Среда, 26 Декември 2012   
Војводата Кочо Куршумот

Vlatko_Bileski
Влатко Билески

koco-kursumot
Војводата Стојан Донски од село Битуша-Леринско, Војводата Кочо Матев Куршумот од село Крушица – Кичевско и Мијајле Каранфилов.

Војводата Кочо Матев (Матески) Куршумот Крушичанецот е роден во село Крушица, Кичевско Македонија (датум и година на раѓањето не се познати). Како млад и пргав човек почнал да покажува револт кон притисокот на османлиската власт која репресивно се однесувала врз македонското христијанско население, и со присилното населување на муслимани од Кичево кои какоосманлиски поданици насилно им ја приграбиле нивната земја.Почнале да се однесуваат насилнички; грабнале и потурчиле две девојки едната од село Крушица (Дилба) а другата од село Светорача (Крста). Револтиран од овој настан Кочо дошол во своето село Крушица.Заедно со него биле војводата Стојан Донски и еден од неговите четници. По пристигнувањето убиваат тојца турци, а веднаш потоа бегат во Белград, Србија. (се зборува дека Кочо успеал да ја врати Дилба при нејзиното семејство).

Во Белград тој се запознава со голем број на македонски емигранти и студенти со револуционерен дух. Заедно со војводата Стојан Донски добиваат оружје и формираат вооружена чета и повторно се враќаат назад во Македонија. Иако од страна на српската пропаганда врз него се врши голем притисок, КочоКуршумот истата не ја прифаќа и не се приклучува кон нив

Кога пристигнал во Македонија се приклучува кон Внатрешната Македонска Одринска Револуционерна Организација, каде се заколнал на верност на организацијата, покажувајќи секако голем борец и револуционер.За време на подготовките на Илинденското востаниеКочо Куршумот е назначен за војвода и заедно со началникот на кичевскиот востанички реон војводата Лука Џеров ивојводите Ванчо Србаков, Јордан Пиперката, Наќе Јанев Лавчанчето, Ѓорѓи Сугарев, Арсо Мицкови други вршат подготовки за борба со османлиите. Одејќи од село до село по Кичевско, во реонот на Рабетинска река (од каде е и војводата Кочо Куршумот) се судираат со големосрпската пропаганда која веќеподолго време се инфилтрирала во некои селани од овој крај. Кочо Куршумот заедно војводите Пиперката иДонски успеваат да ги убедат некои од заведенитеселани од рабетинска река дека најважно е да се ослободат од османлиската многувековна тиранија и дека треба да се борат рамо до рамо како македонци,а не да потпаѓаат под влиание на туѓите пропаганди и интереси.

За време на востанието продорот на османлиската војска се јавува од север - од селата Премка, Шутово, Гарани. Првата борбена линија за одбрана на Крушевската република била поставена токму во Рабетинска река, поточно кој местото Разбоишта. На ден 22 јули 1903 година војводата Кочо Куршумот со педесетина востаници го одвратил доаѓањето на османлискиот аскер и арнаутскиот башибозук. Пет дена покасно, на 27 јули 1903 година османлиите навлегуваат со пет табори аскер и ја разбиваат одбраната кај месноста Разбоиште, предводена од војводите Куршумот и Србаков. По напорниот отпор што востаниците го дале при што имале загуба од тринаесет свои четници, се повлекле високо кон планините. Навлегувањето на аскерот и башибозукот во Рабетинска река резултирало со опожарување на Рабетино, а селата Орланци, Речани, Миокази и Ижиште биле ограбени. Бесот бил истуран врз се што било христијанско - многу жени биле обесчестени, а деца и старци убиени. Во близина на селото Речани кај месноста Подуач при судирот со аскерот и башибозукот востаниците предводени од месните војводипретрпеле големи загуби и дале жртва од 130-тина востаници. Денес, на тоа местото постои споменик во нивна чест.

По задушувањето на востанието војводата Кочо Куршумот учествува во собирање на оружјето и негово сокривање за понатамошни револуционерни дејствија. Потоа тој се засолнува во Бугарија.

На 9 јули 1904 година при своето враќање во Македонија, четите на војводите Кочо Куршумот, Атанас Бабата, Стојан Донски и Славејко Арсов се предадени и накодошени од страна на србоманите од село Кокошино. Аскерот ги опколил и употребил силна артилерија и кавалерија. Борбата траела шест часа. Во неа погинуваат 20-тина револуционери. Убиени се војводата Кочо Куршумот и војводата Стојан Донски. Војвода Славејко Арсов бил ранет, но се самоубил. Исто така загинала и ресенските војводиТрајче Танев и Стефан Мешков Маврото.

Ова било страшно предавство каде организацијата претрпела огромни загуби.

Останатите четници на чело со војводата Атанас Бабата го пробиле кордонот и се повлекле. Четата на војводата Мише Развигоров заедно со селската Милиција дошла на помош на опколените чети, но закаснува. Војводата Атанас Бабатадобива информации дека четите се предадени од србомани од селото Кошино. Војводите Атанас Бабата и Мише Развигоров подоцна доаѓаат во селото и учествуваат во разрешувањето на предавството, убиени се 53 лица кои биле директни учесници во предавството на револуционерите: селскиот кмет, двата српски учители, неколку првенци селани, попот Иван и неговиот син и др. Труповите биле оставени на сред село и била оставена белешка дека се убиени за одмазда на македонските револуционери на ВМОРО. Оваа одмазда е наречена Кокошинско колење.

Војводата Кочо Куршумот ќе биде запаметен во меморијата на револуционерната борба како бестрашен и голем борец на македонската кауза за слобода и независност на Македонија.

Вечна му слава на херојот.

koco-kursumot-2
Спомен плоч на војводата Кочо Куршумот во неговото родно село Крушица, Кичевско.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.