Среда, 24 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (20)

esmas1

СВЕТСКИ ТУРНЕЈ И ПРОСТУВАЊЕТО СО СТЕВО

Во 1983 година, повторно биле поканети на Вториот светски фестивал на Ромите во Чандигар, во Индија. По спектакуларниот настап останале уште две недели како гости на владата на Индија и ги доживеале големите почести, признанија и вниманија

Во период од триесетина години колку што живееја Есма и Стево во Белград одржале илјадници концерти. Затоа, поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти биле наречени  „граѓани на светот“.

Со враќањето во Скопје, Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ продолжиле со исто темпо во одржувањето на концерти, особено на хуманитарен план, за што добиле илјадници пофалници. Така, во 1995 година ја реализирале големата западноевропска турнеја, на која Есма била прогласена за „Примадона на европското пеење“ и таа станала единствен фолк-пејач носител на оваа награда.

Во 1997 година кога починал големиот Стево Теодосиевски, Есма била прогласена за најхумана жена во Македонија.

Смртта на нејзиниот сопруг Стево во 1997 година, длабоко ја трогна Есма Реџепова. На тагата и немаше крај. Загубата на својот животен сопатник Стево, Есма не можеше да ја прифати и да поверува дека тоа е вистина. Но, тоа беше Господова работа.

Неколку години по смртта на Стево, Есма тагуваше и стагнираше на естрадната сцена. Дури после три години, таа ја продолжи својата пејачка кариера заедно со оркестарот „Теодосиевски“. Во негова чест едно од внучињата е крстено по дедо му Стево, а една од внуките го носи името на Есма.

Но, животот си го направи своето. Есма повторно се искачи на сцената и ја продолжи својата кариера во Македонија, на Балканот и светот, поради што доби голем број награди и признанија.

esmas2

Белград

Треба да се нагласи дека Стево Теодосиевски бил голем аналитичар и човек кој водел грижа да остави траги за сите членови на неговиот тим и случувањата на заедничкиот музички живот. Така, тој водел евиденција за концертите: бројот на концертите и бројот на посетителите, местатата каде се одржуваат, државите, одгласите во средствата за информирање и други карактеристики.

Според тие податоци направен е еден рекапитулар на бројот на заедничките концерти на Есма, Стево и нивниот оркестар „Теодосиевски“, кој  изнесува околу 12.000 комерцијални концерти, и околу 2.000 концерти со хуманитарен карактер.

По смртта на Стево, Есма со оркестрите „Теодосиевски“ и „ Есма бенд“, ја продолжила својата естрадна кариера. Во период од петнаесетина години има одржано повеќе од илјада самостојни концерти, од кои голем број се со хуманитарен карактер. Затоа бројката од 15.000 заеднички концерти кажува сè.

Во периодот без Стево, концертите на Есма биле насочени кон странство. Тоа особено е изразено од  2000 година, кога Есма ја организирала нејзината прва турнеја во Белгија, а тоа се случило на 12 и 15 април во Брисел. Потоа, во мај 2000 година, Есма имала успешно гостување во Лондон, во Велика Британија. Истиот месец таа со својот оркестар имала подолга турнеја и во рок од десетина дена одржала 8 многу успешни концерти во Мадрид, Мурсија, Валјадолид, Бургос, Барселона, Сарагоса и Елче.

По пауза од еден месец Есма гостувала во Германија, земјата која многу ја сака, каде одржала два концерта во Берлин и Хановер, за потоа да одржи уште два концерта во градовите Бент и Бриж, во Белгија.

За Есма Реџепова-Теодосиевска, 2001 година останала во трајно сеќавање, бидејќи тогаш, по смртта на Стево таа одржала многу концерти во земјата и во странство. Таа година ја потсетувала на времето кога заедно со Ансамблот „Теодосиевски“ одржувале и по три концерти во денот, како да се гледа филм во киносалите.

esmas3 esmas4  

Од погребот на Стево Теодосиевски

Така, на 3 јануари 2001 година повторно гостувала во Шпанија, одржувајки концерти во поголемите градови Валенсија, Мадрид и Малага. Еден ден подоцна, токму на православен Божиќ таа имала концерт во Торино, во Италија. Еден месец подоцна имала подолга турнеја во Франција и тоа еден незаборавен концерт во Париз и уште три во околните градови.

Турнејата во Холандија, пак, за Есма била една од подолгите  и траела од 16 април до 5 мај 2001 година. Во тој период таа одржала 14 концерти во различни градови, како што се: Антверпен, Амстердам, Мастрихт, Гронинген и други. Потоа од 5 до 15 октомври 2001 година, гостувала во САД, каде одржала 6 концерти во преполнетите сали во Њујорк, Бостон, Дурхам и други места во различни држави. Од САД гостувањето го продолжила во Канада, каде во исполнетата голема сала на Меси Хол присуствувале и голем број Македонци од сите делови на Македонија, а кои живеат во Торонто.

Се чини дека 2007 година е една од најплодните години за Есма Реџепова-Теодосиевска. Во периодот од 6 март до 31декември 2007 година, само во државите на Европската унија Есма одржала четириесетина концерти, меѓу кои во трајно сеќавање ќе останат естрадните настапи во преполнетите сали во Берлин, Виена, Лондон, Будимпешта, Милано, Лисабон, Осло, Стокхолм, Стразбур, Барселона, Мадрид и други поголеми градови.

Исто така, во 2007 година, Есма гостувала четири пати во Атина и еднаш во Лемнос, каде во етерот ја раширила ромската и македонската песна. Истата година, меѓу другите центри, гостувала и во Киев, Загреб и Мостар.

esmas5

Скопското Кале

Меѓутоа, за Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот оркестар, 2008 година е забележана како година со најмногу одржани концерти во странство. Во таа година Есма одржала голем број концерти во Република Македонија и околу 50 пати настапила во различни земји, каде ја претставувала културата на Република Македонија. Така, меѓу другите земји, таа одржала неповторливи концерти во: Ливерпул, Берлин, Гетеборг, Атина, Истанбул, Прага, Варшава, Москва и други светски метрополи.

Во периодот од 2008 до 2014 година, Есма Реџепова организирала поголем број концерти во државите во поранешна Југославија, каде во тој период со Ансамблот „Теодосиевски“ одржала речиси илјада концерти. Овој пат Есма ги повторила и обновила сеќавањата со публиката која неизмерно ја цени, почитува и присуствува на нејзините концерти во сите места, а особено во градовите, меѓу кои се вбројуваат: Љубљана, Бања Лука, Загреб, Белград, Осиек, Марибор, Врање, Опатија, Бар и многу, многу други центри.

Во 2013 година, Есма Реџепова–Теодосиевска заслужно стана „Национален уметник на Република Македонија“. Во овој период таа го прослави својот јубилеј „55 години Есма со нејзината песна“, со што се оддолжи на својот ромски и македонски народ, афирмирајќи ја ширум светот македонската и ромската песна, како и Република Македонија.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Заев се наоѓа на врвот од октоподот

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.