Среда, 10 Септември 2014   
Во Могила Цветков мртов падна

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Борбата за слобода, вечниот идеал на многумина кои сакаат својот живот да го дадат како жртва за подобро утре, за подобар свет, за слобода на народот и мир во светот.

Еден од нив е и војводата Парашкев Цветков храбар револуционер, музичар, педагог едностано кажано вистински човек на поновата македонска национално ослободителна и на еден начин културна ренесанса.

Тој е роден во 1875 година во Плевен, Бугарија. Завршил гимназија во Софија и потоа учителствувал три години. Во 1897 година заминал во Прага (Чешка), а потоа во Дрезден (Германија), каде што студирал музика. По враќањето станал професор во Битолската егзархиска гимназија (1902).

Учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) каде бил избран за еден од секретарите. Уште пред Илинденското востание раководел со една од револуционерните чети во Битолско.

Неговата животна приказна доживува вистинска кулминација, остварување на револуционерниот сон за време на последната негова битка кај селото Могила на 21 мај 1903 година кога тој случајно се нашол на тој терен, вршејќи припреми за идното востание.

По Смилевскиот конгрес покрај тоа што била донесена одлука за кревање на востанието, исто така била донесена и одлука за реорганизација на четите и така во четата на Цветков биле префрлени двајца четници од четата на Тома Давидов кој исто така биле и соселани на војводата дедо Андреја Петров кој бил во четата на војводата Цветков.

При една обиколка на полските битолски села, на 20 наспроти 21 мај 1903 година, четата на П. Цветков пристигнала во с. Могила. Тука требало да остане и наредниот ден, со задача да собира храна, која требало да се складира за потребите на идното востание. Меѓутоа, ризикот за една чета да остане во полските села бил многу голем. Уште истата ноќ четата била предадена на османската власт во Битола. Околу предавството и откривањето на четата во с. Могила постојат неколку кажувања. Според едните четата била предадена од шпиунот Димитрија - Диме Макало од с. Црнобуки. Втората верзија зборува дека предавникот бил Ристе од с. Секирани кој подоцна ќе биде осуден поради ова предавство и ликвидиран од Ѓорѓи Сугарев. Но, според некои искази (Мито Пејоски), четата била поткажана и од двајцата: и од Диме од Црнобуки и од Ристе од Секирани.

Рано изутрината на 21 мај 1903 година, селото Могила било опколено од повеќе стотини жандари и аскер. На чело на жандармеријата се наоѓал познатиот битолски башполиц (главен полицаец), Саид Ефенди. Селаните го предупредиле Параскев Цветков дека османските жандари и аскер го опколуваат селото, но иако имал изгледи да се извлече, П. Цветков прифатил борба со османските сили, борба во која се знаело дека се мали шансите комитите да се извлечат живи. Но, војводата П. Цветков бил понесен од општата револуционерна атмосфера и борбениот дух кој владеел во неговата чета. Во нерамната борба, биле убиени или се самоубиле 13-14 четници. Меѓу нив и најстариот војвода Дедо Андреја од Мало Црско, потоа помладиот војвода Параскев Цветков и најмладиот четник - секретарот на четата, гимназијалецот Димитар Филдишев. Во борбата настрадало и селото Могила. Дел од куќите биле разурнати. Целосно изгореле четири куќи, а други седум биле разурнати. Биле убиени неколку жители, меѓу кои и три жени. Повеќе фамилии останале без покрив над главата и без средства за живот.

Данскиот кореспондент Ф. Јансен, кој другиот ден дошол на местото на настанот и разговарал со селаните. Комитите пееле додека се бореле и гинеле. Тоа бил очигледен чин на саможртва, во исконската и прекумерна желба да се достигне слободата за Македонија. Сепак, Никола Петров Русински, доста критички смета дека виновник за настанот и жртвите во с. Могила е самиот П. Цветков, бидејќи навреме не презел мерки и не дал распоред за текот на борбата. Русински го упатил ваквото свое гледиште до Штабот на Битолскиот револуционерен округ за да ги заштити оние четници кои останале живи и успеале да се извлечат, а кои требало според Дисциплинскиот устав да бидат осудени на смрт.
Колку и да била оваа борба лошо организирана и дали затоа што Цветков не се повлекол од истата треба да одговара пред револуционерниот суд, сепак има олеснителна околност ако го знаеме карактерот на самиот Парашкев Цветков кој бил непоколеблив во своите идеи, храбар и неприкосновен борец за слобода, голем пустоловец кој животот реши да го даде за Македонија.

Во чест на битката кај селото Могила е испеана песната „Во могила Цветков мртов падна“ во која е опеана херојската борба, а во последната строфа на песната се вели:

Заради братство и за слобода,

лежи спокоен славен јунак,

лежи спокоен Цветков војвода!

Oттука се гледа силниот впечаток кој Цветков го оставил врз народот, но и не треба да заборавиме дека овој пример на саможртва ќе биде следен од многу други војводи на организацијата кои решиле и својот последен претсмртен здив да го и` дарат на Македонија.

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.