Среда, 22 Јануари 2020    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (26)

appavle1

АПОСТОЛ ПАВЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Според монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски“ од Прилеп,  2017, 1-376, (на англиски, македонски и хебрејски), авторовото патувањето во Израел беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот

Христијанството e религија на оние кои веруваат во Исус Христос и го следат неговиот живот и учење кои се среќаваат во Новиот завет на Библијата. За христијаните Исус Христос е син Божји и спасител на човештвото. Затоа христијанството станува масовна светска религија со околу 2,1 милијарда верници во светот.

Инаку, зачетоците на христијанството датираат уште од I век во Палестина, која тогаш се наоѓала под власт на Римската Империја. Во почетокот христијанството се проширило меѓу Евреите, за подоцна да се развие и меѓу другите етнички припадници. Првобитните апостоли и мисионери на христијанството биле Евреите, а неговите корени произлегуваат од старозаветниот јудаизам. Како државна религија христијанството, прво, било прифатено во Голема Арменија во 301 година, а во Македонија се појавило во IX век.

Според статистичките податоци, денес, христијаните се најголемата верска заедница на територијата на Република Македонија со околу 65% од населението. Од вкупниот број на христијанско население, околу 95% припаѓаат на православните христијани, 3% на протестантските, додека 1,2% припаѓаат на католичките христијани.

Христијанството во Македонија започнало да се проповеда уште во апостолско време. По прифаќањето на христијанството, апостол Павле станал првиот проповедник на новото месијанско учење при своите мисионерски патувања. Апостол Павле, за време на својата мисионерска дејност, спровел повеќе мисионерски и благовеснички патувања, во текот на коишто тој го проповедал христијанството меѓу еврејското и паганското население. Апостол Павле во Македонија престојувал четири пати.

appavle2

Во тоа време Македонија била во составот на Римската Империја, така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Едно од првите споменувања за патувањата на апостолите во Македонија се наоѓа во „Дела на светите апостоли“, најверојатно, напишано од страна на апостол Лука, каде се вели:

... на Павлe му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни! И кога го виде видението, веднаш побаравме да отидеме понатаму во Македонија, заклучувајќи дека Бог нè повикал да им го проповедаме Евангелието. Потоа отпловивме од Троада и патувавме право кон Самотрак, и следниот ден стасавме во Неапол...

Најголемите историски извори за мисионерството на апостол Павле претставуваат писмените споменици на третиот период од историјата на Апостолскиот век, односно пишувањето на Двете посланија на свети aпостол Павле до Солунците и Посланието до Филипјаните. Двете посланија до Солунците се најрано напишаните посланија на апостол Павле. Тие го сочинуваат едниот од најстарите делови на Новиот завет. И двете посланија апостол Павле ги испратил од Коринт до Солунската црква за време на неговото второ патување.

Солунската црква била една од повеќето цркви во Македонија што биле создадени при второто големо патување на апостолот. Посланијата до македонските цркви претставуваат, пред сé, посланија на комуникација (општење). Оваа карактеристика особено се однесува на Посланието до Филипјаните. Посланието до црквата во Филипи се одликува со исклучително личен карактер и богатство на конктретни историски содржини. Тоа било напишано кога апостолот се наоѓал во затвор.

Градот Филипи станал првиот град во Европа, каде што било проповедано и прифатено христијанството. Кога христијанството се пренесувало од Азија во Европа, првата црква на европскиот континент била формирана „во Филипи, кој во тој дел на Македонија е прв град, римска колонија“. Изразот „прв“ како што се заклучува според старите монети, се давал како епитет на главните градови на провинции, но и на некои значајни градови, а таков значаен град бил и Филипи, бидејќи бил градот на Филип и Александар Македонски.

Уште со самото пристигнување во Филипи, апостол Павле и неговите придружници започнале да го проповедат христијанството. Слушателите на апостолот Павле, пред сè, биле Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на апостол Павле до Филипијците, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број Евреи и Елини.

appavle3

Во Филипи, според Новиот завет, се случило и првото крштавање и тоа на света Лидија Македонка. Така, Лидија станала првата христијанка во Македонија и во Европа која го примила христијанството од апостол Павле. Според Евангелието, кога пристигнал во Европа, прво, бил пресретнат од жените, бидејќи тие први се појавиле пред апостолите. Апостол Павле активно ги вклучил и жените во мисионерството и во евангелизацијата во ранохристијанската црква.

Според верувањата, света Лидија била гостопримлива па ги понудила апостолите да живеат во нејзиниот дом. По заминувањето на апостол Павле со придружниците, се претпоставува дека апостол Лука останал да живее во куќата на Лидија. Куќата станала првиот христијански храм во Европа, по примерот на домот на Марија, мајката на Исус Христос во Ерусалим.

Единаесет години по заминувањето на апостол Павле од Филипи, пред крајот од своето прво затвореништво во Рим, од првата црква во Европа, апостол Павле на христијаните им напишал послание и го упатил „до сите светии во Исуса Христа, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите“.

Откако го оставил во Филипи апостол Лука, апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун. Тоа се случило во пролетта во 50-тата година по патот Виа Игнација, каде според Евангелието по шест дена пешачење пристигнал во Солун. Таму неговата проповед ја прифатиле малкумина од Евреите, додека, пак, поголем број од оние кои го прифатиле неговото учење биле, главно, Македонци и Елини. Апостол Павле, Сила и Тимотеј започнале да го проповедаат Евангелието во куќата на Јасон, во неговата ткајачница и во повеќе приватни домови.

И покрај првичните успеси апостол Павле и неговите помошници морале ноќе да побегнат и да го напуштат градот, бидејќи против нив се побуниле Евреите од Солун, припишувајќи им политички намери „против заповедите на цесарот, изјавувајќи оти има друг цар – Исус“.

Во 51. година, апостолите Павле, Сила и Тимотеј го напуштиле Солун и заминале во Берија, која се наоѓала во третата македонска управна област каде за прв сопатник на апостол Павле станал Сосипатр Пиров. Оставајќи ги Сила и Тимотеја во Берија, свети апостол Павле одлучил да ја напушти Македонија и, по море, заминал за Атина. 

Римјаните раните христијани ги нарекувале атеисти, безбожници поради нивното одбивање да ги прифатат римските богови. Првиот поголем прогон на христијаните започнал во времето на римскиот император Нерон.  Во 64 година во Рим избил голем пожар. Императорот за подметнувањето на пожарот ги обвинил христијаните наредувајќи им да го напуштат градот.

За време на овој прогон, тие биле распнувани на крст, фрлани во реката Тибар или предавани на дивите животни во амфитеатрите. Меѓу тие први маченици се наоѓале и апостолите Петар и Павле кои биле погубени во 67 година. Најпознат маченик од тој период е свети Димитриј Солунси.

Продолжува

 sksksk

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.