Среда, 24 Јули 2019    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (33)

vkjk1

ПОЗДРАВЕН ЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

Во последното 33-то продолжение објавено во „Македонска нација“ ќе нагласиме дека илустрираното  монографско дело „55 години Есма со нејзината песна “ на авторот Славе Катин, издадена во 2015 година, на 410 стр страници, во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија е на македонски, англиски и ромски јазик

Монографијата е посветенo на амбасадор на ромската песна и македонски музички освојувач на сите меридијани. Име познато и признато, уважено и респектирано во музиката. Вистината за Есма Реџепова – Теодосиевска е една необична, интересна и многу убава приказна, која е облагородена во оваа монографија и со авторовата имагинација, знаење и умеење, Есма е претставена како пример за афирмација на македонската и ромската песна и за Република Македонија.

Во овој дел на монографијата се наведува дека по повод доделувањето на највисоката државна титула „Национален уметник на Република Македонија“ на Есма Реџепова-Теодосиевска, на присутните се обрати претседателот Ѓоѓе Иванов, меѓу другото рече:

Почитувана госпоѓа Есма Реџепова-Теодосиевска, ценети присутни, дами и господа,

„Музиката е универзалниот јазик на човештвото“. Оние што совршено го владеат тој јазик, допираат до срцата на многу луѓе и народи.

kfgd2

Претседателот Иванов

Денес со нас е светската Кралица на ромската музика и естрадниот уметник на македонската песна, нашата славна музичка дива, Есма Реџепова-Теодосиевска. Денес, имаме можност да ја поздравиме и да ѝ се заблагодариме за сè што прави за нас, за Република Македонија.

Ценети присутни, 

Се вели дека луѓето ќе ги познаеме по нивните плодови. Притоа, неспорно е дека добрите луѓе создаваат и оставаат добри плодови.

Македонија е мајка која отсекогаш давала големи луѓе кои го менувале светот, кои просветлувале, создавале и оставале трајни вредности. Синови и ќерки кои создавале и оставале добри плодови. 

Чест ни е што една од тие големи ќерки на Македонија е и нашата Есма. Нејзиното творештво, живот и посветеност кон вистинските вредности се пример за нас и за нашите потомци.

Кога пред три години ја одликував Есма Реџепова-Теодосиевска со Орденот за заслуги за Македонија, реков дека во неа се синтетизирани врвните човечки и уметнички квалитети. Како и дотогаш, така и оттогаш, Есма многукратно ја потврди вистинитоста на тие зборови.

Дами и господа,

Од најраната младост, Есма постојано и безрезервно нè дарува сите нас со својата музика, хуманост и љубов.

Со својата прекрасна музика, Есма допира до срцата на многумина и во земјата, но и надвор од неа. Со секоја испеана песна, снимена плоча и одржан концерт, таа ни овозможува повторно да уживаме во нејзиниот уникатен глас, но и во хуманата порака што ни ја пренесува. 

Каде и да пее, каде и да настапува, Есма повторно ја воодушевува публиката и жнее нови успеси. Успеси што постојано и несебично ѝ ги подарува на Македонија.

hbdk3

Есма на сцена

Музиката на Есма е музика на Македонија, на нашето многуетничко, многујазично и многурелигиско општество. Тоа е музика што поврзува наместо да раздвојува. Музика што не познава и не признава државни, етнички, јазични или социјални граници. Нејзината музика во многу нешта е универзална и длабоко човечна.

Ценети присутни,

„Љубовта е плод што се раѓа во секое годишно време, плод што секому е на дофат... таа започнува со грижата за најблиските“. Ова се зборовите на една друга голема ќерка на Македонија, Мајка Тереза. Со својата хуманост, Есма постојано на дело ни покажува што значи да се живее според принципите на солидарност и љубов кон ближниот.

Заедно со нејзиниот сопруг, покојниот Стево Теодосиевски, таа ги смени животите дури на 47 деца. Им даде дом на бездомните, надеж на безнадежните, и иднина на многумина кои тогаш немаа сегашност.

Нејзиното многубројно музичко семејство денес е распространето во Република Македонија, но и насекаде во светот. Некои од нив денес се тука, со нас. Уверен сум дека, каде и да се, сите тие достоинствено со себе ја носат музиката на Есма, посветеноста кон хуманоста и љубовта кон Македонија.

Во својата грижа и солидарност, Есма ги надминува границите на семејството. Ангажирајќи се за подобрување на економската и социјалната состојба на Ромите, Есма стана симбол на целата ромска заедница како нераскинлив дел од македонското општество.

Затоа, денес, ја поздравуваме нашата Есма, и ѝ благодариме за сè што прави како врвен естраден уметник, како мајка на многумина и како ќерка на Македонија. íблагодариме што како културен амбасадор придонесува за афирмација на Република Македонија во странство.

Дами и господа, 

Во годината кога го прославува својот 55-годишен јубилеј на професионална музичка кариера, ја имаме честа да ја прогласиме Есма Реџепова-Теодосиевска за Национален уметник на Република Македонија. Со тоа, ние денес ја искажуваме нашата посветеност кон уметноста и трајните вредности на музиката.

Уметниците биле, се и ќе бидат најзначајните гласници на мирот, почитувањето и разбирањето. Низ уметноста тие ги надминуваат сите граници и недоразбирања и невозможното го прават возможно. Тоа најдобро го покажува Есма.

hfvj4               

                                      Есма во младоста 

Затоа, на самиот крај, ве повикувам да го следиме нејзиниот пример. Да се поучиме од нејзините дела. Во сè што правиме да го вложиме најдоброто од нас. И, што е најважно, да знаеме како да го пренесеме најдоброто на нашите потомци. Само така ќе придонесеме за општото добро. Само така ќе обезбедиме просперитетна иднина за Република Македонија“, рече на крајот од своето излагање претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорѓе Иванов.

Крај

Katin6

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.