Среда, 18 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (21)

IH1

ВИТЛЕЕМ – РОДНОТО МЕСТО НА ИСУС ХРИСТОС

Во срцето на Палестина, се наоѓа едно од најсветите места на оваа Земјина топка, црквата „Раѓањето на Исус Христос“. На истиот плоштад се наоѓа и џамија. Таму се случува истовремено да се слуша молитва од џамијата и чукање на камбаните од црквата. Овие два звука, на овој познат плоштад во Витлеем, даваат еден вид хармонија, што само по себе е чудо на денешнината. Исто така, кон ова свето место, припадниците на муслиманската вероисповед покажуваат голема почит спрема Исус, кој го сметаат како битна фигура во нивната религија

Ова место има енергија и смиреност, која  дава сила да се издржи со часови стоејќи само за поклонување на местото каде што Исус е роден. Искуството од посетата на Витлеем е тешко да се искаже со зборови, тоа може да се почувствува само таму во тоа свето место.

На неколку чекори погоре, во срцето на Витлеем, се наоѓа црква која е подигната на местото каде што Дева Марија за првпат го надоила Исус. Според преданијата, на тоа место паднала капка млеко на карпата. Таа капка, е причина зошто карпата станала бела. Затоа на тоа место има убав духовен храм, во кој се поставени уникатни икони и кои се карактеристични само за оваа црква.

Според Новиот завет, Исус Христос е роден во градот Витлеем, најсветото место од сите свети места за христијаните. Секоја година илјадници верници и посетители доаѓаат во Витлеем да се поклонат на светото место во пештерата и во црквата „Раѓањето на Исус Христос“. Овој храм доживеал многу архитектонски градби и надградби и постојано бил зголемуван во различни периоди од историјата. Црквата претставува творечко постигнување на човештвото преку вонредно убавите креации на повеќе библиски мотиви, содржини и специфични христијански карактеристики.

IH2

Црквата на Исус Христос

Денес, Витлеем е туристичко место и е преполно со гости од целиот свет, особено за време на деновите на одбележувањето на раѓањето на Исус Христос - Божиќ. Таму Божиќ се слави три пати во текот на годината. Католиците, кои се собираат од целиот свет, заедно со палестинските католици Божиќ го слават на 25 декември (според Грегоријанскиот календар), православните христијани го слават на 7 јануари (според стариот - Јулијанскиот календар), додека верниците на Ерменската православна црква го прославуваат Божиќ на 19 јануари.

Витлеем се наоѓа на десетина километри јужно од Ерусалим. Градот е лоциран на планината Јудеја и по многу нешта наликува на ридот од библиските времиња. Денес на овие карпести површини се изградени свети христијански места, цркви, манастири и други верски објекти, во знак на сеќавање на божиќната ноќ. Сето тоа го враќа верскиот изглед на Витлеем  како во времето од раѓањето на Исус Христос, на Божиќ. Витлеем е град под палестинска автономија, со население од околу триесетина илјади жители, од кои околу 70% се муслимани, а 30% се христијани.

Она што некогаш била пештера издлабена во карпа, денес е просторот на црквата „Раѓањето на Исус Христос“ и претставува најсветото место на сите христијани во светот. Според историските податоци на црквата „Раѓањето на Исус Христос“ се вели дека во 332 година императорот Константин ги поставил темелите на денешниот храм. Величествената и најкарактеристичната црква во светиот храм „Раѓањето на Исус Христос“ има оригинални мозаици од тој период со големи уметнички креации во различни бои.

Во текот на бурната историја за доминација, црквата била урната, но во периодот на царот Јустинијан повторно била обновена. За одбележување е тоа што пристапот, влезната врата која е наречена „врата на понижување“ е многу ниска и посетителот на симболичен начин, се наведнува или се поклонува на Исус Христос, за да се чувствува како да влегува во пештерата каде е роден Спасителот.

Местото каде бил роден Спасителот Исус Христос се наоѓа во карпа до која може да се дојде со подземни кружни скали. Денес 14-зрачната Сребрена ѕвезда го означува светото родно место на Исус Христос. Тоа ги прикажува 14. генерации од Аврама до Давида, потоа 14. генерации од Давида до Вавилонската  Империја, како и 14. генерации од Вавилон до Исуса Христа. Каменот на кој мајката Божја, Дева Марија го породила својот син Исус е во близина на Сребрената ѕвезда. Постојат тврдења дека оригиналниот камен бил однесен во Рим за време на крстоносните војни.

IH3

Родното место на Исус

Раѓањето на Исус Христос во пештерата не е случајно, туку тоа било за да се покаже дека целиот свет е една темна пештера, дека само Тој може да светне. Раѓањето на Господ Исус Христос се случило во Витлеем, а Витлеем значи дом на лебот, да се покаже дека само Тој е единствениот леб на животот, достоен за вистинските луѓе. Во црквата велат дека Христос е роден без покрив над главата, бидејќи се очекува во христијанските срца и души да биде неговиот дом и засолниште.

Многу различни случки се забележани за црквата „Раѓањето на Исус Христос“ во текот на еден долг период на посети на христијаните од целиот свет на ова Свето место. Така, во 1850 година, во внатрешноста на црквата имало пожар од запалените свеќи, при што изгореле голем број икони. Затоа, Наполеон III поставил ѕид направен од азбест, кој сè уште стои и денес. Исто така, има и бројни христијански, а и непријатни случки кои остануваат забележани во историскиот развој на Црквата и Витлеем.

Базиликата „Раѓањето на Исус Христос“ е поделена и раководена од римокатолички, грко-православни (елинистички) и ерменски свештеници. За жал, тоа се случува во христијанството, особено во Израел. Сите тие три претставници на своите цркви имаат свое време за молитва.  Посетителите, христијаните, на кои ова им е најсветото место, палат свеќи, се молат за да им се исполнат нивните желби, едноставно, се молат на Бога.

 И ние при нашата посета на Израел, со помош на палестинска заедница, малку на чуден начин го посетивме Витлеем, местото каде бил роден Исус Христос и запаливме свеќи, се помоливме на Бога, се почувствувавме возвишено, необично, единствено, што беше голем момент во животот за нас христијаните од Македонија.

Меѓутоа, имавме мала непријатна сцена во црквата „Раѓањето на Исус Христос“. Имено, при нашата посета на ова свето место, храмот беше, речиси, празен, а времето за молитва, според распоредот беше на елинскиот (грчки) свештеник. И кога на свештеникот се претставивме дека сме од светата земја Македонија, тогаш, за жал, тој заборави дека служи на Бога и реагираше многу нехристијански, особено кога го фотографиравме епископскиот престол.

За среќа, веднаш по нехристијанската средба во Светиот град, се сретнавме и со еден ерменски свештеник од Ерменската православна црква, кој беше мошне љубезен со нас и нè третираше како вистински христијани. За возврат, ние му подаривме книга со македонски репродукции на икони и фрески од бројни македонски православни цркви и еден Библиски речник на македонски јазик.

Притоа, тој изрази голема благодарност на пријателската и со слична судбина Македонската православна црква и на македонскиот народ. Исто така, голема чест ни беше укажана и во католичкиот дел на Светата црква, каде, по препорака на Ватикан бевме гости на еден бискуп од Католичката црква.

Ја напуштивме црквата „Раѓањето на Исус Христос“ и се упативме во центарот на светиот град Витлеем, каде имавме средба со нашиот пријател со кого имавме другарски и пријателски врски уште од времето кога со него студиравме во Скопје. И оваа средба беше трогателна, незаборавна, пријателска.

Со нашиот пријател, неговото семејство и пријателите кои топло не пречекаа, зборувавме за минатите поминати времиња во Македонија, за иднината на Палестина, на Израел, на Македонија, за космополитскиот иден свет на мајката Земја. Во вечерните часови го напуштивме Витлеем и се упативме кон Ерусалим.

Продолжува

 sksksk 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.