Среда, 16 Јули 2014   
Лазар Поп Трајков револуционер и поет на македонската национална борба

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Поетот и револуционерот се луѓе слични по работата и размислувањето, бидејќи нема поет кој нема револуционерен дух во себе ниту пак револуционер без поетската љубов кон татковината кон она за кое што се бори, за она кое што сонува да го исполни за едно подобро утре за еден сон за подобар живот.

Во овие редови спаѓа и големиот револуционер или уште како што го нарекувал народот од Егејскиот дел на Македонија, големиот костурски началник Лазар Поп Трајков кој во еден судбоносен момент ја напишал поемата ”Локвата и Вињари” за да ја овековечи големата и епска битка која се случила таму.

Лазар Поп Трајков е роден 1878 година, во револуционерното село Д’мбени (Костурско), Егејска Македонија во семејството на Поп Трајко кој бил чесен човек и голем патриот. Уште од мал, тој пројавува афинитет кон учењето и револт кон неправдата што османлиската држава ја врши на неговиот народ. По завршувањето на основното училиште, Лазар Поп Трајков учи во прогимназијата во Костур, а потоа своето образование го продолжува во Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Таму тој и ја започнува својата револуционерна дејност, станувајќи член на ТМОРО. По завршувањето на гимназијата, станува учител во Костурско.

Поп Трајков развива интензивна револуционерна дејност во своето родно Костурско во периодот од 1898-1899 година. Својата работа како  учител, тој ја користи како покритие за да обиколува по костурските села и да пропагира револуционерна борба.

Поп Трајков е првиот организатор на Костурската околија. Секој одмор го користи за да основа комитети на ВМОРО во селата. Во редовите на ВМОРО тој вклучува неколку стари ајдути како Коте Христов (којшто после станува грчки андарт) и Митре Влаот, како и многу нови четници и реонски војводи (Манол Ризов, Никол Андреев, Пандо Кљашев и др.

За неполна година, Костурско е веќе организирано - во секое населено место има луѓе на организацијата што ја развиваат инфраструктурата на ВМОРО. Набрзо станува легенда кај македонскиот народ, истакнувајќи ја својата храброст и борбеност и народот гледал во него голем заштитник. За време на Илинденското востание тој водел борби на секаде низ костурскиот реон и по еден месец борба се префрла во Мариово и таму во позната битка кај Чаништа е тешко ранет и во пределот на устата и се враќа во Костур за да се лекува кај Коте Христов кој сега е грчки андарт и истио ќе го убие и ќе му ја пресече главата за подоцна да ја однесе на гркиот владика Каравангелис за што Коте ќе добие награда во износ од 50 лири.

За битката кај Локвата и Вињари која се случила на 30 мај 1903 година кога Поп Трајков заедно со Пандо Кљашев, Васил Чакалров и Дичо Антонов се бореле против 1000 души аскер ќе ја напише поемата ”Локвата и Вињари”.

Во неа тој вели:

Пак доаѓам при вас, о врвови вишни,
по планини жедни, низ безводни спили,
да видам јас скрки и долинки скришни
што крвта ги багри на јунаци мили...

... Удирајте право, да не мине никој
од овие наши насилници клети!"
И целата чета го подзеде викот,
пред тешката сила без уплав да сети...

... Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна,
ти не ли се жалиш што вака се сипеш
по ледини ридски, по тревата бујна?
И што ли до ваков те доведе кипеж?
...

Од овој скромен извадок може да се забележи силниот револуционерен порив во него, но и поетиката со која тој пристапува саможртвата на револционерите кои својот живот го давале за слободата на својата земја.

Таа црвена јуначка крв, таа младешка силина, тој револуционерен порив кој ништо не може да го запре, кој руши се` пред себе така и овие млади рволуционери со својата крв се бореле против неправдата против ропството на македонскиот народ, па така во една строфа од поемата се вели:

…“Македонци, ние без среќа сме биле
во ова борба со душманот пален,
но венец на слава пак ние сме свиле
пред светот на подлост, и гнасен и кален
”…

Македонците народот со многу страданија, теглила и патила но исто така народ со храбри луѓе, луѓе кои не се плашеле да го дадат животот на својата мајка Македонија поради нејзината слобода за својот народ.

Затоа и оваа поема неправедно изоставена и заборавена, поема која во себе го носи патриотизмот и храброста, ја дава поетиката на борбата, поема која кога човек ќе ја чита ќе ги почуствува маките на револуционерот и борец, е поема на цела борба за национална слобода, четиво за секој оној кој сака навистина да го почуствува и да го доживее револуционерот во себе.

Велат перото е посилно од мечот, а кажаниот збор безвременска трага, која одекнува исто како зборовите од поемата на Лазар Поп Трајков која во себе ни ја носи вековната македонска трагедија, но и убавината на славата кога се гине за татковината.

 

На прво место

News image

Потребно е да се напредува според квалитет

Мицкоски: Балансерот за вработување до сега се злоупотребуваше и фрустрираше, потребно е да с...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.