|
||||
| Документарецот „Име си е име“ прикажан во Мелбурн |
![]() Во Мелбурн вчера се одржа австралиската премиера на филмот „Името си е име“ од режисерот Сигурјон Ејнарсон и продуцентот Џејсон Мико, посветен на проблемот за името со Грција. Театарот „Форум 2“ во центарот на градот беше исполнет до последно место и за двете одржани проекции. Покрај припадници на македонската дијаспора забележително беше и присуство на лица од други етнички групи пријатели на Македонците. Во Австралија допатуваа и режисерот и продуцентот на документарецот, кои по проекциите одговараа на прашања од публиката. До нив македонската заедница упати и голема благодарност поради зафаќањето со суштината на прашањето за името. Прикажувањето на „Име си е име“ го овозможи Комитетот за човекови права од Австралија со седиште во Мелбурн. Филмот беше прикажан во Сиднеј, а ќе следат и проекции во уште неколку австралиски градови. Во докумнтарецот, чиј продуцент е Џејсон Мико, а музиката ја напиша и изведува фронтменот на групата А-Ха, Мортен Харкет, исландскиот патеписец Ејнарсон ги прикажува убавините на Македонија, но ја согледува и вистината за земјата преку нејзините луѓе и нејзиното историско, културно и природно наследство. Фокусот на филмот е на тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име. |




























