Среда, 01 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Македонското книжевно наследство разнесено од Света Гора (1)

karta-na-sveta-gora

„Во Библиотеките на Св. Горските манастири имало илајадници славјански ракописи, пишувани во текот на десет века. Тука биле најдени најглавните и најстарите глаголски ракописи. Од порано, многу од тие споменици биле изнесени надвор од Св.Гора. Во текот на XIX век некои славјански ракописи биле изнесени во Русија, а други биле подарени на високи гости, како зографското глаголичко евеангелие, подарено во 1860 година на рускиот император Александар II; Мирославското евангелие подарено од Хилендарци во 1896 на српскиот крал Александар и др.“ - пишува Г. Трајчев

Георги Трајчев (1869 – 1945) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и просветен деец, познат како Вестителов и Г. Мајков. Работи како учител и пишува спомени и книги на македонска тематика. Во 1933 година ја издава публикацијата „Манастирите во Македонија“,  во која ги опфаќа манастирите во рамките на  географските и етничките граници на Македонија. Говорејќи за Македонија, земјата на големите подвизи и бесмртни дела, за земјата од каде се шири христијанството во Европа, за црквите и манастирите во кои се чувани спомените на македонската, традиција и култура, тој пишува и за манастирите во Света Гора. За овие манастири од каде е  разнесено и  уништено македонското книжевно наследство тој го пишува следното:

„...Појавата на христијанството на Атонскиот полуостров се однесува на времето на светите апостоли, а начелото на манастири се говори, дека ги поставил Константин Велики, или некој од неговите претходници. Се раскажуваат и други неверојатни преданија, дека императорот Каракала го основал манасторот Каракал. Константин велики го основал Ватопед и т.н. Населувањето на пустиници започнало во IX век, а подигањето на манастири кон X век. Сава Хиландарец во своите „Историски есеи за св. Гора“ (Пер. Сп. Кн. 60, 1898 г.) ни ги дава следните белешки.  На 6-от Вселенски собор во Цариград (680 г.), под покровителство на византискиот император Константин  IV Погонат било наредено „Пустиниците“, кои скитаат по градовите како монаси да се приберат во манастирите и како последица на таа наредба, мнозина монаси ја изгубиле својата татковина (Азијатските земји) и се прибрале во безплодниот Атон.

Испостниците со пустинците живееле одделно и независно. Нивната соборна црква се наоѓала кај денешна Кареја. Св. Атанасиј Атонски прв ги поставил начелата за пустиничкиот живот. Со воведувањето на општежителството се поставиле начелата на манастирите. Според документите на Григорович, уште во XII век на Атон имало 60 манастири, во тој број и латинскиот Goenobium Amalfi tonocum. Базирајќи се на тие документи може да се определи времето на постоењето на денешните манастири. За најстари манастири се сметаат: Ватопед, Есвигмен, Кастамонит. Тие манастири биле возобнувани над старите цркви и манастиришта. Околу 830 година, Атон силно настрадал од војувањето на Теофил византиски со Багдадскиот калиф. Тогаш Атон заличил на пустина. Едвај по 15 години монасите почнале да се враќаат. И подоцна, кон 866 година, монасите избегале од Атон, поради арапскиот напад. Манастирот Сиропотам е основан од монахот Павле Сиропотамски кон 940 година. Тој бил роднина на Роман Лакапин и доста време живеел кај бугарскиот цар Петар, кој за жена ја имал Марија, ќерка на Роман. Можеби тогаш се прибрани првите славјански монаси, кои барале спасение на Атон. Во првата половина на  X век се основале манастирите: Филотеја, од пустиникот со истото име, возобновени биле наново  Есвигмен,  Ватопед, Кастамонит, Зограф. Во 960 година на Атон се појавил и монахот Атанасиј од Мала Азија. Тој е основач на Великата Лавра св. Атанасиј. Иван Грузиецот издигнал во 980 година, на местото на стариот Климентов манастир нов наречен Ивер. Тој бил населен од монаси Грузијци. Кон 980 година, Ватопед бил обновен и проширен од тројца мажи од Дринопол. 

Во 1143 година се појавуваат руски монаси и се населиле во малиот напуштен манстир Ксилурга. Подоцна тие се прибрале во полуразрушениот манастир Тесалоник, кој го возобновивиле и издигнале во денешниот Русик. Тука го прима монаштвото Сава српски во 1186 година. Во 1199 година се издига Хилендар со средства од српскиот двор. За време на владеењето на Иван Асен II (1218 - 1241) се изградил во Атон нов манастир, посветен на св. Никола, кој по предание, бил основан од бугарскиот монах Григориј, поради што и манастирот се нарекува Григоријат. Во почетокот на XIV век, изградени биле два поголеми манастири врз стари основи: Пентократор, обновен од Алексиј Стратопедарх и од брат му Иван во 1363 година. А кај Кареја возникнува манастирот Кутлумуш.

Наместо манастирот Ставроникита, изграден во 1546 година, се спомнува Алипија, кој подоцна бил присоединет кон Кутлимуш. Манастирите Симонпетер е Дионисијат биле изградени во втората половина на XIV век, но се знае дека се од порано. Манастирот Симонпетар бил обновен од Јован Углеша во 1364 година, а Дионисијат бил наново возобновен од Алексиј Комнен, трапезунски во 1375 година, по молбата на монахот Дионисиј (од Горенци, Костурско- н.з), чие име манастирот го носи. Во 1400 година манастирот св. Павел бил продаден од сиропотамци на два српски калуѓери за 100 унци сребро. Тој останал славјански до XVIII  век, кога бил напуштен поради разбојнички напади. Новиот Сиропитам бил изграден на високо и безбедно место. Најмладиот манастир Ставроникита бил изграден во 1543 година од цариградскиот патријарх Еремија I.

Од XIV век се јавуваат веќе и руските цареви, покровители на манастири, кои ги даруваат со пари и други дарови. Подоцна се јавуваат и Молдавските војводи како покровители на Св. Гора.

... Судбината на тие манастири е многу темна. Се памети нападот на императорот Михаил Палеолог кој станал вероостапник. Тогаш многу манастири биле разрушени до темели, а други ограбени и осквернавени. Во 1308 година манастирите биле разорени од Каталонците, а во 1346 година од родопскиот магистер. Со паѓањето на цариград и покорувањето на Солун, 19 манастири доброволно ја признале власта на султанот, кој тогаш беше сеуште во Бруса. Тој  акт на потчинетост, го натерало султанот да ги дарува со привилегии.

... Во XI век имло околу 180 манастири, а кон XIII век, тие биле 300, за да останат до крајот на XIV век 20 (Д-р Драг. Анастасиевич, Св. Гора, ср. кн. VIII, Гласник, стр. 849). Бројот на манастирите останал непознат во текот на повеќе векови. Во XIV век  биле 20 и сега се толку.  За повеќе нема место на Атонските планини. Затоа биле зголемени скитовите (мали манастири) и келиите.  Најстари скитови се: Св. Ана, скит на Русик, Богородичниот и Ватопедскиот скит св. Димитар. Во минатиот век (XIX век) изникнаа скитовите Св. Павелски, Кутлимушкиот, Еверскиот, Ксенофонскиот и Кавсокалискиот. Скитот Св. Илија е населен од малоруси и е подвластен на Ватопед. Скитот св. Андреја е исто под Ватопед. Молдовлахискиот скит е дон Лаврата од 1852 година. Подоцна е создаден и друг руски скит. Барски наоѓа во 1744 година на Атон околу 1000 монаси, а во 1885 година нивниот број бил 4493 души.       

Во време на Григорович атонските библиотеки броеле околу 13.000 книги печатени и 2.800 ракописи грчки, со 455 ракописи славјански. Тие последните се повеќето од XIV и XV век, премногу малку од XIII  век и глаголски од XII век. Имало  време кога славјанските книги  биле помногубројни, но тие или изгниале заборавени, или смислено биле изгорени. На последниот лист на една книга во Хилендар има белешка од 1650 година, во која се расправа за уништувањето на славјанските книги од Грците. Уште во 1517 година од Света Гора  се пренесени некои книги во Русија, а во 1653 година рускиот арх. Арсениј Суханов успеал да пренесе од Св. Гора цели товари ракописи во Москва, на број околу 498 ракописни книги. И Барски, кој на два пати бил во Св. Гора, едвај да се враќал со празни раце. А австрискиот конзул во Солун, Михајловиќ, успеал во 1340 година да земе 3 товари славјански ракописи, спроведено од Св. Гора божем за преглед. Сава Хилендарецот расправа дека во 1534 година св. Горскиот манастир Есфигмен продал на еден Англичанец огромно количество стари славјански книги. Продавано е и од Ватопед, бидејќи во она време никој не водел сметка за цената на македонскиот книжевен имот. 

Славјански и грчки ракописи, кои го засегаат (македонското – н.з.) минато имало така речиси во секој св, Горски манастир, но најмногу во Хилендар и Зограф. Ги има во Русик, лаврата, Св. Павел, скитот св. Марија и др. Некогаш тие биле повеќе, но, поради омразата на грчкото монаштво кон нив и поради незнаење тоа значително се намалило.

Во Библиотеките на Св. Горските манастири имало илајадници славјански ракописи, пишувани во текот на десет века. Тука биле најдени најглавните и најстарите глаголски ракописи. Од порано, многу од тие споменици биле изнесени надвор од Св.Гора. Во текот на XIX век некои славјански ракописи биле изнесени во Русија, а други биле подарени на високи гости, како зографското глаголичко евеангелие, подарено во 1860 година на рускиот император Александар II; Мирославското евангелие подарено од Хилендарци во 1896 на српскиот крал Александар и др. “

Атон со своите манастири, скитови и келии, со својата местоположба, како што вели Трајчев, прави величанствен впечаток на посетителите. Тој со своите високи стени, стари кули и железни порти, манастирите  имаат изглед на витешки замоци. Но, за жал погрешните политики на европките сили со кои ја поделиле Македонија, овозможиле македонското културно наследство во Св. Гора уште повеќе да биде уништено.

Продолжува

manastirite-vo-makedonija

Тихомир Каранфилов

 

 

На прво место

News image

ИМА МАКЕДОНИЈА

Ламбе Арнаудов: До ВЕТЕРАНИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ – АРХИТЕКТИ НА САМОСТОЈНА МАКЕДОНИЈА

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.