Среда, 10 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Еванѓелие по Јоана (8. дел)

Кониково, Беломорска Македонија - 18 век

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

[стр.070] ЛУКИ

НЕДЕЉА. 1.

От Луки.

НА тоа време. стоеши Исус при Ѓолут Генисарецки. И ету две сјајки дека стоеја уф Ѓолут: и рибариту ка ислегоа ут сјајките исплакнуваа мрежите. И Исус флезе уф ина ут сјајките, [стр.071] таа што беши на Симон, и му се моли да гу утдалече троа ут земљата: и сенна и учеши људиту ут сјајката. И ка павса да зпурува, рече на Симон: оди понадлабоку, и фарлејте мрежите ви да фатите риби. И отвешта Симон, и му веле: Дидаскале, сата ноќа са мачихме, та не фатихме ништу: ами сега сос лакардиата ти да фарлам мрежите. И ка чиниа воа, затфориа многу бис број риби, дека мрежата му са расчеснуваше. И накимнаа на дружината му дека беа уф другата сјајка, и дујдоа, и напалниа и двете сјајки, толку дека сакаа да путонат. И ка виде воа Симон Петар, панна на кулената Исусуви, и велеши: Господине, испанни ут мене, зашто јазе сам чувек грешен. Зашто и фати потрес, и воа Петар и друзите сите, што беа зајно сос негу, зарди ловут на рибите. Така и Јакова [стр.072] и Јоана Синувите на Зеведеа, тие што беа уртаци сос Симон, и веле Исус на Симон: ним са бои, утсега нака ќи ловиш људе, живи. И ка исвадиа сјајките на земљата, и уставиа сите, и утидуа пу негу.

НЕДЕЉА. 2.

От Луки.

РЕче Госпот, кату ка сакате да ви чинат људиту, така чинејте и вие на них. И аку милувате тие што милуват, што дарба имате, зашто и грешните милуват тие што и милуват. И аку чините арну на тие што ви чинат арну, што дарба имате, зашто и грешните воа чинат. И аку зајмувате на тие ут тие што имате ниет да и земите пак, што дарба имате, зашто и грешните на грешни пузајмуват, да восприемнат равну. Ами вие милувајте душманито ви, и му [стр.073] чинејте арну, и пузајмувајте и ним ундисајте ништу ут воа: и ќи биде платата ви многу, и ќи са чините синуве на вишниут, зашто воа е благ на неблагударните, и сијрете. Чинејте се убо и вие милостиви, кату ка е милостив и Татку ви.

НЕДЕЉА. 3.

От Луки.

НА тоа времи, утиде Исус на идин Грат дека гу велеа Најн: и зајно сос негу одеа и Ученици многу: и калабалак многу. И ка наближиа на портата на Градут, ету и исваѓат идин мартовиц: и тоа беши син единороден на мајка му, и она вдувица: и народ многу беше зајно сос неја. И ка ја виде Госпут, му думиле за неја: и му веле: ним плакаш. И утиде близу, и фати одарут, и тие дека гу дарчеа застанаа, и рече на умрењут: о младе на тебе вељам, стани горе. И [стр.074] умрењут стана и сенна, и зафати да зпурува, и гу даде на мајка му. И страх гулем и фати сите, и пруславиа Бога: зашто гулем Профитин стана на родут ни, и зашто Бог пуглена људито му.

НЕДЕЉА. 4.

От Луки.

РЕче Госпот Приказната ваа. Излезе сејачут да сее семито му, и таму дека сееши, другу панна на патут, и са истапка, и пилиштата небесните гу изедоа. И другу панна на патут, и ка исникна са исуши, кату да нема влага. И другу панна внатре уф траниту, и кату да изникнат зајно сос траниту гу удавиа. И другу панна на земљата арната и изникна, и чини род што ката. И Учениците му гу питаа, и велеа: што ќи каже приказната ваа. И Исус рече: на вас са даде да пузнавате [стр.075] тајните Можје на царствуту, ами на друзите зпурувам сос прицти, да не видат гледајке, и гледајке да не видат. И Приказната е ваа: семиту е лакардиата Божие. И тие дека са сејани на патут, са тие што слушјат: напуком оде диаволут, и кренува лакардиата ут сарцито му, да не веруват и са спасат. И друзите дека са сејани на патут, са тие кога чуат сос радус примуват лакардиата: ами вие корен немат, и тие уф малце времи веруват, и кога дојде беља утдалечуват. И тоа дека панна уф траниту, са тие дека чуа лакардиата, и ут печалбите на сфетут, и ут иманиту, и ут наслаждениту на животут са удавуват, и не чинат род. И тоа дека панна на земљата арната, са тие, тие што чуа лакардиата богува, и ја чувата внатре уф сарциту арнуту и благуту, и сос тарпениту чинат род. Вие ка учеши викаше: кој има уши да слушја, нека слушја.

[стр.076] НЕДЕЉА. 5.

От Луки.

РЕче Госпот, некуј чувек беше богатин, и са ублечуваше царвени и висини руби, и са веселеши на секуј ден сфетло. И имаше и идин сиромах имито му Лазар, и тоа беше фарлен прет вратата му пален рани. И питимисаше да са најаде ут ронките дека паѓаа ут трапезата на богатинут, ами кучињата идеа и лижеа раните му. И дујде времи и умре сиромаут, и гу зеа Аѓелиту, и гу утнесоа на пазвата Аврамјува: и умре и зенгинут и са закупа. И внатре уф пеколут ка са наоѓаши на маките: си крена очите и виде Аврама ут далеку, и Лазара уф пазувите му. И воа викна, и рече: О Татко Авраме пужалај ма, и пушти Лазара да путопи краита на прастут му уф водата да расладе јазикут ми, зашто са мачам внатре уф огенут [стр.077] воа. И Аврам му рече: о чедо, смисли, зашто ти си зе дубрините ти на животу ти, и Лазар такожде злините: и сега воа са моле, и ти са жаљуваш. И наврас сите вие, меѓу вазе и на нас има гулема пропаст, зарди да не можат тие дека сакат да заминат, уттуа на вас, нето тие дека са уттаму, да заминуват на нас. И он рече: ти са молам убо, о татко, да гу пустиш на куќата Таткувата ми. Зашто имам пет брате, да му мартириса вие, да не дојдат и они на местуту воа на маката. Му веле Аврам: имат Мојсеа и Профититу, нека слушјат них. И он рече: не, Татко Авраме, ами аку оде некуј ут умрените на них, ќи са пукајат. И Аврам му рече: аку Мојсеа и Профититу не слушјат, нету аку ужувее некуј ут умрените ќи гу веруват.

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:

http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

 

На прво место

News image

Мицкоски: Црно време!

Црно време! Неразјаснети убиства. Газење на народот и државата. Промена на име. Сиромаштија. П...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.