Среда, 12 Септември 2012   
„Македонците го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци“

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Анри Барбис (Париз, 17. V. 1873 - Москва, 30. VIII. 1935) e француски новинар, публицист и општественик, што се залагал за заштита од тероризирање на македонското население. Како редактор на весникот „Монд“ меѓу другото пишува: „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја непобитна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци“.

Анри Барбис (Henri Barbusse) jа придружувал српската војска во времето на Балканските војни (1912-1913), а во Првата светска војна бил и на Македонскиот (Солунски) фронт. Славата ја стекнува со антивоениот роман „Оган“ (Le Feu) објавен во 1916 година, за кој и покрај критиките ја освојува престижната награда Prix Goncourt. Таа била прва книга која ги прикажува ужасите на војната и во која се осудува милитаризмот.

Негови дела како Manifeste aux Intellectuels, Elevations (1930) јасно ги покажуваат  неговите симпатии кон социјалистичката револуција. Анри бил член на Комунистичката партија(1923) и претседател на Светскиот комитет против фашизмот и војната. Тој го создава и лично предводи „Комитет за заштита на жртвите од фашизмот и белиот терор во балканските земји“, со седиште во Париз. Покрај него во Комитетот влегуваат истакнати општествени работници како французинот Жан Вилар и белгијанката Поле Лами.

„Комитет за заштита на жртвите од фашизмот и белиот терор во балканските земји“ добива општа поддршка од прогресивната европска јавност, а анкетната комисија во 1925 година, ја посетува Бугарија, Романија и тогашна Југославија. Иако полицијата жестоко се спротивставува на нивното присуство, претставниците на Комитетот со свои очи го гледаат страдањето на македонскиот народ.

По враќањето, членовите на комисијата развиваат јавна активност во заштита на настраданите од белиот терор и заедно испратиле протестна телеграма до бугарската влада. Анри во својата книга „Les bouraux“ („Палачите“, Париз, 1926) го осудил теророт на бугарската влада на Александар Цанков во Пиринскиот дел на Македонија.

Анри Барбис станува голем пријател на Македонците и како редактор на весникот „Монд“, меѓу другото, во 1930 година пишува: „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја непобитна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци. Нам ни припаѓа правото јасно и високо да протестираме против поробувањето и угнетувањето на еден народ“.

Теророт кој се случува врз македонскиот народ по поделбата на Македонија во 1913 година е познат како бел терор. Односно со поделбата на земјата, балканските монархии спроведуваат политика на жесток терор против македонското население, а македонското име и македонскиот јазик биле забранети и прогонувани. Истовремено било забранувано секакво јавно изразување на македонската етничка свест (јазикот, традициите и народните обичаи).

Во овој период, разни терористички организации вршат притисок врз македонското население да ја прифати денационализацијата и асимилацијата или да емигрира. Ваквите притисоци се вршат во сите три дела на поделена Македонија.

Сепак, во Егејскиот дел на Македонија грчките власти го изведуваат најстрашниот, етнички геноцид над македонското население.

Врз основа на Конвенцијата за „доброволно иселување“, 86.000 Македонци биле принудно протерани во Бугарија. Се вршел силен притисок за иселување и на останатото македонско население (трагедијата во с. Трлис, 1924). Во периодот на Метаксасовата диктатура (1936 – 1940), грчкиот терор кулминирал, а поради употребата на македонскиот јазик, 5.000 Македонци биле пратени по грчките затвори и логори.

Белиот терор против македонскиот народ се спроведува и во периодот на Втората Светска војна, во Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија. И во двата дела на Македонија биле прогонувани приврзаниците на македонското национално и антифашистичко движење.

Нова колминација на белиот терор македонскиот народ доживува за време на Граѓанската војна во Грција во периодот од 1946 до 1949 година. Повеќе од 20.000 Македонци го загубиле животот, а терор се вршел и врз цивилното население, како што се на пример трагедиите во с. Б’мбоки и Загоричани). Над 60.000 лица, меѓу кои и 20.000 деца, биле принудени да емигрираат во источноевропските земји.

Ваквите тенденции продолжуваат и денес во Егејскиот и дел на Македонија. Како во времето по Првата Светска војна, така и денес во Грција продолжуваат со политиката на белиот терор, а „Македонците, коишто имаат свој автентичен посебен јазик и своја непобитна етничка оригиналност, го немаат дури ни правото да се нарекуваат Македонци“.

 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.