Среда, 31 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (1)

Izrael1

НА ПАТ ОД  МАКЕДОНИЈА ДО ИЗРАЕЛ

Според монографското дело „Израел и Македонија“ на Славе Катин, а во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“, од Скопје и Фондација „Ѓорѓија –Џорџ Атанасоски“ од Прилеп,  2017, 1-376, (на англиски, македонски и хебрејски), авторовото патувањето во Израел беше дел од неговите посети на педесетина различни земји ширум  светот

Меѓутоа, патувањето за Израел беше највозбудливото, исполнето со многу искушенија, сознанија и предизвици да ја запознаеме „Светата земја“, нејзините библиски места, градови, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на нејзиниот современ свет. Притоа имавме можност да посетивме бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот.

Израел за Евреите е ветената земја од Господа на Аврама и на неговите следбеници. Според библиските преданија од Стариот завет, првите доселувања на Евреите во ветената земја - Канаан започнале околу 2.000 години пред новата ера.

Израел бил и останал факелот на светоста каде, раѓањето, чудотворието и моќта на Спасителот Исус Христос, е божествено сочинение и овоземна припадност следена од  многуте стотици милиони следбеници кои ги има во сите земји од целиот свет.

Кога се пишува за Израел треба да се каже дека центарот на светот е точно таму, на меѓата меѓу европскиот, азискиот и африканскиот континент. Токму таму е сместена „Светата земја“, чие име е добиено поради настаните поврзани за религиите и бидејќи копјата секогаш се кршат токму тука, на израелската територија.

Од друга страна, пак, приказните кажуваат нешто друго. Имено, „Светата земја“,  го добила своето име, затоа што Бог се погрижил таму да растат овошја и зеленчуци, кои давале плодови (храна) за тамошните жители. На тој начин, тамошните луѓе мислеле дека Бог ги сака премногу, се грижи за нив, им дава храна и затоа тие се свети, а земјата на која растат тие растенија е света.

Izrael2     

Исто така, Црквата на Светиот гроб, каде што Исус Христос бил погребан и воскреснал, е најсветото место за христијаните од сите меридијани, па не случајно се вели и дека е место на верата, надежта и љубовта на луѓето  кои доаѓаат секој со својата вистина и исчекувања, поклонение и молитва,  радост и тага.

Според библиските преданија од Новиот завет за Христовото раѓање и неговото детство, посебен интерес привлекуваат градовите Витлеем и Назарет. Двата града де­нес се под палестинска управа, како автономни територии.

Според Новиот завет, Исус Христос е роден во градот Витлеем, каде се наоѓа светото место во пештерата и во црквата „Раѓањето на Исус Христос“. Овој храм доживеал многу архитектонски градби и надградби и постојано бил зголемуван во различни периоди од историјата.

Црквата претставува творечко постигнување на човештвото преку вонредно убавите креации на повеќе библиски мотиви, содржини и специфични христијански карактеристики. Денес, Витлеем е туристичко место и е преполно со гости од целиот свет, особено за време на деновите на одбележувањето на раѓањето на Исус Христос - Божиќ. Таму Божиќ се слави три пати во текот на годината.

Назарет, пак, е свето место за христијаните, бидејќи во него се изградени бројни хри­стијански цркви, манастири и други религиозни објекти. Овде се наоѓаат црквите: „Благовестие“, „Свети Архангел Гаврил“, која е изградена врз природните извори на „Пре­света Богородица“ и црквата „Свети Јосиф“. Тоа е градот во кој пораснал Исус Хри­стос.

Црквата на Светиот гроб е симбол на единството на сите кои веруваат во Синот Божји и жив сведок на поделеноста на христијаните. Животот, учењето и смртта на Исус ќе означат нова страница во историјата на чо­вештвото.

Во времето кога Евреите го оплакуваат уривањето на храмот, учениците на Исус од Назарет веќе го шират новото, христијанско учење. Ерусалим, градот на Исусо­во­то страдање, смрт и воскресение, до денес ќе остане најголемото светилиште во хрис­ти­јанството.

Ерусалим е град на вечните убавини и на светите места. Низ милениуми, населението на Ерусалим, но и тие што доаѓале и доаѓаат да му се поклонат, го воспевале и го воспеваат како град на вечноста, како центар на светот, како главен град, како град со голема политичка моќ…

Izrael3       Izrael4 

Националниот симбол на Израел                     Националното знаме на Израел

Според тоа, тој има повеќе имиња што му се дадени во Светото писмо, во Мојсиевите записи и во литературата. Израелците го нарекуваат Јерушалаим, од каде потекнува и денешното негово име – Ерусалим, што значи „град на мирот“.

Меѓутоа, за постоењето на Ерусалим – градот на Христовите маки, смрт и воскреснување, во текот на последните два милениума не е врзан поимот мир. Ниту на едно свето место во светот не потекле толку потоци крв како овде. Никаде толку жестоко не се бореле, никаде толку длабоко не се мразеле и напаѓале како во овој свет град што е сместен на ладните и сиви карпи на планината Јуда. Трите светски религии – еврејската, христијанската и муслиманската, од градот направиле центар на раздорот. Истовремено, никаде не се кажале толку многу молитви како во Ерусалим.

Зачетоците на христијанството датираат уште од I век во Палестина, која тогаш се наоѓала под власт на Римската Империја. Во почетокот христијанството се проширило меѓу Евреите, за подоцна да се развие и меѓу другите етнички припадници. Првобитните апостоли и мисионери на христијанството биле Евреите, а неговите корени произлегуваат од старозаветниот јудаизам.

Исто така треба да се нагласи дека Ерусалим е светото место на трите најголеми религии, центарот на светот, местото каде може да се сретнат локации на кои во исто време има остатоци од црква која била изградена и срушена, па на истото место синагога изградена па срушена, и на крај изградена џамија.  Ерусалим е место кое е свето и за христијаните, и за Евреите и за муслиманите. Местото каде што е создадено сè што е свето, но во исто време е срушено и повторно изградено.

Градот е единственото место каде што една до друга се најблиску трите религии, но и место каде што се и најмногу поделени. Тоа се гледа во организацијата на стариот град на Ерусалим кој е поделен на четири дела, христијански, муслимански, еврејски и ерменски. Ерменците се сметаат како најстара христијанска нација, затоа што биле први кои го примиле христијанството.

Ова место по многу нешта е поврзано со Исус и неговите последни денови, местото на Исусовата голгота. Главната фигура на оваа слика е Ал -Акса џамијата, свето место за муслиманите.

Продолжува

 KatS

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.