Среда, 27 Јануари 2010    PDF Печати Е-пошта
Нижеполе - Четири сезони туризам !!!
Нижеполе
Ниже Поле е мало планинско село оддалечено 12 км. од градот Битола. Тоа се наоЃа на работ од Националниот Парк Пелистер со 186 жители (95 мажи и 91 жени). 80% од населението се Власи, 15% се Македонци и 5% се Албанци.

Зачетоците на туризмот и рекреативните активности на Баба планина се забележани уште на почетокот на минатиот век.

Селото Ниже Поле (1060 м.н.в.) се наоЃа на границата со Националниот Парк ,,Пелистер,, и е на само 10 км од градот Битола и представува важна дестинација за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија.

Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година. Селото Нижополе дава можности за развој на повеЌе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам.

Во развојот на туризмот може да се искористи и населението од самото село Нижополе особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот.

Иако не постојат прецизни податоци за бројот на посетители проценките укажуваат на тоа дека бројот значително е поголем на пролет и во летната сезона, во текот на викендите и државните празници како и во текот на собирањето на Шумските плодови (диво овошје и печурки).

Рекреативниот туризам

Рекреативниот туризам - е најразвиен. Меѓу рекреативните активности кои можат да бидат практицирани на масивот се: разгледување, пешачење и планинарење.

Со пешачење и разгледување на селото и околината, ќе стапите во директен контакт со месното население, нивната срдечност и топлина. Допрете дел од минатото со посета на локалните цркви, манастири, селски куќи и почувствувајте дел од секојдневието на нижеполчани набљудувајќи ги стадата овци распространети по планинските пасишта...

Сево ова, надополнето со природните пејсажи од кои запира здивот, ви овозможува неповторливо и незаборавно доживување кое ќе ви остане во долго сеќавање.

Пешачките патеки се обележани така што секој посетител или планинар може да ги види најинтереснитепланински делови, историски споменици и природните убавини. Скоро сите патеки се лесни и можат да ги користат поголем број луѓе независно од нивната физичка кондиција

Здравствен туризам

Секогаш чистиот воздух, здравата клима и богатата разновидна вегетација, посебно боровата шума и ледничките езера, придонесуваат Пелистер да претставува туристичка воздушна бања.

Одржувајте го и подобрете го Вашето здравје преку престој во селото Ниже Поле. На една од прошетките низ околината на селото во изобилие Ви се нуди можност да се насладувате на даровите од недопрената природа: капинки, боровинки, малинки, шумски јагоди, шипки, печурки...

За вашето здравје и долговечност искористете ги најдобрите природни лекови: сонце, бистра вода од планинските извори и чист планински воздух.

Културен туризам

Целиот регион изобилува со вековно историско и културно наследство. Културно - историските споменици се специфичен вид на туристичка понуда и добра можност за запознавање со настаните од минатото на овој крај.

Секојдневно Ви се нудат содржини како: посета на културно-историските споменици, запознавање со регионот и нашата земја, негување на традициите и обичаите, надополнети со звукот на народните инструменти. Доколку престојувате во Ниже Поле во летниот период, слејте се со масата луЃе кои го посетуваат селскиот манастир Св. Петка во центарот на селото и запознајте се со верските обичаи присуствувајќи на традиционалниот славски ручек. Посебна атракција е стариот Француски Пат, изграден во Првата Светска Војна од страна на француските војски и кој води до Големо Езеро.

Планински туризам

Пелистерскиот масив со својата близина до градот Битола ги нуди следните типови планински туризам: зимски и летен стационарен туризам, транзитен туризам.

Оние кои не се доволно запознаени со теренот, можат да ги видат сите убавини на планината придружени со водич, кој ќе Ви пренесе дел од своето искуство за флората, фауната и вредноста на местото.

Пешачките патеки се обележани така што секој посетител или планинар може да ги види најинтереснитепланински делови, историски споменици и природните убавини.

Скоро сите патеки се лесни и можат да ги користат поголем број луѓе независно од нивната физичка кондиција.

Рурален еко-туризам


Селото Ниже Поле и селата во потпелистерскиот регион располагаат со богати природни вредности, разновидни археолошки, културни, историски и архитектонски вредности, кои имаат значајна улога во развивањето на руралниот еко-туризам.
Тој  претставува спој на вековните  природни и културни богатства на селото со желбите на туристите и нивната потреба да доживеат еден поинаков начин на живот различен од нивната средина.

Викенд туризам во текот на зимата изобилува со мноштво активности како: алпско и нордиско скијање, санкање, слободно лизгање.
Снегот во Ниже Поле се задржува од 3-4 месеци со дебел снежен покривач кој овозможува квалитетно скијање. Голем број  скијачки патеки започнуваат од Ниже Поле на 1100м н.в. кое служи како собирен центар и е идеално место за ски-почетници. Приредете снежна забава за себе и за своите деца преку санкање и слободно лизгање, притоа користејќи ги услугите и жицарницата во Зимско летниот скијачки центар „Стрежево“.

Во духот и традицијата, Ве каниме да ги пробате нижеполските специјалитети. При престојот во селото, гостопримливите домаќинки ќе Ви понудат дел од традиционалната кујна преку вкусен доручек, ручек или вечера. Млекото е составен дел при подготвување на оризарник, млечник, маштеница и јогурт, додека зелник, виткалник, питулици, полнети пиперки, турли-тава, кукурец, писпилита, плацинта Ви се нудат подготвени во фурна која е дел од селскиот двор. Неизоставен дел од трпезата се селскиот леб и единственото и на традиционален начин подготвено овчјо сирење кои со својот вкус и мирис ќе ги разиграат Вашите сетила. Присуствувајте на единственото и неповторливо искуство на приготвување на храната, пиење вода од стомна, кафе со локум уживајќи на верандата во селски двор...

Екскурзија до црква Св. Атанас Црквата


Св. Атанас се наоѓа во преградките на планината Пелистер. До неа од селото Ниже Поле се стигнува за 45 минути пешачење.  Датира од 19ти век со автентичен иконостас, мал конак и простор за одмор. Во близина се наоѓа чешма со изворска вода пред која се отвара прекрасен видик на пелагониската котлина. 

Екскурзија до црква Св. Петка и месност Гргули


Црквата Св. Петка која датира од 19ти век се наоѓа на 10 минути оддалеченост од центарот на селото, во внатрешноста на црквата има извор на света лековите вода.

Дворот на цркавата е уреден за целодневен престој на посетителот кој може да се одмори и релаксира во природен амбиент.
Покрај неа тече реката Сапунчица на која е изграден и природен базен наречен Гргули во кој за време на летните месеци може да се капе.

Екскурзија до Големо езеро

За вљубениците во планинарството постои можност за повеќечасовна организирана посета на природната реткост Големо езеро, да се одморат и освежат во планинарскиот дом.

Екскурзија до овчарско бачило

Како извонредна туристичка атракција е повеќечасовна посета на овчарско бачило во преградките на Баба планина.

Екскурзија до Битола и Хераклеја

Посетителот има одлична можност да прошета по прочуениот битолски Широк Сокак и да биде угостен  во пријатна атмосфера. Прошетката може да ја продолжи со посета на стариот пазар, безистенот, Саат кулата и црквите низ градот.

На туристот може да му се овозможи и посета на една од најстарите антички населби во Пелагонија Хераклеа Линкестис подигната во 4-от век п.н.е. од Филип II Македонски.

Археолошката населба изобилува со животописни мозаици, акропола, некропола и голема и мала базилика.

Екскурзија до Охрид


Градот Охрид е наследник на античкиот Лихнидос, кој се споменува уште пред 3-от век п.н.е. Во самиот град и околу него има многу цркви, катедрали, тврдина и повеќе археолошки локалитети. Поради тоа градот Охрид е под заштита на UNESCO.

Екскурзија со велосипед

Современата патна мрежа во селото Ниже Поле и природната околина овозможуваат одлична прилика за релаксација. Возејќи велосипед можат да се посетат повеќе туристички локации: природниот базен Гргули, ЗЛТЦ ,,Стрежево,, и скијачкиот центар. За потребите на туристот можат да се изнајмат монт-бајк велосипеди.


Клаудија Лутовска
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.