Петок, 27 Јануари 2012   
ХЕЛЕНСКО НАЦИ-ФАШИСТИЧКО ДИВЕЕЊЕ!

МАКЕДОНСКАТА УПОРНОСТ И ТРПЕНИЕ, СПАСЕНИЕ ОД ХЕЛЕНСКОТО НАЦИ-ФАШИСТИЧКО ДИВЕЕЊЕ!

todor_petrov

 

 

 

Пишува Тодор ПЕТРОВ


* Службеното име на јужниот сосед на Македонија е Хеленска Република, затоа наместо Грција во текстов го користиме името „Хеленска Република“

И тоа го чувме. Атина протестира поради Триумфалната порта МАКЕДОНИЈА, затоа што на неа, меѓу другото, е претставено сонцето од Кутлеш и други релјефи со кои, според Атина, се прекршуваат Привремената спогодба и условите за добрососедски односи (?!) Оваа протестна нота вчера до македонското Министерство за надворешни работи ја врачила грчката амбасадорка Александра Пападопулу, само една недела по протестната нота за Карневалот во Вевчани. (Секоја сличност со ставот на СДСМ не е намерна).

triumfalna_porta

Во Уставот на Грција од 1827 година пишува дека „Грк е секој христијанин кој живее во Грција“. Дали Грција поради тоа има право крстот да го прогласи за свое културно наследство, како што посакува монопол врз културно-историското наследство на Македонија, затоа што 51% од неа окупира (за првпат во својата историја од 1821 година) во Балканските војни 1912-1913 година? И утре да ни бараат да не се крстиме?!

Но, како што се вели во соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, Пападопулу реагирала против „постојаниот обид за политичко извртување на историската реалност против Грција и останатите соседни држави“. „Грција постојано посочува дека ваквите активности, освен тоа што се прекршување на Привремената спогодба и условите за добрососедски односи, кои се основен предуслов за европската перспектива на нашиот сосед, се опасни и претставуваат закана за стабилноста на Балканот, кој во минатото скапо плати за националистичкото однесување“, стои во соопштението.

Зарем Грција „националистичкото однесување во минатото“ го бара во Македонија? Па Македонија не ја окупира Грција?! Македонија не изврши геноцид врз грчкиот народ?! Македонците и Македонија не ги започнаа Првата и Втората Балканска војна во 1912-1913 година?! Македонците не фрлаа напалм бомби врз Грамос и Вичо во 1948 година?! Окупација врз Македонија изврши Грција! Геноцид врз македонскиот народ изврши Грција од Балканските војни 1912-1913 година кој се врши до денес! Грчкиот крал Горгиос Први (Данец по потекло) на 31 декември 1912 година издаде декрет до Владата во Атина „за воспоставување на времена управа во окупираните територии во Македонија“!

Зарем заборавивме дека токму „Хелада“ е креирана за првпат во светската историја во 1821 година како еднородна и едноверна наци-фашистичка нација-држава во која „Грк“ значи вера, а не етнос?! И дека „Хелада“ ја креираа големите сили како стратегија против Отоманската Империја и заради влијание во Медитеранот?!

Точно е дека во членот 7 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година се вели, оти „секоја страна веднаш ќе преземе ефективни мерки за забранување на непријателските активности или пропаганда од страна на агенциите под државна контрола и за обесхрабрување на активности од приватни субјекти за кои е веројатно да се смета дека ќе поттикнуваат насилство, омраза и непријателство меѓу нив. По влегувањето во сила на оваа Привремена согласност, Македонија ќе престане на каков било начин да го користи симболот, во сите форми, што го истакнуваше на нејзиното знаме пред таквото влегување во сила. Ако која било од страните смета дека еден или повеќе симболи што сочинуваат дел од нејзиното историско и културно наследство несоодветно се користи од другата страна, ваквото наводно користење ќе и’ го предочи на другата страна и другата страна ќе преземе соодветни мерки тоа да се исправи или ќе укаже зошто не смета за потребно тоа да го стори.“

Со едностраното читање на Привремената согласност, Атина вели дека Македонија ја прекршува неа затоа што „користи дел од историското и културното наследство на Хеленската Република“. Патем, Атина смета дека Македонија е хеленска и претставува дел од хеленското историско и културно наследство?!

Но, факт е, дека токму Меѓународниот суд во Хаг ја осуди Хеленската Република за прекршување на членот 11 од македонско-грчката Привремената согласност поради хеленската злоупотреба на правото на вето за членство на Македонија во ЕУ и НАТО!

Меѓународниот суд во Хаг потврди дека Македонија не ја прекршила Привремената согласност и дека неосновани се обвинувањата на Атина дека Македонија користи дел од историското и културното наследство на Хеленската Република!

Меѓународниот суд во Хаг го суспендира суспензивното право на Хеленската Република против Македонија во меѓународните организации каде што Хеленската Република веќе е членка! Пресудите на Меѓународниот суд во Хаг не се обврска само на земјите во спор, туку на сите земји членки на Обединетите Нации! Оттука, суспензијата на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг истовремено претставува прекршување на меѓународното право! А, Меѓународниот суд во Хаг потврди дека Македонија може да аплицира и да членува во сите меѓународни организации и сојузи под државното име Македонија! Меѓународниот суд во Хаг потврди дека Хеленската Република може само да приговара ако другите ни се обраќаат поинаку од временото обраќање во Резолуцијата на Обединетите Нации 817 (1993), „The former Yugoslav Republic of Macedonia“, но тоа не значи право на Атина на вето!

Затоа, од една страна, се поставува прашањето, како може Хеленската Република да протестира пред ЕУ и НАТО против Македонија со „обвинување“ за македонско непочитување на македонско-грчката Привремена согласност за шеснаесет-зрачното сонце, кое Хеленската Република го смета за свој „патент“, иако го има во сите цркви и манастири, се наоѓа на сите арехолошки локалитети на територијата на државата Македонија (не само во окупираните делови на Македонија од соседните земји), а од друга страна, продолжува со суспензијата на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг против Хеленската Република за прекршување на членот 11 од истата таа Привремена согласност?!

Според Атина, Македонија ги прекршувала условите за добрососедски односи затоа што го афирмира своето културно и историско наследство? Ај, испаднавме големи и рековме, независно од историските хипотеки, независно од хеленската окупација на Македонија и независно од хеленскиот геноцид врз македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес, Македонците сметаат дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, иако по меѓународно право единствено ние сме носител на државното име Македонија, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната гео-политика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Но, за какво добрососедство на Атина станува збор, кога таа бара промена на државното име на една нејзина соседна држава, бара промена на името на еден суверен народ македонскиот бара промена на името на македонскиот јазик, не ги признава човековите и граѓанските права на етничките Македонци во Хеленската Република?

Патем, свежи ни се сеќавањата кога два автобуси од Хеленската Република дојдоа пред Бардовци да спасуваат една будала која од болницата испратила е-маил порака дека е Грк кој намерно го држат во лудница. За протестот на Атина за вевчанскиот карневал и да не зборуваме. Ќе шетаат тие уште по лудници и карневали. Секој со своите...

Крајот од коментаров никако поинаку, освен: Хеленскиот цинизам е без граници, ама македонската упорност и трпение се спасение од хеленското наци-фашистичко дивеење! Голем е Господ! Голема е Македонија! Заедно за Македонија! Македонија вечна! Амин

 

На прво место

News image

Република Македонија меѓу четирите држави со најбрз развој на интернет услугите во светот

На Светскиот самит за информатичко општество одржан во вторникот во Женева Република Македонија од с...

Историја

News image

Полибие за македонските кралеви

Во Енциклопедија Британика пишува дека е тој грчки државник и историчар. Роден 200 г. пр. хр. до 11...

Иселеници

News image

Фатална дилема за претседателот Барак Обама

Претседателот Барак Обама, после самитот во Чикаго, ке ги ...

Култура и туризам

News image

Македонската жена во 16 век

Гордана Димовска       Низ вековите  македонската традиционална облека привлекувала огромно вни...

Фељтон

News image

Македонската Јованка Орлеанка - Катерина Арнаудова (1)

Во статија со наслов "Македонските Јованки Орлеанки" (стр. 5) објавена во весникот ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.