мито Алексовски Клавчов повторно пред читателите

Виктор Бивел Книгата „Што заборави Европа: Борбата на Егејските Македонци“, чиј автор е Мито Алексовски Клавчов, денес е достапна како бесплатна е-книга. Со тоа, сведоштвото на еден прогонет Македонец повторно се отвора пред читателите и пред јавноста до која било упатено: Европа што зборува за еднаквост, слобода и достоинство. Мито Алексовски Клавчов бил долгогодишен претседател […]

Архиепископот Доситеј – првиот поглавар и возобновител на Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Од духовните средишта во Преспа и Охрид до возобновувањето на древната архиепископија, македонската црковна историја сведочи за истрајноста на верата и за стремежот кон сопствен духовен дом. Во таа вековна приказна, архиепископот Доситеј зазема исклучително место. Историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е длабоко поврзана со духовното и културното наследство на Македонија. Во […]

Пожаране – селото на „Благуно дејче“, вековните преданија и духовните светилишта

Пожаране е село во областа Горни Полог, во Општина Врапчиште, сместено на источните падини на Шар Планина. Со својата вековна историја, богато духовно наследство и име опеано во македонската народна песна, тоа живее во паметењето на многу поколенија. Иако иселувањето испразнило многу од неговите домови, песната „Благуно дејче, пожаранче“ и селските храмови остануваат силна врска […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

To top