Среда, 14 Август 2013   
Мистериозна авинска несреќа во 1945 година

salonika
Салоника

Во мистериозна авионска несреќа која се случила на 10 октомври 1945 година загинал полковник Панче Неделковски – Полошки. Во текот на народноослободителната борба тој непосредно раководел со Февруарскиот поход и воените операции во Пролетната офанзива 1944 година, бил заменик - командант на ГШ на НОВ и ПОМ и делегат на АСНОМ. Иако биле формирани неколку комисии, никогаш во јавноста не биле обелоденети причините за несреќата.

По повод една година слободна Македонија, на централната прослава во Скопје на 11 октомври бил поканет Панче Неделковски – Полошки, кој во тоа време бил на служба во Белград. Како поранешен воен пилот на Кралството Југославија кој го бранел небото над Белград на 6 април 1941 година, по ослободувањето во 1945 година бил унапреден во чин полковник и бил назначен за началник на Оперативниот оддел при Штабот на воздухопловството на ЈНА во Земун.

На пат за Скопје, поранешниот воздухопловен капетан на Кралството Југославија, потоа воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА, Панче Неделковски – Полошки загинал во мистериозни околности. Според кажувањата на очевидци: „Во Краљево стигнале без никакви проблеми. Меѓутоа, само што летнале од аеродромот за Скопје, на надморска висина од 100 метри, авионот одеднаш почнал да паѓа, а според други се запалил и паднал во реката Ибар, близу градот. Сите патници и пилотот загинале“.

Веднаш била покрената официјална постапка за утврдување на причините за несреќата. Воздухопловната команда формирала неколку комисии, но за нивните наоди никогаш не биле известени ниту јавноста, ниту семејствата на загинатите. Иако семејствата барале да се разјаснат причините за авионската несреќа, наодите од истрагата останале тајна.

Во недостаток на вистински информации во јавноста се ширеле разни претпоставки за причината на авионската несреќа, односно дека се работи за саботажа од страна на непријателските елементи. Како виновници биле посочени прочетничките елементи меѓу техничкиот персонал во Краљево. Според една од верзиите тие намерно ја олабавиле елисата на авионот, а според втората авионот снемал бензин, бидејќи резервоарот бил продупчен на неколку места. Но, со посочувањето на вината на прочетничките елементи во овој пост-воен период, лесно можело да се прикријат трагите од евентуалните чистки со лица кои имале изразито промакедонски ставови.

Панче Неделковски – Полошки е роден на 24 април 1912 година во Скопје. Завршил гимназија во Скопје, а потоа дипломирал на Воената академија во Белград во 1934 година и станал пешадиски офицер. Воената воздухопловна школа ја завршил во 1938 година и станал воен пилот. Во Априлската војна бил заробен во Сараево и одведен во логор во Нинберг, Германија. Софија го ослободува, но бидејќи се декларира како Македонец повторно бил вратен во логор каде останал до првата половина на 1942 година.

По враќањето во Македонија се вработил во рудникот Радуша, Скопско. Таму се поврзал со тамошните комунисти, а во летото 1943 година станал борец на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“.

Израснува во врвен борец и раководител, па кон крајот на 1943 година бил назначен за заменик - командант на ГШ на НОВ и ПОМ. На оваа позиција останува се` до крајот на војната, а за тоа време непосредно ги раководел Февруарскиот поход и воените операции во Пролетната офанзива во 1944 година. Со наредба на врховниот командант на НОВ и ПОЈ бил произведен во чин потполковник.

Панче Неделковски бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, а во 1945 година по ослободувањето бил унапреден во чин полковник и назначен за началник на Оперативниот оддел при Штабот на воздухопловството на ЈНА во Земун. Загинал на 11 октомври 1945 година во авионска несреќа на пат кон Скопје. Неговата смрт и ден денес останува мистерија.

(Извор: М.Е. Скопје, 2009; Архив на Македонија - Матица Македонска-Скопје 1998)

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.