Среда, 21 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Манастирите на Матка

Во живописниот предел на вештачкото езеро Матка, од двете страни на клисурата на реката Треска се наоѓаат средновековните манастири „Св. Андреја“, „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка и Свети Никола Шишевски. Скриени меѓу високите и стрмни карпи, пред изградбата на хидроцентралата Матка тие биле тешко достапни, а и денес да се пристигне до Шишевскиот манастир потребно еден час пешачење. До средината на XIX век манастирите се оддржувале, но „од арнаутските инвазии зградите биле разрушени, а калуѓерите прогонети и манастирите запустеле одкако земјата била завземена од албанските дојденци“. – пишува Георги Трајчев во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Манастир „Св. Андреја“

sv-andrej-matka

Во својот осврт за манастирите од скоспката епархија, тој во кратки цртни ги опишува манастирите покрај реката Треска. За манастирот посветен на Апостол Андреја, кој е еден од ретките каде се зачувани натписите од времето на подигнувањето и живописувањето на црквата, авторот кој го пишува своето дело пред подигањето на хидроцентралата Матка (1938), ќе го забележи следното:

„На половина час јужно од Матка од манастирот Матка (Успение на Пресвета Богородица), високо над реката Треска се наоѓа малиот манастир св. Апостол Андреј од 1368/1369 година, подигнат од вториот син на прилепскиот крал Волкашин, обдарен со хрисовула, во која биле наведени метоси и села. Патријархот Паисиј го посетил манастирот во 1401 година. Од реката Треска тешко се искачува кон манастирот бидејќи е стрмно. По тој мачен пат уште се забележуваат држачи за поддршка на патниците. Заобиколувајќи од подалеку лесно се патува од манастирот Матка за тука. Воопшто  тешко достапен е тој манастир, поради што ретко е посетуван. И покрај тие тешко достапноста на 13 јуни 1923 година српскиот крал и кралица го посетиле манастирот (д-р Л. Миркович, Старинар 1923 стр. 37).

Црквата св. Андреј е уште сочувана. Таа е висока 60 лакти, долга, 30, а широка 15, - со крстовидна куполна форма од типот на „слободен крст“ (Мавродинов, ибид). Нартексот е изграден подоцна. До пред 60 години (1867 г. – н.з.) манастирот се оддржувал, но од арнаутските инвазии, сите згради се разрушени, калуѓерите прогонети и манастирот запустел, одкако земјата била завземена од албанските дојденци.

Црквата е со кубе и покриена со керамиди. Од еден напис се гледа дека таа била ѕидана во 1369 година (Пера Попович – Старинар Г. 1922 стр. 115).“

Всушност описот кој ни го дава Трајчев преставува надополнување на денес веќе познатите  факти за овој манастир Инаку, фреските во оваа срква се дело на митрополитот Јован и јеромонахот Григориј, чии имиња се испишани северно од олтарната конха. Тие ја продолжиле традицијата на дворската иконографска школа, но, сепак нивното живописување преставува новина во македонското средновековно сликарство.  

„Успение на Пресвета Богородица“ – Матка

manastir-sv-bogorodica-matka

Од левата страна на реката Треска, во кањот на Матка се наоѓа и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, познат како  Манстир Матка. Денес тој е активен манастир, а неговиот патрон празник, во народот познат како „Голема Богородица, се одржува на 28 август. Се претпоставува дека кањот и целата околина го добила името Матка по овој манастир посветен на Мајка Божја. За овој манастир, изграден кон средината XIV век, на старо култно место Трајчев дава малку податоци и во кратки црти вели:

„На реката Треска, на пат за Скопје, е Матка манастир, крај селото Матка. Црквата е мала но убава, со големо кубе. Таа е куполна, без нартекс. Градена е од редови камен  и тули – не особено правилно (Мавродинов, ибид. Стр. 50). Градена е во XIV век. Судејќи по една надгробна плоча, која се наоѓа пред иконостасот од 1371 година, црквата треба да е стара (Пера Попович, Старинар, 1922 стр. 115). Над вратата има натпис дека црквата била обновена во 1497 година. Целата црква е во живопис. На околу манастирот има урнатина од стара црква...“

Точното време на подигањето на овој манастир и името ктиторот не е познато. Меѓутоа, врз основа на надгробната плоча на христијанката Марија се смета дека ја изградил околу 1370 година властелинот Бојко, син на властелинката Даница. Според натписот над вратата манстирот бил обновен во 1497 година од Милица, властелинка или граѓанка од Скопје, која во манастирската црква е преставена со својот маж Никола во граѓанска облека од тоа време. Таа инвестирала за  црквата да добие покрив, живописување и изградба на нартексот.   

Манастир Свети Никола Шишевски

sv-nikola-sisevski

Нешто повеќе, авторот ни дава опис за манастирот во близина на селото Шишево, манастир Свети Никола Шишевски, сместен високо над карпите во кањот на Матка, од десната страна на реката Треска.  За овој манастир кој и денес е тешко достапен и може да се дојде само пешки, Трајчев во своето дело ни дава повеќе податоци во кој пишува:

„Крај реката Треска, на едно високо плато, се наоѓа манстирот св. Никола, со напуштена црква и разрушени згради. Црквата е стара со кубе, завршувајќи со крст. И таа е крстовидна куполна, од слободен тип. Куполата е идентична со св. Андреј. Градена е само од камен. Не се знае кога е основана, но по градбата одговара на св. Андреј и може да се датира по 1360 година. (Мавродинов, ибид). Живописот е доста сочуван. Возобновен бил во 1816 г. Во 1897 година зградите изгореле, црквата запустела, а иконостасот бил пренесен во село Шишево. Бележки во Шишевскиот ракопис, чуван во Петоградската јавна библиотека (Стојанович, Записи), пишувано на славјански:

 а) Се раскажува, така да знаете, браќа наши свештеници и мирјани, годината од Христа (1816), во месец јуни, во тоа време дојде Самоуил јаромонах и Параскева монахиња   и в. ученици чии имињата беа еден Богоја, а друг Секула во манастирот св. Николае Скопски Шишовски. Тука дојдоа да седат. Пред нив, со години било пусто тоа место. Кога дојдоа ништо не најдоа, една црква и келии мали. Кога влегуваа во манастирот, не можеа да влезат од трева. Со тешка мака ги исекоа билките, за да влезат во дворот. Многу настрадаа на тоа место поп Самуил и Параскева. Тие го направија патот во долот и чешмата што е на портата. Многу се потрудија за тоа место.

б) Тоа што беше, а ученик кој се калуѓери со име Сергија од Рождество Христово (1817) година и тој многу настрада за тоа место..

Поменикот од манастирот од манастирот бил напишан на дрвен триптих, од кој е зачуван само средниот дел. Тој бил напишан во 1816 година, при возобновувањето на на запуштениот манастир. Зачувано е заглавието и имињата на дарителите. 

Дрги разни белешки од разни раце на последната корица на минејот од 1820 и 1838 година за разни ѓакони. Белешки на печатен псалтир од 1846 година, кој бил пишуван од Аврам од Крчово (Кичевско – н.з.) село Доленци (Стојанович, Записи). Белешка од 1847 г. врз минејот од 1388 година донесен од Грачаница во Шишевскиот манастир и пренесен во Москва, кој што гласи, дека монахот Венедикт престојувал во манастирот во времето на султанот Меџит и ја напишал таа белешка при митрополитот Јоникија и егуменот Венјамин и др. (Попов, Описание; И-в, ибид, 1931)...“

Точниот датум на изградбата на манастирската црква посветена на Свети Никола, сеуште не познат. Сепак постои податок дека црквата била изградена или обновена во 1345 година од страна на поп Ненад и други ктитори. Во еден препис  на манастирскиот Поменик се спомнува дека во подигањето и живописувањето на постарата црква помагал кралот Марко. Со оглед на фактот дека ктитор на манстирската црква Св. Андреа од другата страна на реката Треска бил братот на Марко, Андреаш, се претпоставува дека и овој манастир датира од втората половина на XIV-от век.

Исто така, постојат податоци, кои за разлика од Трајчев говорат, дека зградите биле уништени многу порано. Имано, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов - Џинот во еден свој напис во „Цариградски весник“ (од 20 ноември 1854), забележал дека во 1844 година, арнаутите ги уништиле и запалиле сите зданија, освен манастирската црква. Ако се видат податоците кои ни ги дава Трајчев, изгледа манастирот суштествувал и потоа, се до 1897 година, кога конечно бил напуштен.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.