Среда, 12 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Еванѓелие по Јоана - Кониково, Беломорска Македонија 18 век (4. дел)

Текстот е најден во библиотеката на православната црква од Александрија во Египет, го пронајде во 2003 г. Финскиот историчар и филолог Мика Хакарaинен [Mika Hakkarainen] од Универзитетот во Хелсинки. Ракописот претставува оригинал на преводот од еванѓелието, и е најстаро еванѓелие на Македонски народен јазик, не црковен. Направен е во форма на Литургиска книга напишана рачно на Унцијално Којне писмо од непознат преведувач при крајот на 18-от век, и препишана и правописно исправена од Иромонахот Павел Божигропски Протосингел, родум од Кониково, Воденско, Беломорска Македонија.

Текстот го препишалe од оригиналниот ракопис Финскиот лингвист Jоуко Линтстед [Јouko Lindtstedt] и Људмил Спасов од Универзитетот „Кирил и Методија” во Скопје. Во преписот се користени Латинското писмо и комбинации на обични и апострофирани Латински букви за најприближни озвучувања на живописните букви и глоси (гласови) кои се исфрлени од модерниот Македонски јазик (Ъ, Ы, Ь, Ю, Я, Щ, и т.н.) кон средината на минатиот век. Заради  полесно читање и приближување на наречјето од тоа време кон денешниот читател, во кириличната транскрипција подолу овие правописни посебности се занемарени и оставени на изучување на лингвистите...

НА ЛИТУРГИА.

От Jоана.

НА пукошниут ден гулемиут на Празникут, стоеши Исус, и викна: и рече, аку му са пие на некуј, нека дојде на мене, и нека пие. Тоа што верува на мене, как Рече Писаниету, реки ут вода жива ки течат ут сарциту му. И воа гу рече зарди Духут што ки земеа тие што веруват на негу: зашто ошти не беши даден Дух Сфети, зашто Исус ошти не са пруслави. Многу убо ут калабалакут ка чуа вие лакардии, велеа: воа е истина Профитут. Друзи велеа воа е Ристос, и друзи велеа: да не ут Галилеа [стр.040] иде Ристос? Не рече ли Писаниету, зашто ут семиту Давидуву, и ут Витлеем Селуту, таму дека беши Давид, Pистос иде. Тараф убо са чини ут калабалакут зарди негу. И некуј ут них сакаа да гу фатат: ами никуј не спрустр врас негу раци. Дујдоа ум измечиите на Владиците и Фарисеите: и они му рекоа зашто не гу дунесохте? Отвештаа исмечиите: нето никуј пат така збурува некуј чувек, кату ка збурува воа чувек. Фарисеите убо му отвештаа: да не са прилажахте и вие. Да не некуј ут Напрешните верува на негу, или ут Фарисеите. Ами воа Калабалак што не пузнава Законут е пруклет. Му веле Никодим, тоа што беши утишел ноќјата на негу, беши идин ут них. Да не законут ни сади на чувекут, аку не чуе понапрет негу, и да пузнае што чине. Отвештаа и му рекоа: да не си и ти ут Галилеа, исгледај пудробну [стр.041] и види, зашто Профитин ут Галилеа не стана. И Исус пак му збурува: и рече Јази сам сфетилуту на Сфетут: тоа што иде пу мене, не оди уф темнината, ами ќи има сфетилуту на животут.

[стр.042] От Јоана

РЕче Госпот, Гледајте да не поудите, никуј ут вие малечките: зашто ви велем нихните Аѓели на Небеса гледат дајма лициту на Татку ми, што е на Небеса. Зашто Синут чувечки дујде: да спаси загинатуту. Што ви са гледа, аку санким некуј чувек да има сто офци, и да загине идне ут тие: не устава девитдисету и девет, и оди пу планините, пала загинатата. И аку пугоди [стр.043] да ја најде, истина ви велем, оти пувеке се радува на таа, колку на девитисет и девет, што не загинаа. Така е волну прет Татку ви, што е на Небеса, да загине идин ут малечките вие. И аку греши брат ти на тебе, оди и гу карај меѓу тебе и он сам: аку та слушја, и дуби брат ти. Ами аку не та слушја, земи сос тебе ошти идин или два: да са уверува сека реч ут два или три мартире. И аку не слушја и тие, кажи гу на царквата, и аку не слушја и на царквата, имај гу кату ут друг јазик и Ѓумрукчиата. Истина ви велем: колку аку варзите врас земљата, ќи са варзани на Небуту: и колку утварзите врас земљата, ќи са утварзани на Небуту. Пак истина ви велем, оти аку симфонисат два ут вас врас земљата за секуе работа дека ќи пусакат, ќи му са чине ут Татку ми Небесниут. Зашто дека има два, или три исбрани уф имито ми, [стр.044] таму сам и ази пусреде на них.

НЕДЕЉА. 1. На сите Сфетци.

От Матеа.

РЕче Госпот, на Учениците му. Секуј чувек убо, што мартириса уф мене прет људиту, ќи мартирисам и јази зарди негу прет Татку ми Небесниут. И кој са утфарли ут мене прет људиту, ќи са утфарлам и ази ут негу прет Татку ми Небесниут. Тоа што љубе Татку или Мајка повеќи ут мене, не е дустоен зарди мене. И којту не земи крастут му, и да дојде пу мене, не е дустоен зарди мене. Тогај отвешта Петар, и му рече, ету, ние дека уставихме сите, и дујдохме пу тебе: што убо ќи са чине. Му веле Исус: истина ви велем, зашто вие што дујдохте пу мене, на прирогениту, кога седни Синут чувечки [стр.045] на тронут на славата му, ќи седните и вие на дванајсет тронуве, да садите дванајсете јазици на Израил. И секуј што устави куќи, или братја, или сестри, или Татку, или Мајка, или Жена, или Деца, или Ниви, зарди имито ми, сто ката ќи земи, и ќи наследува и живот вечни. И многу правни ќи са чинат напукошни: и напукошните правни.

НЕДЕЉА. 2.

От Матеа.

РЕче Госпот: Сфетилникут на снагата е окуту, аку убо окуту ти е чисту, и сата ти снага сфелива ќи биде. ами аку и окуту ти е шијрецку, сата ти снага ќи биде темна, и аку убо, виделуту што е уф тебе, е темнина, колку ќи е темнината. Никуј не можи да работи два Господаре: зашто или идинјут ќи умрази, и другиут ќи поуде, не можите да работите на Бога, и на иманиту. Зарди тоа ви велем: ним пичалете за животут ви, што да јадите, и што да пиете, нету снагата ви да ја ублечите: животут не е повеќи ут јаститу, и снагата ви ут рубата. Смислејте пилиштата, што летаат на ветарут, оти нето сејат, нето жнијат, нето берат, уф хамбариту, и Татку ви Небесниут и храни: и вие не делите многу ут тие. Кој ут вас што пичалите можи да прикладе некуј аршин на бојут му. И зарди рубата што са грижите? Научејте пудробу, цветињата на бахчата, как растат, не са мачат, нито предат. И ви велем, оти нито Соломон сос сата му слава са ублече кату идно ут вие. И аку билките на бахчата, што са воа ден, и утре и клават уф фурната, Бог така и столисува, колку повеќи вази маловерни. [стр.048] Ним са грижејте убо, да велите, што да јадиме, и што да пиеме, и што да са ублечиме. Зашто вие сите јазиците и палат: зашто Татку ви Небесниут знае ка ви требуват вие сите. Ами перву сакајте Царстфуту  Божие, и правината му, и вие сите ќи ви са артардисат.

(продолжува)

Приготвил: Васил Чулев

Комплетниот текст овде:http://www.helsinki.fi/~jslindst/268/

p001

p004

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.