|
||||
| Деби на Благој Нацоски во САД |
Со утрешната премиера на Вердиевиот „Фалстаф“ во Операта на Сиетл, македонскиот тенор Благој Нацоски ќе го има својот прв настап во Соединтите Американски држави. Операта на Сиетл е една од осумте најпрестижни оперски куќи во САД. Благој ќе го пее ликот на Фентон во оваа опера и овој настап всушност претставува двојно деби за него, бидејќи никогаш досега ја нема изведено оваа улога.Продукцијата на „Фалстаф“ е копродукција со Операта од Кливленд, во режија на Питер Казарас и под диригентство на Рикардо Фрица со кого Нацоски настапи во Националната Опера на Токио минатата година. Заедно со премиерата Благој ќе ги пее сите осум предвидени претстави и тоа во МекКоу Хол, сала на Операта на Сиетл која брои повеќе од 3000 седишта. Во улогата на Фалстаф ќе се менуваат Питер Роуз и Едуардо Чама, а Аличе ќе ја делат Светла Василева, неколку пати веќе партнерка на сцената на Благој во различни продукции низ Европа и Сали Волф. Форд ќе бидат Вестон Харт и Дејвид Вон, Мисис Квикли е Стефани Блајт, а Нанета е Ања Матановиќ. - По трет пат во оваа сезона изведувам опера која е спој на Шекспирово дело во музика. Се надевам дека улогата на Фентон ќе биде многу често на мојот репертоар во следните години. Питер Казарас е одличен режисер и беше прекрасна соработката со него во изминатиот период, а и фактот што е и поранешен тенор мене лично многу ми помогна во креирањето на овој лик од повеќе аспекти. Иако има два каста за осумте претстави сепак Фентон ќе го пејам само јас со обата. По прв пат во мојата кариера се соочувам со толку голем ангажман бидејќи се работи за една од главните улоги и тоа значи двојни проби, како и претстави два дена една по друга, вели Благој Нацоски пред настапот во Сиетл. |



Операта на Сиетл е една од осумте најпрестижни оперски куќи во САД. Благој ќе го пее ликот на Фентон во оваа опера и овој настап всушност претставува двојно деби за него, бидејќи никогаш досега ја нема изведено оваа улога.
























