Среда, 24 Февруари 2021    Печати
ПОРАДИ БОЛЕСТ НА ПАПАТА ЈОВАН II ДВАЕСЕТ И ШЕСТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ОДРЖАНО ВО СКРОМНИ РАМКИ (45)

1020

ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1994 ГОДИНА

Светите рамноапостоли Кирил и Методиј Солунски , какоистински столбови на христијанската култура во Европа,собено го задолжија македонскиот, но и сите словенски народи, чии историски патишта значајно беа одбележани оддел светите браќа. Секогаш кога станува збор за нив, мора да сенагласи дека нивниот суштински придонес треба да го гледаме најмалкуво два подеднакво важни контекста.

Од една страна, создавањето на писмото и раѓањето на првите преводи на библиски и богослужбени текстови на разбирлив словенски јазик, што денес претставува фундамент на целата словенска култура, писменост и образование. Од друга страна, автентичниот подвижнички и спасоносен живот во Бога на светите Кирил и Методиј и нивните најблиски ученици, нешто на кое науката не обрнува доволно внимание, а кое, сепак , низ вековите го одредува карактеристичниот образец на македонскиот светител.

Имајќи предвид дека за византолозите и археолозите гробот на свети Методиј се уште претставува своевидна загатка , во последните децении на дваесеттиот век гробот на свети Кирил во базиликата на свети Климент Римски во Рим разбирливо предизвикува постојан интерес и во пошироките кругови на современото македонско општество и помеѓу архијереите, свештенослужителите и верните чеда на Македонската православна црква.

Секоја година на 24 мај, државно-црковна делегација од Македонија патува на поклонение на гробот на свети Кирил , каде што на достоен начин се чествува споменот на светителот и неговото дело.

Така, и во последниве десетина години овие чествувања веќе традиционално се продолжуваат . Еве и прилика да се запознаеме како проследија и тие средби во последнава деценија.

1021Свети Кирил и Методиј 

Во 1994 година во Рим престојуваа Македонската државна и културна елегација и делегацијата на МПЦ, Македонската филхармонија хорот на КУД „Стив Наумов" од Битола. По повод чествувањето на празникот на сесловенските просветители, солунските браќа свети Кирил и Методиј, делегацијата на Македонската православна црква, предводена од Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Михаил, придружуван од митрополитите: Полошко-кумановски Кирил и Брегалнички Стефан и протоѓаконот д-р Јоаким Хербут, во периодот од 22 до 26 мај 1994 година престојуваше во Рим.

Како по традиција, цел на патувањето беше поклонување пред моштите на свети Кирил Солунски и отслужување на Молебен пред гробот на сесловенскиот просветител , како и посети и средби на официјални личности во Ватикан и Рим .

По овој повод предавањето на д-р Љубинка Босотова, професор на Филозофскиот факултет во Скопје , со наслов „Дејноста на светите браќа и односот на Светата столица" се одржа во папскиот институт „Августиниарум". Концертот на Македонската филхармонија се одржа во просториите на концертната сала на Итал ијанската државна телевизија РАИ. Концертот во црквата „Сан Бартоломео" во островот на Тибар, го одржа хорот на КУД „Стив Наумов" од Битола.

Чинот на Молебенот на гробот на св. Кирил Солунски (24 мај) во катедралата „Сан Клементе" се одржа со почеток од 11 часот. На Молебенот учествуваа сите членови на црковната делегација, на државната делегација на чело со премиерот на македонската влада, г-дин Бранко Црвенковски, кој положи венец на гробот, министерот за култура, г-дин Ѓунер Исмаил, членовите на Македонската филхармонија, претставници на Ватикан, Македонци присутни во Рим, како и други пријатели и почитувачи на МПЦ и свети Кирил Солунски.

Пееја: хорот од „Русикум", под диригенство на проф. Пихлер и хорот на КУД „Стив Наумов", кој ги исполни композициите „Величанија за Светите браќа" и „Тебе Бога хвалим", со што се зголеми свеченоста во чест на свети Кирил. Оваа година манифестацијата привлече бројни посетители.

Истиот ден на 24 мај, во Државниот секретаријат на Ватикан бевме примени од потсекретарот монсињор Клаудио Чели, апостолскиот нунциј кардиналот Трикарико и монсињор Мишел Парисе. Приемот помина во пријатна и срдечна атмосфера. Домаќините се интересираа за ситуацијата на МПЦ и македонската држава во новите состојби на Балканат. Неговото Блаженство ги запозна претставниците на Ватикан со историјата и животот на нашата Црква, за нејзиното минато и сегашност. Посебно ги нагласи односите со соседните држави и цркви, кои кон Македонија и Македонската црква не се изменети и до ден-денес.

1022Ватикан

На 25 мај, беше посетен Советот за единство на христијаните, со мон. Елефтерио Фортино, монсињор Дубаскве Бернард и монсињор Степан Смит.

За време на престојот, делегацијата на МПЦ посети и други видни личности од Ватикан , меѓу кои Архиепископот д-р Алојз Вабнер, постојан претставник на Ватикан во мисијата на Обединетите нации и со кардиналот Роже Ечегерај , претседател на Папскиот совет за правда и мир. Беше посетена хуманитарната заедница „Свети Егидиј", која прифаќа незгрижени и сиромашни луѓе и за нив обезбедува храна, организира курсеви за изучување на италијанскиот јазик и им помага на странци кои се нашле во Рим.

Истиот ден, на 25 мај , Делегацијата присуствуваше и на вечерната молитва во црквата Свети Филип Нери, каде што беа собрани млади верници од сите римски парохии, а ги поздрави и проповедаше Неговото Блаженство Михаил. Во чест на делегацијата, домаќините приредија вечера.

Делегацијата на МПЦ за време на престојот во Рим ги посети и папските институции „Свети Беда", каде што е примен и нашиот постдипломец Зоран Копчаровски, и тоа на денот кога прославува патронен празник и хрватскиот завод „Свети Јероним ", каде што беше приреден

и ручек. Посетата беше успешна и прифатена од римската и ватиканската јавност. Неговата Светост папата Јован Павле II оваа година не ги прими делегациите од Р. Македонија бидејќи беше во болница.

Од издавачката дејност:

Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова, Македонски вознес, МПЦ „Свети Климент Охридски“, Торонто, 1994, 1-232 (на македонски и англиски).

Славе Николовски – Катин, An English-Macedonian Bio-technical Dictionary Англиско-македонски биотехнички речник, „Македонска искра“, Скопје, 1994, 1-192, (на англиски и македонски).

Продолжува

1slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН