Четврток, 16 Мај 2019    PDF Печати Е-пошта
„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

zz

ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Нови книги

Деновиве, непосредно пред одржувањето на Саемот на книгата во Скопје, излезе од печат најновото поетско остварување на македонскиот писател, битолчанецот Панде Манојлов со наслов „Јужни реки“. Стихозбирката, финансирана од Министерството за култура, ја издаде реномираната издавачка куќа „Силсонс“ од Скопје. Книгата содржи 74 песни поделени на три циклуси: „Тивкоод“, „Поле за сонување“ и „Омајниот вкус на татковината“.       

Песните од оваа стихозбирка на Манојлов водат отворен дијалог со нашето денешно време и македонските збиднувања полни патриотски призвук, иронзираат со општествените збиднувања, со прозаичното во политиката, укажувајќи притоа, дека македонското поднебје си е такво какво што си и е - македонско и секој треба да го чувствува омајниот вкус на татковината и тој како поет никогаш не заборава: „ Долго и отровно копје/ лебди над моите гради,/ а сабјата/ сè уште се кова/ во ковачницата/ скриена во судбината зла/.

portret PM-FR-1       

Панде Манојлов, еден од најплодните македонски поети, е автор на 29 книги поезија, проза, книги за деца и млади и книга театарски критики. Со свои песни е застапен во повеќе антологии во: САД, Кина, Индија, Франција, Бугарија, Палестина, Србија, Хрватска, Руската Федерација и други држави. Минатата година во Париз , Франција напоредно на француски и македонски јазик беше издадена стихозбирката „Мајчин јазик“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Друштвото на писателите на Калифорнија, САД и други здруженија.

 

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.