|
||||
| Вечери на женските права |
„Вечери на женските права“ е фестивал организиран од канцеларијата на УНИФЕМ (Развоен фонд за жени на Обединетите Нации) во Скопје ![]() Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, за одбележување на меѓународниот ден на жената 8ми Март и 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW). На фестивалските вечери ќе бидат прикажани 4 филмови кои презентираат различни приказни на жени. Истите ќе бидат проследени со дискусии на поврзани теми кои ќе имаат за цел да ја развијат свеста за статусот на правата на жените и предизвиците со кои сме соочени во остварувањето на родова рамноправност на сите нивоа. Фестивалот истотака ќе ја вклучи изложбата “Каде одиме?” изработена од студентите на ЕСРА во соработка со студентите на родови студии, која прави паралела на искуствата на жените и правата загарантирани со CEDAW. Настанот ќе биде затворен на 8ми Март со забава и коктел. Влезот е слободен за сите фестивалски настани. Вечери на Женски Права: Програма Петок 05.03.2010 / 20:00 – 21:30 h Кино Фросина / Младински Културен Центар Проекција на филмот: “Погледни го животот низ моите очи“ Реж.: Марија Џиџева Дискусија на тема: Жените и Религијата/Традицијата Сабота 06.03.2010 / 20:00 – 21:30 h Кино Фросина / Младински Културен Центар Проекција на филмот: “Роза“ Реж.: Маја Младеновска Дискусија на тема: Тело, разлики, предрасуди Недела 07.03.2010 / 20:00 – 21:30 h Кино Фросина / Младински Културен Центар Проекција на филмот: “Сите петки!“ Реж.: Дана Будисављевиќ Дискусија на тема: Феминистичките погледи на сексуалната работа Понеделник 08.03.2010 / 20:00 – 21:30 h Кино Фросина/Младински Културен Центар Проекција на филмот: “Девојчето и нејзината хармоника“ Реж.: Билјана Гарванлиева Дискусија на тема: Жените во филмот: нејзината приказна 21.30 – 23.00 h Коктел Изложба на фотографии: “Каде одиме?“ – 30 години Конвенција за Елиминација на сите форми на дискриминација врз жените (CEDAW) 8мо Мартовска фешта од 23.00 часот во Indie Pub со Fighting Windmills и Ивана Драгшиќ |





























