Среда, 13 Јануари 2021    Печати
ВИСОКА МАКЕДОНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ - ДЕЛ I (39)

1vis1

ДВАЕСЕТ И ВТОРОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИО ГРАД РИМ ВО 1990 ГОДИНА

На годинешните Денови на културата во Италија" , кои се одржаапо повод чествувањето на свети Кирил, беше презентиран делод културното творештво на Македонија и пошироко. Оваазначајна манифестација се одржа во периодот од 21 до 26 мај,а на програмата на чествувањето беа застапени следните содржини: сеодржа молебен на гробот на свети Кирил во црквата „Свети Климент".

Потоа, проф. д-р Цветан Грозданов, декан на Филозофскиот факултет одржа предавање на тема: „Живописот на Охридската архиепископија од Х до ХI век меѓу Цариград и Рим", се одржа изложба на фотографииод манастирот Студеница, додека флејтистот Никола Атанасов, тромбонистотКирил Рибарски, во придружба на пијано од Милица Шперовиќ-Рибарски, како и Александар Ивановиќ, мецосопран, во придружбана пијано од Оливера Ѓурѓевиќ одржаа концерти кои со одушевувањебеа примени од публиката.

Овогодишната државна делегација од Македонија, а таа ја претставуваше и Југославија, ја предводеше Драгољуб Ставрев, член на Претседателството на СР Македонија, и проф. д-р Цветан Грозданов, декан на Филозофскиот факултет во Скопје, Александар Димитров од Републичкиот секретаријат за односи со странство беше секретар на делегацијата, а службен преведувач беше проф. Наум Китановски.

Црковната делегација, пак, ја предводеше митрополитот австралиски и администратор дебарско-кичевски г. Тимотеј, во придружба на ѓаконот Димитар Белчовски, професор на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски" од Скопје.

Во текот на чествувањето во Рим, државната делегација имаше средба во Ватикан со Анѓела Содана, секретар за односи со државите, како и со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Казароли. Во разговорот беа разменети мислења за културната и за меѓународната соработка меѓу Ватикан и Југославија, а во тие рамки и Македонија.

Делегацијата на Македонската православна црква и во оваа пригода, како што тоа го чини над дваесет години , во името на Македонската православна црква му оддаде достоинствена почит на сесловенскиот просветител свети Кирил, чија дејност остави неизбришливи траги во ширењето на културата и христијанството, не само меѓу словенските народи, туку и во светот воопшто.

1vis2

Во рамките на посетата, на 23 мај, црковната делегација, на аудиенцијата заедно со другите претставници, имаше средба со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Јован Павле II, во салата Павле VI во Ватикан. Притоа на папата му беше искажана благодарност во името на Македонската православна црква за разбирањето што го има Римокатоличката црква за Енцикличкото послание за светите браќа Кирил и Методиј, издадено во Ватикан на македонски јазик. Од својата страна папата ја искористи можноста да упати уште еднаш благопожелба до Македонската православна црква за успехот на нејзиното евангелско просветителско дело.

Во текот на престојот, црковната делегација имаше средба и во Понтификалниот совет за единство на христијаните, како и во повеќе образовни институции во Ватикан.

Главниот настан, што беше и основната причина за престојот на двете делегации, молебенот во чест на свети Кирил, беше отслужен на 24 мај во базиликата „Свети Климент Римски", каде се наоѓа и гробот на свети Кирил. Меѓутоа, поради смртен случај во семејството на митрополитот Тимотеј кој веднаш се врати во Македонија, ѓаконот ДимитарБелчовски беше овластен и задолжен да ја организира програмата до крај.

Така, молебенот се одржа во 12 часот, а богослужеа свештеници од дебарско-кичевската епархија кои беа на поклонение на гробот на свети Кирил, заедно со група верници од Македонија. На молебенот славата за свети Кирил што требаше да ја прочита митрополитот Тимотеј, ја презентираше членот на делегацијата ѓаконот Димитар Белчовски. Словото беше произнесено на македонски и на италијански јазик.

На молебенот по традиција пееше хорот од Понтификалниот колеџ „Русикум", во присуство на членовите на културната државна делегација, југословенските амбасадори, поклоници од Охрид, како и многубројни поканети гости. Исто така, по традиција шефот на делегацијата, годинешниот член на Претседателството на СР Македонија, г. Драгољуб Ставрев, заедно со југословенските амбасадори, положија венец и свежо цвеќе на гробот на свети Кирил.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонја г. Тодор Чаловски, пак, во текот на чествувањето на Амбасадата на СФРЈ при Светата столица и предаде Повелба за прогласување на Карел Војтила за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија, која веднаш му беше предадена на папата Јован Павле II.

1vis3Македонска резба

Ова признание на Друштвото на писателите му се доделува на папата со намера да се изрази почитта кон писателското и поетското дело на Карел Војтила и на неговата световна, екуменска и хумана дејност, иако е познато дека поглаварот на Римокатоличката црква, поради карактерот на својата положба, не може да биде член на каква и да е друга освен на световна организација.

На 12 август 1990 година во Скопје беше осветена Соборната црква „Свети Климент Охридски". Меѓу новите иконографски творби посебно се истакнуваа иконите на светите Кирил и Методиј и Климент и Наум Охридски, од македонскиот уметник Ѓорѓи Даневски.

Во олтарот е вградена следната Повелба:

П О В Е Л Б А

Ние, архиепископ Охридски и Македонски Гаврил, поглавар на самостојната Македонска православна црква, на 12 (30. 7.) 08. 1990 година - недела - ден посветен на светите апостоли Сила и Силуан, го осветивме соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква, посветен на свети Климент Охридски Чудотворец. Осветувањето го извршивме со сослужение со архијереите на Македонската православна црква и многумина свештенослужители, а при многубројно присуство верници на Македонската православна црква од татковината и од прекуокеанските земји и Западна Европа. 

Осветувањето се изврши во годината кога го одбележуваме 75 годишниот јубилеј од загинувањето на „Пиринскиот цар" Јане Сандански и 85 годишниот јубилеј од трагичната смрт на првиот претседател на Крушевската Република Никола Карев, како и 50 годишнината од смртта на борецот за црковна и национална самобитност на македонскиот народ Димитрија Чуповски.

Архиепископ Охридски и Македонски

Гаврил

И митрополити

Кирил, с.р.

Горазд, с.р.

Петар с.р.

Тимотеј с.р.

Стефан с.р.

Михаил с.р.

Продолжува

  
6slave 7 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН