Среда, 06 Ноември 2013   
Современ грчки фалсификат во однос на јазикот на античките Македонци

aleksandar-donski_copy
Александар ДОНСКИ

Ставот на грчката историографија и на прогрчки настроените историчари и лингвисти е дека јазикот на античките Македонци не бил посебен јазик, туку бил дијалект на грчкиот јазик. Во прилог на оваа теорија се нудат неколку податоци, но грчката пропаганда посебно се фокусира врз еден од нив.

Имено, поголем број грчки и прогрчки настроени автори посочуваат на извадок од драма на старогрчкиот комедиограф Стратис напишана во 5 век пред Христа. Тие велат дека во оваа драма била потенцирана сличноста помеѓу македонскиот и грчкиот (атички) “дијалект”. Во врска со ова во делото “"Frequently Asked Questions on Macedonia"” од современиот грчки автор проф. Александрос Гербесиотис, читаме:

Атинските комедии се користеле и за потсмев на зборовите и на дијалектот на другите Грци, какви што биле Спартанците, Беотјаните и, се разбира, Македонците. Некаде во 5 век пред Христа, комедија под наслов “Павсанија” или “Македонци”, напишана од Атињанинот Стратис била поставена во Атина. Во различни делови од оваа комедија, еден Македонец објаснува како разни зборови од атичкиот дијалект биле нарекувани на македонскиот дијалект. Од изнесе­ното може да се заклучи дека Македонците зборувале на дорскиот грчки дијалект. Во делото на античкиот писател Атенај можат да се најдат извадоци од драмата на Стратис”. ("Frequently Asked Questions on Macedonia", Compiled by Alexandros Gerbessiotis; Copyright 1993; http://www.macedonia.info/FAQ.htm).

Податокот со извадокот од драмата од Стратис нашироко се користи низ Интернет од страна на грчките пропагандисти, а овој податок го користат и други странски автори. Сите тие се повикуваат на драмата на атинскиот комедиограф Стра­тис, во која (како што тврдат тие) во нејзини различни делови бил прикажан дијалог помеѓу некој Македонец и Атињанин, кои си кажу­вале како се изговараат зборо­вите на нивните јазици. Притоа, било очигледно дека се работело за зборови од ист јазик.

Веднаш ќе кажеме дека ваквото тврдење е обична лага засно­вана врз чист фалсификат! Која е вистината за драмата од Стратис? Како прво, од овој атински комедио­граф не е зачувано ниту едно дело во целина. Сочувани се само неколку реченици од не­го­вите драми и тие се пренесени во делата на ан­тич­киот автор Атенај од Наукрат (Athenaeus of Naucrates).

Како второ и најважно, односните наводни “различни делови” од неговата драма “Македонци” во кои наводно “еден Македонец објаснува како разни зборови од атичкиот дијалект биле нарекувани на македонскиот дијалект” воопшто не постојат и тие се измислица на современите грчки пропагандисти! Практично се работи за само еден фрагмент од оваа драма, составен од три кратки реченици. Во нив еден Атињанин прашува како се изговарало името на некоја риба, по што добил одговор на грчки. Современтите грчки пропагандисти сметаат дека тој одговор му го кажале “Македонците” и дека тоа било “доказ” дека тие зборувале “грчки”.

Меѓутоа, во оригиналот на драмата воопшто не пишува дека одговорот на грчки го кажале Македонци! Впрочем, еве го интегралниот запис од Атенај во врска со фрагментот од драмата на Стратис (објавен во неговото дело "Deipnosophists" VII kniga, Loeb Classical Library; ISBN 0-674-99380-2; стр. 508). Овде читаме:

Според Стратис во неговата драма 'Македонци' некој Атињанин поставил прашање за некое име што не го знаел и притоа рекол:

'Но, што е тоа сфирена'?

Другите му одговориле:

'Вие, о Атињани, неа ја викате кестра.'

Го пренесуваме овој фрагмент и на англиски во превод на Чарлс Бартон Галик (Charles Burton Gulick):

"Accordingly Strattis in his 'Macedonians', when some Athenian asks the question as being ignorant of the name, and saying:

"But, what is Sphuraena?"

The other replies:

"You, O Athenians, do call it cestra". (Athenaeus, "Deipnosophists" VII book, r. 508, Loeb Classical Library. Ова е единственото целосно издание на делото од Атенај на англиски, објавено во седум тома).

Еве тоа е тој единствен зачуван фрагмент од драмата од Стратис. Гледаме дека се работи за само три кратки реченици, во кои Атињанинот поставува прашање што значел зборот сфирена, а група луѓе му одгово­ри­ле дека тоа била риба, која Атињаните ја викале кестра.

Меѓутоа никаде не пишува дека луѓето што му одговориле биле Македонци! Сосема јасно читаме дека тие што му одговориле овде се наречени „другите“, без да биде посочена нивната етничка припадност.

Впрочем, некои грчки историчари ова многу добро го знаат и го признаваат. Американскиот историчар од грчко потекло Елијас Капетанопулос, во својата книга „Xenias Makedonizon te fone” (1993, стр. 7), сосема јасно признава дека во фрагментот од драмата на Стратис, воопшто не се знае кој ја кажува оваа реплика. Овде читаме:

Постои реплика од Стратис од неговата драма 'Македонци', но не може да се каже дека е македонска, затоа што не се знае кој ја изговара таа репли­ка.

Практично, тврдењето дека односната реплика на грчки била кажана токму од некој Македонец (а не како што пишува во оригиналот дека била кажана од „другите“) претставува безобѕирен фалсификат! Прв современ грчки автор кој пошироко го промовираше овој фалсификат е историчарот М. Сакелариу во своето дело “Маке­донија: 4000 години грчка историја и цивилиза­ција”, поглавие за “маке­донскиот дијалект”). Оттогаш, грч­ките историчари и пропагандисти само папагалски го повто­руваат овој фалсификат, па дури истиот е застапен и во некои странски енциклопедии со сомнителен квалитет, каква што е интернет енциклопедијата “Вики­пе­дија” (Wikipedia, the free encyclopedia, naslov: "Ancient Macedonian language")...

При знаењето на сето ова, навистина смешно изгледа тврдењето на спомнатиот грчки професор Гербе­сиотис, кој за драмата од Стратис пишува дека “еден Македонец објаснува како разни зборови од атичкиот дијалект биле нарекувани на македонскиот дијалект”.

Очигледно дека Гербесиотис не го ни прочитал делото на античкиот писател Атенај, туку само го пре­пишал фалшливото толкување на Сакелариу и притоа си додал нешто од себе. Ако го прочитал делото од Атенај што го цитира, тогаш ќе знаел дека таму воопшто не се спомнати “разни зборови од атичкиот дијалект, како биле нарекувани на македонскиот дијалект”, туку е спомнат само еден збор, и тоа име на некоја риба, за кое не се ни знае кој му го кажал на Атињанинот.

Податоците за овој грчки фалсификат треба што побргу да бидат доставени до сите странски публикации на Интернет во кои неко­ректно е пренесен и толкуван фрагментот од драмата од Стратис заради нивно корегирање или барем информирање за постоењето на овој фалсификат.

 

На прво место

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.