Среда, 15 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Брајчинските иселенички средби

brajcinoСе одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

На седми и осми август 2018 година, на денот на прославата на празникот посветен на Света Петка, по 23 пат се одржаа „Брајчинските иселенички средби“. Ова значајна манифестација на која присуствуваат голем број иселеници и гости се одржува во континуитет на празникот Света Патка, а се слави селото Брајчино, во Долна Преспа

„Брајчинските иселенички средби“. се најзначајна манифестација за иселеничкото село Брајчино. Таа започнала да се слави многу оддамна како селска слава посветена на празникот Света Петка. Меѓутоа, од 1995 година прославата прераснала во манифестација под името „Брајчинските иселенички средби“.

И оваа година како и во предходниот период, традиционално славата за Света Петка започна во манастирската црква „Св. Петка“, една од поважните духовни светилишта во Долна Преспа. Прославата започна на 7 август со посна вечера (заслуг), на која присуствуваа посетители од Брајчино, иселеници, роднини, пријатели и гости од околните села и од други места.

Централната прослава, пак, на „Брајчинските иселенички средби“ е на 8 август. Оваа година таа започна со ручек, а на вечерта се собраа околу илјада посетители, меѓу кои, брајчинци од селото, иселеници од прекуокеанските земји Канада, САД, Австралија и од Европската Унија, особено од Шведска. Исто така, имаше брајчинци што живеат низ Македонија, особено во Скопје и Битола, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија, гости од Мала Преспа и иселеници од другите села, туристи од цела Преспа, како и голем број повратници од Долна Преспа,Битолско, Охридско, Леринско и од други места.

На овој значаен, духовен, светол и ден на селската слава за брајчинци и за сите посетители се играше и се пееше, се јадеше и се пиеше до утринските часови, а се чувствуваше топло гостопримство и срдечност од членовите на Одборот за прослава и на другите брајчинци како домаќини.

Дваесет и трите „Брајчинските иселенички средби“ се одржаа во центарот на селото, на платото пред зградата на поранешното основно училиште. Тие започнаа со народна веселба, со песни и ора, на која гостите ги забавуваа оркестарот „Фонтана“, со учество на познатите и неуморни естрадни уметници: Даниела Темелковска и Петар Нечовски.

Инаку, според пишаните материјали за селото, се чини дека печалбарското Брајчино се преселило во Торонто, Канада, каде живеат стотина семејства со над 500 брајчинци, Таму тие формирале свое друштво кое е едно од најактивните и кое се грижи за средбите и воопшто за селото. Брајчинци ги има и во САД, Австралија и Шведска, кои после педесетите години од минатиот век заминале засекогаш по „белиот свет“.

Како последица на иселувањето во деведесеттите години на минатиот век, од над илјада жители, колу што живееле во селото, бројот се намалил на околу двеста, за денес да останат само стотина жители од кои поголемиот број се стари лица. Но, често се вели дека бајчинци го напуштиле родното место, но носталгијата не ги напуштила нив.

Меѓутоа, за одбележување е тоа што од пред петнаесеттина години селото Брајчино почна да заживува. Со изградбата на асфалтниот пат до селото и асфалтирањето на голем број од селските улици, изградбата на водоводната мрежа и друга инфраструктура, животот почна да се враќа во селото. Тоа како да беше повод бројни пензионери и иселеници од Брајчино да се вратат на дедовските корени, да ги реновираат старите куќи или да градат нови современи домови кои преставуваат пример во македонската архитектура.

Во почетокот на заживувањето на селото се започна со развивање на селскиот туризам што беше вистински препород за Брајчино, кое надалеку е познато како еден вид климатска банја. Со своите угостителски и други објекти Брајчино има водечка улога во Долна Преспа, особено со способностите и можностите на брајчинци за развивање на селскиот туризам. Така, денес се отворени неколку угостителски и други туристички објекти кои привлекуваат бројни посетители и значат светла иднина на печалбарско Брајчино.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.