Среда, 21 Октомври 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ИЗРАЗОТ КАДИЛНИЦА – ДО КИРИОТ - ГРАДОТ ВО ПЛАНИНАТА ИДУМЕЈА (20)

1kad

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...кои се во „Библискиот речник“: од Кадилница - сад во кој се палел темјанот, до Кириот - град во планините на Идумеја, југозападно од Мртвото Море

 

Кадилница- сад во кој се палел темјанот (4 Мој 16,6-7,39). Кадил-ниците во Скинијата биле бронзе-ни, а во храмот златни.

Кадис-Варна - оаза, еден од израелските логори во текот на лутањето низ пустината. До него се доаѓало по 11 дена лутања низ пустината. Местото се снабдувало со вода од пештерски извор. Овде Мојсеј удрил со стапот по карпата, и потекла вода (4 Мој 20,1-12). Од Кадис-Варнатој пратил извидници во Ханаан (5 Мој 19-25; 46; 23,8).

Каин- ковач, првиот син на Адам и Ева, првиот роден човек. Го убил брата си Авел и заради тоа бил избркан од местото каде живеел (1 Мој4; 1 ЈвЗ,12).

Кајафа- на арамејски „физиогномист", првосвештеник во храмот во Ерусалим во времето на Христовата служба (од 8. до 36.г.). Нему му Го довеле Христос да му суди. Кајафа го обвинил за богохулство и Го предал на римскиот прокуратор (Мт 26,57-68). Според Јв18,13 неговиот претходник, првосвештеникот Ана му бил тест.

Какол- растение од семејството на тревите, потсетува на пченица и во текот на плевење, тешко се разликува од неа. Неговиот корен се меша со коренот на пченицата, Кога добро ќе созрее, може да се види разликата меѓу двете растенија и во време на жетва лесно се раздвојуваат. Исус прави споредба на разликувањето на верните и неверните луѓе, кога ќе дојде време за тоа, споредувајќи ги со пченица и какол {Мт1 3,24-30).

Калварија - на латински череп; место близу до Ерусалим, вон градските ѕидини, каде Христос бил распнат. Еврејскиот израз со кој се преведува овој термин е Голгота(Мт 27,33). Името го носи поради конфигурацијата на земјиштето, што потсеќа на череп.

Календар - в. Година. 

2kadСинагога во Капернаум

Каменаголник- најчесто поголем камен што се поставувал во темелот на носечкиот агол на зградата, но понекогаш е и последниот камен што се вградува. Честопати се користи со метафоричко значоње. Јов го опишува Бог како творец кој го поставува каменот аголник врз кој ќе го изгради светот (Јов 36,6). Во Ис 28,16 Бог го поставува каменот аголник во Сион, што се толкува како поставување на цар или, пак, спасение со вера во новиот Израел. Во НЗ овој стих се толкува како најава за Исус како Месија (Мт 21,42; Мк 12,10; Лк 20,17 итн).

Каменување - во јудејскиот закон смрт со каменување се изрекувала заради тешки престапи пред Бога. Честопати толпата луѓе заслепени од омраза и бес казната ја претворале во линч. Осудениот еден, ,,сведок" ќе го турнел од некоја карпа или ѕид и ако уште покажувал знаци на живот, некој друг ќе го довршел спуштајќи му тежок камен на градите.

Кана- трска, село во Галилеја, близу до Назарет, каде се случиле две од Христовите чуда (Јв 2,1-11; 4,46-54). Од овој израз потекнува изразот „канон".

Кандакија - титула на етиопските царици (Дап 8,27).

Кападокија - римска провинција во Мала Азија. Од Кападокија имало   Евреи кои ја слушале проповедта на апостолот Петар во Ерусалим на Духовден. Подоцна тој им испратил Послание на тамошните христијани (1 Пет1,1).

Капернаум - Наумово село; римски воен логор на северниот брег на Галилејското Езеро и центар на римската власт во Галатија. Христос во него проповедал во синагогата и излечил многу народ. Најверојатно во древните времиња таму постоел град, за што сведочат ископините на една синагога (Мк 1,21-34; 2,1-17; Лк 7,1-10; 10,13-16 итн).

Капетан (центурион) - офицер во римската војска, бил заповедник на над сто пешадијци; подоцна шеесетти дел од легијата. Во Капернаум  Исус  го излечил слугата на Капетанот (Лк 7,1-10).

Капител - украсен врв од столб (2Мој36,38).

Кармил (Кармел) - расадник; планински венец во Самарија, покриен со дабови и маслини. Највисокиот врв изнесува 535 м и во старозаветно време бил света планина. Оттаму пророкот Илија го предизвикал царот Ахав, кога свештениците на Ваал биле погубени (ЗЦар 18,20-46).

Касија - зачинско растение, слично на циметот (2 Мој 30,24; Пс 46,8) 

Кат - прататко на Катовците и син на Леви, Мојсеј и Арон припаѓале на една гранка од тоа семејство. Во времето на лутањето низ пустината, Катовците воделе сметка за уредувањето на Шаторот на состанокот (4 Мој 4,4-15).

Квасец - додаток на тестото, од кој лебот нараснува за време на печењето. Не се ставал во лебните жртви наменети на Бога, туку само во жртвите кои не биле спалувани на олтар (3 Мој 4,40), зашто квасецот бил пронајден во Египет и ги потсетувал Евреите на ропството.

Кедар -1) дрво кое во СЗ се спомнува често пати заради неговата убавина и големина. Давид и Соломон го користеле за градба на дворот на храмот (2 Цар 7,2; 3 Цар 6,16-20). Се користел и при градење на вториот храм (Ездр 3,7). Кедарот имал своја улога и во богослужењето и во обредот на чистење (3 Мој 14,1-9.48-35). Многу познат е ливанскиот кедар (Ездра 31,3); 2)во првите пет книги на СЗ се мисли на друг вид на зимзелено дрво. 

Кедрон - долина што го раздвојува Ерусалим и храмот од Маслинската Гора на исток. Низ неа тече истоимениот поток. Низ неа минувал Давид во текот на борбите против Авесалом, а и Исус  повеќе пати на својот пат во Гетсиманската градина. На западната страна од долината Кедрон се наоѓа изворот Гијон, чии води царот Езекија ги довел до градот низ силоамскиот тунел (2 Цар 15,23; Јв 18-1).

Кенат - еден од десетте градови на Декаполисна североисточната израелска граница (4 Мој 34,42).

Кенеи (Кенити) - племе на богати латувачки котлари, кои припаѓалена Мидјаните. Јотор. тестот на Мојсеј, бил еден од нив (Суд 4,11; 2МојЗ,1).

Кесар - презиме на едно семејство од Јулијанскиот дом или на братство во Рим. Најзначаен нивни претставник е Јулиј Цезар (100-44.г.пр.И.Х,), кој станал римски диктатор. Името Ќесар (Кесар) го зел синот на неговиот внук Октавијан, подоцна како император наречен Август. Подоцна, Тивериј, Калигула, Клаудиј и Нерон, кои се наследувале еден со друг, преку роднински врски, имале право да го носат тоа презиме. Подоцнежните императори го зеле тоа име како титула. Зборот „кесар" за Евреите и христијаните ја означувал граѓанската власт во однос на духовната власт (Мт22,17.21;Мк 12,14. 16-17; Лк 20,22.24-25).

3kadКипар

Кесарија - царска, град со големо пристаниште, 30 км јужно од Јопа (Јафа). Го изградил Ирод Велики и го нарекол според царот (кесарот) Август. Таму било престојувалиштето на римската војска и седиштето на римскиот управител (Дап 8,40). Апостолот Павле за време на владеењето на Феликс и Фест таму поминал две години во истражниот затвор (Дап 23-25).

Кесарија Филипова - древен пагански град близу до изворот на реката Јордан. Таму Ирод Велики го изградил храмот на кесарот Август. Неговиот син Филип Тетрарх (четворовласник) го зголемил како своја престолнина и му дал име слоред актулениот римски цар Тивериј, додавајќи го и своето име. Исус го посетувал овој град и токму во него Петар сфатил дека Тој е Месијата (Мк 8,27); в. Четверовласник.

Кидар (Кедар) - област во источна Палестина каде живеело номадско племе со истото име, познато по убавите стада (1 Мој 25,12-16). Негов оснивач бил Кидар, син на Исмаил.

Киликија - покраина во Мала Азија, а подоцна и самостојна провинција на североисток од Средоземното Море. Главен град бил Тарс, родното место на апостолот Павле. Според Дап 6,9 меѓу жителите на градот имало и Евреи.

Ким - градинарско растение што се одгледува заради пријатниот мирис, а се користи како зачин и за изготвување на лекови (Ис 28,25; Мт 22,23).

Кимвали - уште се нарекуваат и чинели; инструмент составен од метални плочи, се врзувале околу рацете со каиши и така се удирало една во друга. Се користеле во музиката која ги придружувала свештените игри (1 Лт 15,16; Пс150,5).

Кипар - еден од најголемите и најзначајните острови во Средоземјето. Таму е роден апостолот Варнава. Заедно со Павле го посетиле островот на своето прво мисионерско патување, а подоцна, после расправијата со апостолот Павле, Варнава заедно со Марко го посетил втор пат Кипар (Дап 15,39). Според Дап 13,6-12 проконзулот Сергиј Павле станал христијанин и оттогаш апостолот Павле се нарекува Павле, наместо Савле.

Кипарис (чемпрес) - вид дрво (Ис 44,14). 

Кир II (Кир Велики) - оснивач на Персиското царство, ја поразил Вавилонија во 539 г.пр.И.Х. На Евреите им дозволил да се вратат во Јудеја и да го обноват Ерусалим и храмот во него. Им било вратено и богатството кое Навуходоносор го однел како воен плен (Ездра 1). Пророкот Исаија го смета Кир за пастир од Бога избран, кој ќе ги ослободи депортираните Евреи (44,28) и за ,,помазаник" (Ис 45,1).

Кирина - главен град на Либија, Северна Африка. Симон Киринеецот му помогнал на Исус кога го носел крстот кон Голгота (Мк 15,21). Евреите од Киринабиле на денот на Педесетницата во Ерусалим и заедносо другите го нападнале првиот маченик Стефан (Дап 2,10; 6,9)

Кириние - легат (претставник) на римскиот цар на Блискиот Исток, раководел со пописот на населението во времето на раѓањето на Исус (Лк2,22).

Кириот - град во планините на Идумеја, југозападно од Мртвото Море (ИН 15,25); родно местона Јуда Искариотски, ученикот што го предал Христос

Продолжува 

4jovanПишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1Slave Katin 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.