Среда, 25 Јануари 2012   
Меѓународната заедница мора да ја прифати пресудата на Меѓународниот суд на правдата

svekrva
Свекрва

На средбата која деновиве се одржа во Брисел, шефот на Македонската дипломатија Никола Поповски побара од извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешна акција на ЕУ, Пјер Вимонт, поддршка за отпочнување на преговорите за влез на Македонија во Унијата. Говорејќи за подготвеноста на Македонија, министерот Попоски истакна дека Македонија очекува: „да надвладее европскиот интерес за отпочнување на пристапните преговори со Македонија, со што ќе се зајакне кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата со земјите од Балканот“, притоа истакнувајќи ја „целосната посветеност на македонската страна на разговорите за надминување на разликата околу името со Грција што се водат во рамките на Обединетите нации.

Истакнувајќи дека процесот на проширување е од исклучителна важност за Унијата и во кризни периоди како што е тековниот, извршниот генерален секретар на Европската служба за надворешна акција на ЕУ, Пјер Вимонт меѓудругото напомна дека „високо се цени досието на постигнати резултати на Македонија во исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и се охрабруваат натамошни постигнувања во овој правец“.

Претходно, слична порака пред Самитот на НАТО оваа пролет во Чикаго, ни испрати и американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер кој вели дека е потребно повеќе храброст за решавење на проблемот со името во спорот до Грција. Меѓутоа, иако македонската страна покажува решеност и храброст за целосно надминување на разликите со името, повеќе од очигледно дека Грција само купува време и нема намера да преговара. Според премиерот Никола Груевски, последните преговори во Њујорк само ја турнаа маската на Атина.

Дека Грција се обидува да купува време покажува и нивната жалба во ОН за карневалот во Вевчани, во која вевчанските маски се употребуваат како главен аргумент за одложување на разговорите. Според премиерот „Наведувањето на вевчанските маски  како причина да се одложат разговорите за надминување на еден од најголемите проблеми на Балканот, како и залажувањето на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, не е ништо друго, освен една поголема пародија, отколку што е таа во Вевчани“.

Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година па се до денес, не е првпат Грција да прави пародии и да ја доведува во заблуда Меѓународната заедница, притоа правејќи низа незаконски дејствија. Ваквите активности Меѓународниот суд на правдата во Хаг ги осуди, со напомена дека несмеат да се повторат. Македонија е свесна дека не може вечно да трае толеранцијата што ја покажуваат земјите членки кон Грција и ќе продолжи да работи за прием во ЕУ и НАТО. Но, како што Македонија досега покажуваше храброст, (економска блокада, промена на знаме и сл.) и ќе покажува и во иднина при решавањето на спорот со името, редно е според премиерот Груевски и другите земји-членки на НАТО да имаат храброст и да ја прифатат пресудата на Меѓународниот суд на правдата“.

Само да се потсетиме, во текот на месецот на состанокот во Стразбур, Европската комисија  донесе одлука со која ќе покрене постапка против Унгарија во врска со законот кој ја доведува во прашање независноста на унгарската банка, институцијата за заштита на податоците, како и за законот за пензионираните судии и тужители. Доколку Унгарија не го испочитува предупредувањето по втор пат, тогаш ќе следи постапка пред Европскиот суд на правдата. Меѓутоа, иако Европскиот и Меѓународниот суд на правдата се различни институции, се поставува прашањето како може Европската комисија  да бара од една земја да ги почитува законите и одлуките, а истовремено да ги игнорира одлуките на Меѓународниот суд на правдата.

Позициите и стратегијата на Грција се јасни, а нејзините потези се предвидливи и неможат никого да изненадат. Грција ќе продолжи со своите задкулисни игри, со своето негирање, игнорирање, уценување, обвинување и купување на време. Користејќи ја толеранцијата и молкот на членките на ЕУ и НАТО, таа ќе се обиде да ја амортизира одлуката и да го намали значењето на Меѓународниот суд на правдата. Прифаќањето на аргументите на Грција од страна на членките на ЕУ и НАТО, само би го нарушил кредибилитетот на ЕУ и НАТО, како и  воспоставениот меѓународен правен поредок.

За разлика од Атина, Македонија, во чии раце се аргументите и судската одлука е транспаретна, а нејзиното раководство има храброст отворено да говори пред својот народ и пред меѓународната заедница за спорот со името. Македонија е спремна да ги започне пристапните преговори за влез во ЕУ како и да стане член на НАТО. Македонија очекува да надвладее разумот на земјите членки во ЕУ и НАТО, а таа е спремна и за разговори со јужниот сосед, но тоа зависи само од Атина и од никој друг.
 

На прво место

News image

Република Македонија меѓу четирите држави со најбрз развој на интернет услугите во светот

На Светскиот самит за информатичко општество одржан во вторникот во Женева Република Македонија од с...

Историја

News image

Полибие за македонските кралеви

Во Енциклопедија Британика пишува дека е тој грчки државник и историчар. Роден 200 г. пр. хр. до 11...

Иселеници

News image

Фатална дилема за претседателот Барак Обама

Претседателот Барак Обама, после самитот во Чикаго, ке ги ...

Култура и туризам

News image

Македонската жена во 16 век

Гордана Димовска       Низ вековите  македонската традиционална облека привлекувала огромно вни...

Фељтон

News image

Македонската Јованка Орлеанка - Катерина Арнаудова (1)

Во статија со наслов "Македонските Јованки Орлеанки" (стр. 5) објавена во весникот ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.