Среда, 04 Декември 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (19)

nazaret1

НАЗАРЕТ – МЕСТОТО НА ДЕТСТВОТО НА ИСУС ХРИСТОС

Според монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски“ од Прилеп,  2017, 1-376, (на англиски, македонски и хебрејски), авторовото патувањето во Израел беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот

Според библиските преданија од Новиот завет за Христовото раѓање и неговото детство, посебен интерес привлекуваат градовите Витлеем и Назарет. Двата града де­нес се под палестинска управа, како автономни територии. Назарет го посетивме еден ден пред новото Господово лето по новиот календар.

Поради целокупните политички сос­тој­би во Израел, посетители и туристи, за жал, имаше малку, речиси како да ги немаше. Затоа немаше тешкотии да се посетат голем број свети места во Израел. 

Во непосредна близина на Назарет, се наоѓа Кана Галилејска, каде е лоцирана црквата „Свети Ѓорѓи Галилејски“. Кана значи црква, како и село во Галилеја, близу до Назарет. Тоа е местото каде Господ - Исус Христос ја започнал својата јавна мисија, со при­суството на свадбата на која, откако домаќинот снемал вино, Христос ја претворил во­дата во вино.

Зборот назарет и на арапски и на јудејски значи „заштитник“. Денешнот град На­зарет во времето на Исус Христос бил село, а сега е населено место на Галилејските ри­дови на околу 350 метри надморска височина, близу до трговските патишта кои водат од Јордан­ска­та Долина до Средоземното Море. Овие простори биле освојувани од Македонците, Римјаните, Ара­пи­те и од крстоносците, затоа овде живеат муслимани, православни и римокатолици.

nazaret2 

Назарет

Меѓутоа, Назарет е свето место за христијаните, бидејќи во него се изградени бројни хри­стијански цркви, манастири и други религиозни објекти. Овде се наоѓаат црквите: „Благовестие“, „Свети Архангел Гаврил“, која е изградена врз природните извори на „Пре­света Богородица“ и црквата „Свети Јосиф“. Тоа е градот во кој пораснал Исус Хри­стос. Имено, според преданието тој се вратил со неговите родители во Назарет по бег­ст­вото во Египет.

Марија и Јосиф од Витлеем избегале во Египет, за да го спасат ново­ро­де­н-чето од злото на Ирод Велики, кој по наредба на Август Цезар, откако не можел да го најде новороденчето, за кој се прошириле гласини  дека е новиот крал, организирал вој­ска за да ги убие сите машки деца на возраст до две години.

Назарет, градот на Христовото детство, во кој се случило благовестието денес е еден од главните градови на Галилеја. Тој е сместен во северен Израел, југоисточно од пристаништето Хаифа и претставува важен сообраќаен јазол. По името на градот, Хри­стос е наречен Назареец.

Археолошките податоци говорат дека Назарет бил населен уште во раниот ка­на­н­ски период. Тој е прв град познат како еврејски, а денес е најголем арапски град со над 70.000 жители. Од населението 40 отсто се христијани, а другите се мус­ли­мани, како и Евреи, кои живеат во горниот дел на Назарет. Што се однесува до насе­ле­ните места, не е пишано правило, меѓутоа таквите карактеристики се уочуваат ток­му во Назарет.

Имено, Евреите живеат на врвовите од ридовите, а Арапите во пониски­те делови. Куќите на Арапите во голема мерка се без покриви и врз нив висат разни ви­дови сателитски и други антени, а еврејските куќи имаат современи покриви од ќера­ми­ди и соларни системи за затоплување на водата.

nazaret3           

                  Базиликата на Благовештението во Назарет

Според преданието од пред Христа, во близината на Назарет се наоѓало малото село Ципорија каде што се претпоставува дека се родила Марија, но откако се свршила за Јосиф, отишла да живее во другиот дел којшто денес е во состав на Назарет.

Тука е нај­големата црква во градот базиликата „Благовестие“. Таа е голема и импресивна ар­хи­тектонска градба и културно-уметнички споменик на Назарет. Има високо кубе на кое се вишнее симболот на христијанството – крстот, кој се гледа од сите страни на гра­дот.

Базиликата „Благовестие“ е прекрасен христијански храм кој е дел од Католич­ка­та црква, во која со свои средства учествувале голем број католички цркви во светот, што се потврдува со донациите на фреските во дворот на црквата.

Според податоците, првата црква на ова свето место била изградена во 356 го­ди­на од н.е., а ја изградила света Елена, мајката на свети Константин, големиот римскиот император.

Денешната црква, чиј дизајн е на италијанскиот архитект Џовани Музио (Gio­vanni Muzio) е изградена во 1969 година врз пештерската црква „Благовестие“ во која, всушност, за првпат во Галилеја се применувала Христовата вера. Затоа, црквата „Бла­го­вестие“ претставува свето место за сите христијани во светот.

Продолжува

c6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Раководни лица на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија сакаат да се постават во иднина над Владата

Забегана работа: во процес на технички период на Владата, одредени поединци - Раководни лица на Фонд...

Историја

News image

ЕКСКЛУЗИВНИ ДОКУМЕНТИ СВЕДОЧАТ ДЕКА СИТЕ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ ПОТЕКНУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Документ кој датира од 1967-та, 1968-та и 1969-та година беше ексклузивно обелоденет во „Отворено ...

Иселеници

Култура и туризам

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (4)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ II)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.