Петок, 29 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Николовски Тодор - Тодорче
На денешен ден 29.01.1999. - Во Скопје умре Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско глумиште. Роден е во Велес, на 16 јануари 1902 година.

Биографија

Николовски Тодор - Тодорче
(Велес, 1902 - Скопје, 1999)

Театарски, филмски и телевизиски актер, еден од доајените на македонската актерска сцена.

Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 г. станува член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжи да работи во театарот, а 1944 година замина во Горно Врановци каде што се вклучува во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за прв пат се пројави и како режисер.

Во 1947 година настапи на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар беше од 1945 се до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана артистичка дејност ја доби наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапи во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба.

Тодор Николовски - Тодорче е еден од најистакнатите македонски театарски и филмски уметници. Со големиот број разновидни и извонредни ролји, остава траен белег во македонската кинематографија. Во театарот е особено познат по улогата на чорбаџи Теодос, во истоимената претстава, во која настапуваше долги години. Филмови: Мис Стон, Под исто небо, Македонска крвава свадба, Републиката во пламен, Табакерата, Бог да ги убие шпионите и др.

Филмографија

1955 : Волча ноќ (Споредна улога)

1958 : Мис Стон (Главна улога)

1961 : Мирно лето (Споредна улога)

1964 : Под исто небо (Споредна улога)

1966 : До победата и по неа (Споредна улога)

1967 : Македонска крвава свадба (Споредна улога)

1967 : Мементо (Главна улога)

1969 : Републиката во пламен (Споредна улога)

1976 : Денес треба нешто да се случи (Главна улога)

1984 : Нели ти реков (Споредна улога)

1993 : Македонска сага (Споредна улога)

1999 : Време, живот (Главна улога)

Основање и почетоци на МНТ

Македонскиот народен театар официјално е конституиран со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945, како драмски театар. Во текот на првите две сезони МНТ и функционира исклучиво како драмски театар, макар што перманентно настојува да го доизгради/докомплетира за тоа време типизираниот модел на национална театарска институција, составена од три ансамбли: драмски, оперски и балетски. Напорите на неколку управувачки гарнитури, поддржани и од амбициите на републичката културна политика но и на некои среќни околности (кадровски и финансиски), овозможија во текот на наредните четири години театарот да се доорганизира: оперскиот ансамбл ќе биде конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, Кавалериа рустикана, е изведена на 9 мај 1947) а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, Валпургиската ноќ, е изведена на 27 јануари 1949). Ваквиот модел на театарска организација (популарно наречен австроунгарски), МНТ го практикува до 2004 година, кога започнува процесот на одвојување на драмскиот од оперскиот и балетскиот ансамбл, пришто името МНТ го задржува драмскиот ансамбл, а операта и балетот стануваат МОБ (Македонска опера и балет). Првиот драмски ансамбл на МНТ е во составот:

Димитар Ќостаров, режисер и директор на Драмата; Илија Милчин, актер и режисер; Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков, актери; Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо, сценографи. Кон овој состав се приклучуваат и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужуваат големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена 1927)…..
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.