Среда, 28 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (5)

zemja1

ИЗРАЕЛ – ЗЕМЈА НА КОНТРАСТИ

Ја посетивме светата земја - Израел која во вистинска смисла на зборот претставува ретко доживување. Таа за Евреите е ветената земја од Господа на Аврама и на неговите следбеници. Таа е наследство во кое децата на Израел биле водени од Мојсие по егзодусот од Египет и соединети во моќта на еврејската нација (Хибру), под водството на царот Давид и неговиот син Соломон

Таа е лулка на три големи монотеистички религии, еврејската, христијанската и муслиманската. Но, најважно за христијанскиот свет е тоа што таа е родната земја на Исус Христос и Светиот град каде што тој бил распнат на крст, погребан и по три дена воскреснал.

Според библиските преданија од Стариот завет, првите доселувања на Евреите во ветената земја - Канаан зачнале околу 2.000 години пр.н.е. Тие биле номадски сточари од Месопотамија, по течението на реката долен Еуфрат и од други места. Нив ги донел патријархот Аврам. Меѓутоа, масовното доселување на Евреите на овие простори почнало со напуштањето на Египет во 1580 година пр.н.е. под водство на Мојсие, кој на Синајскиот Рид им ги дал Десетте Божји заповеди.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот период преку создавањето на првата единствена држава на Евреите од 1030 до 930 година пр.н.е. па преку нејзиното распаѓање, покорувањето на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава која се формирала дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

zemja2

Развој на земјоделието во Израел

Денес, Израел доживува своевидна револуција во својот развој. Таа е особено видлива во облагородувањето на пустинските предели, изградбата на иригационите системи за наводнување, развојот на земјоделството, на машинската и на другата индустрија. Исто така, таа има сличен подем во современата трансформација на градските урбани средини кои претставуваат своевидна симбиоза со богатата историска ризница и библиските преданија. Особено е за одбележување тоа што веќе е во тек зелената револуција за освојување на нови пустински предели и нивно претворање во непрегледни зелени оази.

Оттука и не случајно се вели дека оваа земја е вистинско чудо. Заслужува да се спомене дека како посебна содржина на живеење во Галилеја се и многубројните колективни населби со општествена, приватна и колективна сопственост. Најзастапени од нив се таканаречените кибуци, во кои се применува колективната организација на трудот и колективната сопственост.  

Денес во Израел има повеќе од 300 кибуци кои почнале да се формираат пред Првата светска војна, со првите доселувања на голем број Евреи, особено од Русија. Тие се карактеризираат со заедничка сопственост над земјиштето и над средствата за производство, како и со заедничката распределба според потребите на членовите на семејството и можностите на кибуцот. Дел од нив се формирани и под влијание на разни политички и верски организации.

Жителите во кибуците, главно, се занимаваат со производство на жито, памук, портокали, лимони, авокадо, банани, урми и со одгледување на други култури, а во некои од нив е доста развиено и сточарството, млекопроизводството и неговата преработувачка. Нивните потреби се заокружени во една целина која синџиресто е поврзана поради поголемо искористување на сите резерви и за што е можно поголемо задоволување на сите потреби на населението во кибуцот, во кој сите добиваат подеднакво.

Според пишаните податоци, моментално во кибуците живеат околу пет отсто од вкупното израелско население, меѓутоа во последно време некои од нив постојано ја губат колективната форма на живеење, за што младите генерации се изјаснуваат за поголема независност во креирањето на сопственото живеење.

zemja3

Со доселувањето на руските Евреи, е формиран првиот кибуц – Дегонија, во 1905 година, во непосредна близина на Галилејското Езеро. Но, за еден од постарите кибуци се смета и Гинозард кој е подигнат на самиот брег на Галилејското Езеро и тоа на простори кои до пред седумдесет години биле непроодно мочуриште.

Во Гинозард, во 1986 година, е пронајден еден чамец за дванаесет лица и тоа сосема случајно, кога жителите од кибуцот се обидувале да го извадат пропаднатиот трактор во меката кал крај галилејското крајбрежје.

Според досегашните испитувања на археолозите и на други научни работници и историчари, чамецот е стар околу 2000 години. Некои претпоставуваат дека тоа е чамецот со кој пловел Исус Христос заедно со своите ученици по Галилејското Езеро. Библиските преданија од Новиот завет говорат дека токму овде Исус одел по тогашното Галилејско Море и како Божји син успеал да ги смири разбеснетите бранови што силно удирале по чамецот и да ги спаси своите ученици да не се удават.

Продолжува

New Katin

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.