Среда, 15 Август 2012   
Албанците не го ослободија Скопје во 1912

Tihomir_KaranfilovТихомир Каранфилов

Тврдењето дека Албанците го ослободиле Скопје на 12 август 1912 година претставува груба манипулација со историските факти. Пристигањето со воз на 500 – 600 Албанци во Скопје кој тогаш бил центар на Косовскиот вилает и без борба да го освои градот кој истовремено е преполн со турски аскер во предвечерјето на Првата балканска војна преставува нон сенс. Не постои документ од странските дипломати во Скопје кои забележале било какви борби.

Неколку години по ред Албанците во Македонија инсистираат 12 август да се слави како ден кога нивните претци го ослободиле Скопје од Турците. Македонските Албанци без резерва го прифаќаат тврдењето на Албанската академија на науките за таканареченото ослободување на Скопје. Дури и претседателката на парламентот на Албанија Јосефина Топали го спомнува овој настан за време на посетата на својот колега Трајко Вељановски во Скопје.

Според Албанците, нивната историја не е фалсификувана за разлика од таа на Македонците, за која самите тврдат дека им е фалсификувана Нивните политичари и историчари тврдат дека нивната историја е објективна и дека Албанците го ослободиле Скопје неколку пати, во 1844, 1881 и 1912 година.

За македонските историчари ваквите тврдења претставува стратегија која има за цел да докаже дека Скопје бил центар на албанскиот народ. Всушност треба да се докаже дека Албанците се автохтон и државотворен народ на овие простори, што пак води кон крајната цел, создавање на голема Албанија.

Оттука, тие ја раскажуваат својата приказна  во која се вели дека „вооружени Албанци почнале да пристигнуваат во Скопје уште кон крајот на јули 1912 година. Некои пеш, други со воз, и притоа ги поминувале сите контроли на турската војска. На 1 август во градот веќе ги имало околу три илјади, Следниот ден влегле 40 арнаутски фијакери, на кои им се придружил водачот Бајрам Цури, кој наредил да се ослободат сите затвореници. Тогаш Албанците почнале да прават и полициски контроли, но во ниеден момент не се судриле со Турците. Напротив, нивниот водач Бајрам Цури бил одликуван од султанот.

Албанската историска приказна оди дотаму што се тврди дека околу 50.000 востаници го ослободиле Скопје, а востаниците биле прифатени и од Албанците и од Македонците. Според нив немало битки зошто тие биле дисциплинирана војска, а од 14 нивни барања од османлиската власт биле прифатени 12. Се истакнува дека на 18 август 1912 година османлиската власт и признала автономија на Албанија, потоа дека на 10 октомври во Скопје се собрале албанските водачи и донеле одлука за обединување на четири албански вилаети: Скадарски, Косовски, Битолски и Јанински, како и тоа дека  Хасан Приштина сакал во Скопје а не во Валона да го развиори знамето на Скендер-бег и да биде прогласена независноста на Албанија. Меѓутоа планот отпаднал бидејќи во Скопје влегле Србите.

Меѓутоа за она што го тврдат албанските политичари и историчари нема факти, нема докази. Во овој период, со формирањето на балканскиот антитурски сојуз започнале интензивни подготовки за војна поддржана со широка пропагандна кампања во печатот и со организирање на провокации на Османската империја, чија цел била да се убеди меѓународното јавно мнение дека положбата во Македонија е таква што освен протерување на Турците од Македонија, ништо друго не е во состојба да ја подобри.

Во такви услови Отоманската империја сигурно не седела со скрстени раце, туку се подготвувала за војна и со разни дипломатски потези се обидувала да го избегне најлошото сценарио. Пред почетокот на Првата балканска војна започнала мобилизација и пренос на трупи и воен материјал кон српската граница. Железниците биле прво делумно, а потоа и целосно милитаризирани. Турските трупи од Вардарскиот армиски корпус или познатата Западна армија на Али Риза-паша од Анадолија биле превезувани со Тракиската  железница до Солун, а потоа со Македонската железница на запад до Битола, Западна македонија и Албанија и на север кон Скопје, Куманово до Зибевче – српска граница.

Во едни такви услови таканаречените албански востаници неможеле непречено со воз да дојдат во Скопје а да не бидат пропуштени со причина од турската армија.

При толкава концентрација на турски аскер опремен со најмодерна воена опрема на тоа време тешко било дека некој можел да им се закани, а најмалку албанските бунтовници.

Одликувањето на Бајрам Цури укажува дека нивното присуство нема за цел ослободување на градот туку тоа е дел од успешните преговори со османлиската власт, без разлика дали тоа се политички прашања, барање албанскиот народ да биде отповикан од регрутација, да се избегне водење војна на територија каде има албански народ или пак се работи за обичен шверц со оружје.

Во секој случај, сето ова наведува дека во овие преговори Албанците сакале да извлечат одредени концесии кај турските власти, а за возврат нудат мирољубивост и останување по страна. Всушност тие прифаќаат да не се приклучат на балканските сојузници во престојната борба.

Давајќи беса дека албанскиот народ нема да се бори против своите муслимански браќа, тие добиле како награда од Турците ослободување на затворените Албанци, одликување на Бајрам Цури, по што натоварени со паричен надоместок се вратиле во своите домови.

Македонските историчари тврдат дека нема факти и историски докази дека  Скопје бил ослободено од Албанците. Исто така, тие тврдат дека не постои никаков доказ дека Албанците во Скопје формирале своја власт или било какви елементи на државност. Не е ниту формирана некаква градска управа или собрание на градот. Едноставно турската војска сама се повлекува по битката кај Куманово која се одиграла на 23 и 24 октомври 1912 година. Паниката кај турската војска и кај муслиманското население во Скопје, Куманово и Велес посебно се зголемила по поразот на турскиот корпус на Фети паша кај Табановце. Илјадници турски војници и цивилно население со возови бегале према Солун, а потоа према Истанбул.

 

На прво место

News image

Младенци- празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на...

Историја

News image

Џејмс Баучер во посета на Смилево по андарскиот колеж во 1906

Џејмс Баучер (James D. Bourchier - 18. XII 1850, Браф, област Лимерик, Ирска – 30. XII 1920, Софија,...

Култура и туризам

News image

Летник - Ксантика, древномакедонски празник на светлината

На 14 мартпоновкалендар (1 мартпостар календар), древните Македонци гопразнувалесвојотпразникнасветл...

Фељтон

News image

ЏОН БИТОВ ЏУНИОР – ПРОДОЛЖУВАЧ НА БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА БИТОВ

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.