Среда, 09 Септември 2020    Печати
Во Сиднеј: ЗАНЕС (PASSION) – ФОТОГРАФСКА ИЗЛОЖБА

3.5.9

Тони Наумовски: Камерата е креативен алат за да се каптивира најубавото

Покрај големите рестрикции од епидемијата, уметноста треба да се култивира и искажува за да ни помагне да излеземе од најтешките моменти од нашиот живот од нашата дневна егзистенција и да покажеме дека убавината на природата ќе не надживее и поради тоа треба му се опдушевуваме на животот. Ете тоа беше и мотото на најновата фотографска поставка во крадската библиотека во Когра (Сиднеј) под името „Passion- Занес“ на кои се застапени десет фотографи, членови на Фотографскиот клуб St George Motorboat во Сиднеј кои преку своите фотографски дела прикажаа дел од својот живот, љубов, занес и сон во околината во која живеат и творат.

3.6.0

Еден од уметниците е Тони Наумовски кој во последните неколку години со свои фотографии има учествувано во седум групни изложби на кои има добиено повеќе награди и една негова фотографија оваа година влезе во финалниот избор на фестивалот Head on Photo.   Тони потекнува од Ресен и како дете со своите родители во далечната 1969 година се досели во Сиднеј. Уште од детството покажал интерес кон камерата и фотографијата но за последните 10 години тотално му се посвети на камерата која ја употребува како креативен алат да го каптивира најубавото, она што повеќето од нас не го заприметуваат. Преку Фотографскиот клуб St George Motorboat во Сиднеј каде активно е вклучен повеќе години учествувал на фотографски сеси и посетил, покрај Македонија, 21 земји. Објективот на неговата камера го има отсликано животот на луѓето, нивните ликови, дивите животни и природата кои се дел од оваа планета, како и „мртвата “ природа, архитектурата, што ние луѓето ја имаме креирано.

Темата на неговата фотографска поставка е архитектурата, високите згради и облакодери кои постанаа дел на нашата „природна“ егзистенција. Употребува дигитална камера преку која ги менува креативните елементи  со кои ги искажува своите емоции и погледи на животот.  Тој со обаа техника успешно  ги каптивира интересните фигури, линии и матери што доминираат во боите на секојдневието и соединува со  апстракноста на неговата имагинација.

Фотографии на Тони исто така се имаат објавувано на корици на книги објавувани од Литературното друштво „Григор Пеличев“ и постери од продукции на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Желбата на Тони е идната година да постави самостална изложба од неговите најдобри дела кои ги отсликал за последната деценија, патувајќи и истражувајќи убави фрагменти од она што не опкружува на сите континенти од оваа убава планета во која живееме.

 1DR

Душан Ристевски