Среда, 12 Мај 2010    PDF Печати Е-пошта
Христијански храмови и свети места во Охридско

Арбиново

1. Црквата Св. Атанасиј се наоѓа во јужниот дел на селото. Изградена е во 1922 година. Тоа се гледа од натписот што е исклесан во камен над влезната надворешна западна врата.

Во поткуполниот простор, каде што е насликан Исус Христос – Седржател, на бордурата што го опкружува, се наоѓа испишана годината 1923. Тоа е доказ дека црквата е живописана во 1923 г.

Во средишниот дел на иконостасот, над Царските Двери, испишана е годината 1924, т.е. годината на изработка на иконостасот и иконите на него.

2. Локалитетот Св. Петка се наоѓа на околу сто метри северно од последната куќа на селото и на тоа место изградена е црква по сон на Петре Тошевски, виден на 5 мај 1946 г.

На околу 5 метра, западно од црквата се наоѓа ископан камен блок во форма на пирамида. На средината е исклесан. Тука се поставува икона.

На мислење сме дека тука се работи за постаро култно место, а доказ за тоа се многулетните дабови што се наоѓаат во непосредна близина.

Би требало да се изврши рекогностицирање на целиот терен.

3. Локалитетот Добра Вода се наоѓа на околу 500 метри југозападно од селото Арбиново. Според кажувањата на селаните, порано овде се наоѓал манастир посветен на чудотворецот Св. Никола.

Во поново време, поточно во 1998 година, при копање на тој локалитет откриени се ѕидови и керамика.

При нашето теренско рекогностицирање на овој локалитет, што е зараснат со дрва, беа откриени многубројни бигорни камења, а исто така, и делови на поголеми подни и покривни керамички плочки на кои што имаше втиснат жиг на сопствениците на печките.

На некои беа втиснати знаци во вид на полукруг, а на повеќето – знаци на осумзрачно сонце.

На мислење сме дека овде се работи за средновековен манастир што потекнува од времето на Св. Климент Охридски. Тоа го потврдува и самата местоположба на локалитетот.

Белчишта

1. Селската црква Св. Никола се наоѓа североисточно од селото на падините на ридот. Обновена е во 1977 година.

Иконостасот е од 19 век. Престолните икони се насликани од Серафим зограф и Аврам Дичо, синот на најпознатиот иконописец и зограф Дичо Зограф од крајот на 19 век.

Од петнаесетината икони што се наоѓаат во оваа црква оставаат впечаток иконите на Св. Никола, Св. Климент Охридски и Св. Димитрија.

2. Локалитетот Св. Јован Крстител се наоѓа на околу стотина метра југоисточно од последната куќа на селото и на околу 50 метра од патот што води кон селото Долно Средорече. На ова место се наоѓаат остатоци од поголем сакрален објект.

На јужната страна на локалитетот има остатоци на мала капела, целата изградена од бигор, од постар објект. Капелата е посветана на Св. Јован Крстител.

3. Југоисточно од с. Белчишта на 500 метри се наоѓа новоизградената црква Св. Атанасиј. Тоа е еднокорабна градба со купола врз централниот дел. Пред самата црква, од западната страна, се наоѓаат остатоци од постар параклис, изграден од бигор, со правоаголна ниша во средината. Исто така на самото место има остатоци на многу стари расфрлени греди. На мислење сме дека на ова место навистина постоела средновековна црква што во непознато време и разурната.

4. Локалитетот Св. Василиј се наоѓа на околу 200 метри северно од локалитетот Св. Јован или на околу 1 км. источно од с. Белчишта во месноста Селиште.

На самиот терен се забележуваат остатоци на цркви со крстообразна основа, а во густежот на вегетацијата се забележуваат купишта од камења, бигор, фрагменти од керамика и тули. Се работи за локалитет од доцен среден век.

5. Локалитетот Катуништа се наоѓа на околу 2 км. северозападно од Белчишта. На овој локалитет е констатирана помала средновековна словенска населба во која е откриена еднобродна црква со полукружна апсида на источна страна. Во самата црква како и околу неа се присутни гробови.

Ботун

Главната црква на с. Ботун се наоѓа југозападно од селото, на едно стрмно возвишение. Црквата Успение на Пресвета Богородица е големо еднокорабно здание, градена од камен и варов малтер. Венците под покривот се од бигор, како и апсидата, која е единаесеттострана, засведена со полуоблест свод врз кој се издига покров на четири води. Подигната е во Горно Маало. Според натписот е изградена во 1895 година од страна на „Крсте и Костадин браќа, синови на Никола од с. Лазарополе“.

Внатрешниот живопис делумно е пресликан во 1972 година.

Во внатрешноста на црквата се наоѓа велелепен иконостас на кој има дванаесетина икони, а е изработен во 1871 година.

Од прекрасниот живопис би ја споменале композицијата Седмочислениците на јужниот ѕид од олтарниот простор. Распоредот на светителите е следен: како централна личност е насликан Св. Климент Охридски, а околу него се распоредени: Сава Охридски, Наум Охридски, Кирил Солунски, Методиј Охридски, Ангелариј Германски и Горазд. Вакво именување на Седмочислениците никаде и никогаш во било кое време не е познато.

Накрај само би споменале дека оваа црква е изградена врз постаро култно место. На тоа укажуваат многубројните гробни конструкции што потекнуваат од средновековието.

2. На местото викано Ледина се наоѓа обновената црква посветена на војсководецот на небесните сили архангелот Михаил. Изградена е во 1974 година на постаро култно место, бидејќи околу самата црква, посебно од западната страна, се наоѓаат средновековни гробови. Во внатрешноста црквата не е живописана, само се наоѓаат неколку понови икони.

Целата црква архангел Михаил е оградена со висок ѕид.

3. На околу 3 км. западно од Ботун се наоѓа локалитетот Св. Богородица. Постарите жители на ова село го именуваат како Калуѓерец.

Некогаш на ова место постоел голем манастир, а во 1991-1996 г. е изградена мала црквичка посветена на Св. Богородиаца.

Локалитетот се наоѓа во еден живописен предел богат со извори.

Од книгата „Христијански храмови и свети места во Охридско“ од Гоце Ангеличин – Жура, Охрид 2007.
Марко Китевски
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.