Среда, 03 Март 2021   
Демагогот користи туѓи мисли за да го покаже својот ум

Секој Македонец сам за себе, со своја мисла и со свое убедување. Но, вообичаено, многумина стануваат едно, кога ги обединува една моќна идеја, една моќна реалност. Како Македонија на пример. Сите ние, Македонци, каде и да сме, треба да бидеме обединети за нашата Македонија.

Она што може да внесе квалитативна полемика меѓу нас е различниот пристап или концепт за нашата заедничка идеја, додека квалитативна полемика може да внесе секој кој квалитетно размислува, но и пред сè, квалитетно работи.

Секој од нас за Македонија прави или направил онолку колку што можел да сработи. Некој не направил ништо иако можел, а плука по се` што се случува во Македонија, но затоа овој последниов се задолжил себе си да го знае и да го почитува она што го прават другите.

Во тој контекст, него би го вметнале во категоријата демагози, а под нив ќе ги подразбереме сите оние „мислители“ кои само зборуваат и плукаат по сите и ништо не прават, бидејќи ниту со мислите тие не и` помагаат на нашата заедничка реалност, туку попрво и` одмагаат. Тоа нив ги разликува од оние кои со добра мисла ги поттикнуваат одговорните во остварувањето на практични резултати.

Вакви демагози, Господ ни дал и во Македонија.

Имајќи веројатно такви мисли во главите (ако воопшто нешто мислат), почнуваат да плукаат по сите и се чудат како некој кој работел за Македонија, или се` уште работи бил и сè уште е со истата идеологија.

Заради овие нешта, тие (демагозите), не можат да сфатат и разберат зошто и како некој бил и останал на истата линија цело време, зошто не се сменил, на пример, како тие што се менуваат во зависност од нивните лични потреби?

Вистинскиот Македонец не ги менува своите ставови, својата политичка опција, својата мисла и работа. Затоа, таквите кои не се менуваат, имаат историја, сегашност и иднина.

Демагозите нема никогаш да знаат, зошто демагогот не знае да мисли и да работи, а со тоа и вистински да ја чувствува единствената идеја-Македонија.

Демагозите никогаш нема да сфатат зошто некои сеуште ја поддржуваат идеологијата на Тодор, Гоце, Даме, Јане, Драган и многу други, чии што ликови и ден денешен ги величаме и континуирано се потсетуваме на нивното значење.

Тие што им бодат очи на демагозите, останаа онаму каде што и природно припаѓаат. Тие се онаму каде што отсекогаш биле и каде што секогаш ќе бидат. Тие не менуваат адреса на верување и идеологија.

Овие, демагозите се сепак паметни луѓе, но мора да разберат дека со демагогија која само навидум звучи како вистина (од каде што произлегува краткиот рок на траење), не се стигнува никаде. Ниту се стари, ниту престарени да сфатат дека единствената опција на сите Нас, треба и мора да ни биде Македонија.

Да веруваш во некоја идеја, макар за некого да е погрешна, сепак тоа е првиот чекор кон напуштањето на демагогијата и занимавањето со туѓите животи, особено кога се тие недостижни за неговата лична историја. Вербата која ја исполнува секоја човекова клетка, тоа е вистинскиот пат кон успехот, таа создава принципи, принципи кои креираат карактер, а не карикатура.

Секој од нас за Македонија направил онолку колку што можел да сработи. Ако немаме доблест да ги почитуваме заслугите на поединци или групи, мизерно е да ги оцрнуваме, тоа не е од корист за Македонија, за државава за која се удираме во гради.

Сепак најважно од се` е доколку не се поднесуваме меѓу себе или имаме различни политички погледи кон Македонија, заради различни идеали или идеологии, едно треба и мора да не` обединува, а не да разединува:

да не плукаме еден во друг, затоа што тоа не е од интерес за Македонија, за која сите постоиме и работиме!

Македонија вечна, АМИН!

 

На прво место

News image

Власта на СДСМ од Република Македонија направи мафијашка држава

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го назначи Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски за Претседател ...

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.