Среда, 31 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА

den-na-vmro

АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА

(НИК Наша Книга – Скопје, 1974

Извадоци од ПРЕДГОВОРОТ на Димитар Митрев:

АКАДЕМИК ДИМИТАР МИТРЕВ

МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ПОЕЗИЈА  е одамнешна појава низ невремињата, во знакот на судбинското воздејство. „Јунак падна – бајракот не падна“. На развеаните во крвавите буни ал-бајраци не се нашла подруга дилема ... со едналва сила се одгласува лапидарната потресност на зборовите: смрт или слобода.

Слободата на македонскиот народ да би станал господар на својата национална судбина, човечки правдини и за немакедонците, да дојде, најпосле, и на овие сокаци.

Затоа човекот што бил предводник на една национална револуција, чие остварување ги натфрлува рамките на вообичаен револуционерен демократизам, со јасни до очебијност зборови ја сикажал визијата, која и за нас и за долго ќе биде битка кон култивирањето  на најсуптилните хуманизаторски својства. Битка – и тоа своевидно тешка и сложена – и за сите оние во светот што во сопствените денешни визии си ја замислуваат и согледуваат единствено како поле за натпревар на најочовечените достоинства меѓу народите.

Во оваа антологија, „лириката е остваредна како најприсно единство на националното и интернационалното. Секој од застапените поети навлегол со својот самосвојствен лирски немир, со грчот на трагична болезненост или со бранот на полетна понесеност во некоја од тие суштини на револуционерност, која е многу повеќе од стеснето татковинско светочувствување.

Несомнено, тоа создава и цврст и богато синтетизиран впечаток, дека така сфатената физиономија и така сфатениот рефлекс, значат многу и обележување на трајни црти од развојноста на македонската поезија во нејзиниот воопштен поим. Не некаков каприц на индивидуалниот вкус, туку една историска проекција го овековечила како таков....

Одамна се знае, и многу трагика има во тоа сознавање: на овој простор во срцето на размирниот Балкан што го носи името Македонија историјата крваво патувала и низ обилно обилно пролеваната крв на нејзините бунтовни колена се осмислуваа во своето траење и во својот поход кон иднината.

И токму поради такви трагични перипетии и преломности во народните судбини, лириката насекаде по светот е поуниверзална за светот на човечкиот безброј со призвукот на својата потресно-борбена каденца.

И сосема природно е што поетите ги однегувале како свој порив, како кажување кое потресува, мотивите за мачениците од времето на Преродбата, за Гоце и Илинден, за Рацин и Вапцаров, за хероите паднати во нови револуционерни надигања од нашите најјужни предели.

Антологијата содржи 33 поети, од првата повоена генерација, Кочо Рацин до најмладиот поет, Марија Кукубајска, меѓу кои Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Јован Стрезовски, Ѓорги Сталев, Анте Поповски, Славко Јаневски, Петре Андреевски, Јован Котески и Михаил Ренџов.

Димитар Митрев ја има вклучено во Антологијата песната од Марија Кукубајска посветена на Гоце Делчев и Илинденското востание, „Македонија се колне во тебе“ (сонет за Гоце).

Сонетот е награден на анонимен конкурс распишан од Сојузот на студенти на Македонија, 1972 година.

Резултатите од конкурсот се објавњни во Студентски Збор, стр. 2, Скопје, 1973

И СТУДЕНТИТЕ  ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ПИШУВААТ ЗА

ПОЧИТТА КОН ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ЉУБОВ КОН ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА

Споменикот на Гоце – тоа е Македонија, од КУКУБАЈСКА, Марија, е есеј награден на истиот конкурс, со I Републичка награда од Сојузот на студенти на Македонија.

Резултатите од конкурсот се објавени во Студентски Збор, стр. 2, Скопје, 1973.

      mir

mir2

Сонетот е вклучен во предговорот на брошурата издадена по повод отварање на Постојаната поставка за Илинденското востание, Црква Св. Спас, Скопје, 1998, во организација на Заводот за заштита на спомениците на град Скопје, директор Васил Иљов.

Сонетот е објавен во Нова Македонија и повеќе други списанија и весници.

mir3

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.