|
||||
| Бугарскиот поет Љубомир Левчев добитник на Златен венец за 2010 година |
![]() Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата едногласно одлучи дека четириесет и деветиот Златен венец на струшките вечери на поезијата му припаѓа на бугарскиот поет Љубомир Левчев. Во одлуката на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата се наведува дека: „Левчев е без сомнение еден од најголемите живи бугарски поети кој со својот неповторлив лирски опус, создаван во 20. и 21 век, ја одржува свежа и привлечна, естетски и тематски изненадувачка и цивилизациски мудра поетската магија што засекогаш лечебно ја крепи вербата на човекот во подадената рака, во возвишената книжевна порака и во творечкото единство на јазиците од чие богатство светот е секогаш помоќен во својата мисија на зближување на народите и културите“. Меѓународната поетска афирмација на 75-годишниот Левчев почнува токму во Македонија. Неговата песна „Затворениците слушаат музика“ во превод на Гане Тодоровски е објавена во тогашниот влијателен книжевен весник „Разгледи“. Автор е на 50 поетски книги на бугарски јазик, објавени од 1957 до 2007 година во Бугарија и на 70 одделени книги во 34 земји во светот. Левчев е носител на 17 национални и меѓународни награди за поезија речиси на сите континенти.Дали и во овој случај, противниците на градењето и унапредувањето на пријателски односи меѓу Македонија и Бугарија, ќе настојуваат дека во Македонија има некакви „црни сили“ кои ја мразат бугарската држава и народ? |




Меѓународната поетска афирмација на 75-годишниот Левчев почнува токму во Македонија. Неговата песна „Затворениците слушаат музика“ во превод на Гане Тодоровски е објавена во тогашниот влијателен книжевен весник „Разгледи“. Автор е на 50 поетски книги на бугарски јазик, објавени од 1957 до 2007 година во Бугарија и на 70 одделени книги во 34 земји во светот. Левчев е носител на 17 национални и меѓународни награди за поезија речиси на сите континенти.























