Среда, 17 Август 2011   
Писмо од Методија Шаторов Шарло до „Стојана“

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

По воената агресија на 6 април 1941 година од страна на Германија и Италија, и пропаста на кралството Југославија и на Грција, во трите дела на Македонија настапува нова етапа во националноослободителната борба на македонскиот народ. Македонскиот народ уверен дека под раководство на соодветните кумунистички партии, ќе се здобие со национална слобода, зеде масовно учество против старите и новите поробители. Иако куминистичките партии на Југославија, Бугарија и Грција немаа цврст став по однос на македонското прашање,  во сите три дела на Македонија, Македонците  застана на страната на антифашистичката борба.

Различните услови во окупираните делови на Македонија, го диктираа и развојот на антифашистичката борба. Окупацијата на Македонија, бугарската пропаганда ја прикажуваа како ослободување на Македонија од српската окупација, додека пак Италијаните се прикажуваа како ослободители на Албанците. Сепак, и покрај масовната кампања на окупаторите, македонскиот народ од првите денови самоинцијативно го прибира расфрленото оружје на распадната југословенска армија и се припрема за вооружена борба. Повикувајќи се на светлите илинденски традиции, македонскиот народ се приклучува кон комунистичката партија како единствената организација која ги повикува на вооружен бунт

Во исто време политичкиот комесар на ПК на КПЈ за Македонија, Методија Шаторов Шарло презема повеќе организациони и политички чекори кои ќе бидат осудени од ЦК на КПЈ. Иако во 1940 г. учествувал на V земска конференција, на која бил избран за член на ЦК на КПЈ, Методија Шаторов одбил да присуствува на Мајското советување за кревање на вооруженото востание против окупаторите и не го прифатил повикот на КПЈ за востание. Исто така ја издвоил македонската партиска организација од КПЈ и ја поврзал со БРП (к) (без западниот дел под окупација на Италија). По интервенција на Тито до Коминтерната, Партиската организација била вратена во СКЈ, а Шарло бил сменет и исклучен од КПЈ. По ваквиот развој на настаните Методија се вратил во Бугарија, каде што бил поставен за секретар на Софискиот областен партиски комитет, а во 1944 г. бил поставен за командант на Третата востаничка оперативна зона. Загинал во судир со полицијата и војската под сомнителни околности

Тргнувајќи од неговата биографија, повоената историографија причини за ваквото однесување на Методија ќе ги бара во долгогодишното негово отсуство од земјата, поврзаноста со БРП(к), непознавањето и неснаоѓањето во сложената положба во Македонија по окупацијата во 1941 година. Инаку,  Методија Шаторов, роден на 10. I. 1897 г. во Прилеп, по Првата светска војна емигрирал во Бугарија. Таму се вклучил во активноста на македонската прогресивна емиграција и во бугарското комунистичко движење. Во 1920 година бил примен во БРП(к), во 1923 бил партиски секретар, а во 1925 се вклучил во дејноста на ВМРО (Об). Во 1928 година станал член на Третиот ОК за Пиринскиот дел на Македонија и член на ЦК на БРП(к). Работел во Коминтерната од 1930 до 1939 година, бил член на Задграничното биро на БРП(к) задолжен за револуционерните движења на Балканот. Во Македонија се вратил дури во 1939 година кога бил назначен за политички секретар на ПК на КП во Македонија.

Отука, поради репресивниот поствоен режим во Југославија, во историографијата ќе остане заклучокот дека тој дејствувал под притисок на некоја надворешна сила. Меѓутоа, свесни дека поврзаноста со БРП(к), која по окупацијата на Македонија, смета дека делува во рамките на „сопствената“ држава и настојувала своите погледи за отпорот против фашизмот да ги пренесе на партиската организација во Македонија, не се доволен доказ дека Методија работел надвор од рамките на македонските интереси, историчарите ќе посочат дека „во натамошните истражувања ова треба да се разоткрие,.. (и) да се согледа воено-политичката положба во Македонија, кога се вршат непосредни подготовки за востание (Историја на Македонскиот народ, Скопје, 1988, стр 321)“.

Иако им е познато писмото на Шаторов до „Стојана“, документ во кој само еден месец по капитулацијата на Југославија и не цел месец по окупацијата на Македонија ги изнесува  своите размислувања за состојбата во Македонија во првите денови по окупацијата, долго време комунистичкиот режим не го експонирал и беше непознаница за пошироката македонска јавност. Тоа е писмо од мај 1941 година и е прв документ на КПЈ во Македонија по окупацијата. Во него секретарот на ПК на КПЈ за Македонија Методија Шаторов ги изнесува не само своите ставови и погледи за априлската војна и за положбата на Македонија. во првите денови по окупацијата, туку преку него, како своевиден проглас тој го повикува македонскиот народ на борба против новата окупација на Македонија.

Документот преставува обично писмо во кое авторот Шаторов, потпишан под псевдонимот  Митре, се обраќа до измислено лице „Стојан". Поради неговата важност за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална слобода овде ви презентираме дел од писмото кое напишано на народен македонски јазик (Документи, Том први, Скопје 1981, стр 349 -353.)

 

„Драги Стојане,

Оваја пролет на полуострово се развија големи собитија, који од корен променија политичкото и военото положение на балканите, та претставља голем интерес за нас како Македонци, па реков со тебе да разменам мисли....

... Мнозина се прашаат како така една држава како Југославија, која броеше 15 милиона, капитулира за 10-12 дена. На това се дава отговор, оти Немците биле многу спремни, со голема техника и дисциплина. Това е истина, али несет само тија причините. Има многу по главни причини, а тие сет:

прво, безразличието на широките народни маси по одношение на југословенската држава и правителства, који 23 години плјачкаја и потискаја народите на Југославија;

второ: предателството на петоколонашите;

и трето полната анархија во организацијата на воениот апарат...

... Како резултат на војната и наша Македонија е окупирана од германски, италијански и бугарски војски. Овај факт нас не интересуе како Македонци, који половина век сме се бореле како Македонци за национално и политичко ослобождение, како последователи на водачите и основателите на македонската натрешна организација на чело до Гоце Делчев, Јане Сандански, Гјорче Петров, Пере Тошев и Димо X. Димов.

... Во чл. 1 од Уставо на Натрешната револуционерна организација е речено, оти организацијата се бори за политическа и национална слобода, за автономија на Македонија.

Во чл. втори на истио Устав се вели, оти за осушестјаване на таја цел се бори против шовинизма за збиране на сите македонски сили во едно цело. Знае се од македонската историја, оти во натрешната организација влегјале лугје не само македонски Славјани, ами и Цинцари, Турци и др. који се бореле против турското господство и потисничество. На пример, славнио герој и војвода од Крушевското востание беше цинцарино Питу Гулев. Многу бедни Турци биле четници и се бореле против турскио апсолутизам за слобода и равноправие.

Јасно е како бел ден, оти македонците не се борат само за да имат свој попови и даскали и биле тие бугарски, арнаутски или влашки. Македонците се борат за своја национална и политичка слобода. Некој македонци-врховистите сакајат да кажат оти борбата на македонците е свршена со окупацијата на Македонија од страна на германски, италијански и бугарски војски. Дали това е истина. Не е ни не може да биде, зато што Македонија не доби национална и политическа слобода. Денеска не само Македонија, ами целио Балкански Полуостров (без турска Тракија) е окупиран од армиите на две големи империјалистички држави: Германија и Италија, со прилепените бугарски војски. Голем дел од Македонија има веќе бугарска администрација. Полицески чиновници, джандари, кметови, секретар-бирници, писари, даночни чиновици сет назначени и требе да се кажи, оти сите тија сет од Бугарија. На Македонците не се дава чиновничка служба, дури немат право да бидат селски кметови. Со право се праша секој честен Македонец:

„Каква ли е оваја слобода, штом Шумадинците се заместени со Бугарија, а Македонците се држат под карантина". Во најдобрио случај на македонската интелегенција се таксуваат служби по селата на Бугарија, но по никаков начин служба во Македонија. Аргументите за това сет истите, кој употреблјава и србите: „Не знаете официално државен јазик".

Како што до сега врват работите, може да се заклјучи, оти Македонија пак ќе биде разделена, како што беше до сега таква.

Германците истргаја војските од Дебар, Гостивар, Кичево и Тетово и тија четири македонски градови беја окупирани од Италијанците. Бугарски војски таму не сет допуштени како што не сет допуштени и во цела грцка Македонија. Окупацијата од страна на Италијанците на северозападна Македонија со право возбуди во македонските среди големо незадоволство од политиката на Хитлер и Мусолини. За мнозина стана јасно, оти характеро на оваја војна не е ослободителна а е војна завојевателна. Горните четири градове со околиите им сет осудени на сигурна смрт, зато што економически беја тие врзани за Битола и Скопје, без да говориме, оти исторически и географически секогаш биле дел од Македонија.

Едно време беф ти пишал, оти Македонците нема ништо да спечелат од една империјалистичка војна, а ти во тија моји зборови се сомневаше. Ти велеше, оти нека да има војна само и само да им видиме грбовите на Србите, да се ослободиме. Како што слушам не си бил задоволен од „слободата". Ти си во право, зато што во Македонија се променија само управниците, а не и системот. Ние не видофме нити наши чиновници, нити да се споменува нешто за нашите македонски револуционери, нито пак за македонската култура. Се што е наше ни се представуе како да е било бугарско. Од горе на сето това настана голема скапотија и немаштија. Работа нема, пари малку, а со тија пари ништо не можи да се купи...

...Како во нашио град, така туку речи во сите градови на Македонија се создадоа македонски комитети. Во тија комитети влегоја испечени врховисти, а негде и искрено мислешти и веровашти Македонци. Во некој градови како што е скопскиот, беја од Бугарија испратени претседатели и секретари за да раководеле дејноста им. Со други зборови беја испратени тутори, за да не би Македонците нешто да згрешат.

„Много честни членови од комитетите избегаја, зато што видеја, да комитетите се исползуват за спроведување на чисто бугарска политика, а не на македонска за викане само ура и да живее Хитлер, Мусолини и цар Борис; за вршене на нечести дела и грабене на имоти, земане потписи, меници и пр. Некаде влегоја во тија комитети и отворени македонски предатели, који во продолжение на 23 години беја десната рака на великосрпските шовинисти. Тија комитети ногу брзо си изиграја ролјата, зато што не се јавија заштитници на македонските интереси и изгубија секакво доверие во народо. Комитетите беја и сет база на окупаторите.

Од досегашните речи и изјавленија на одговорните министри и лица, ништо не е речено за македонското село. Како мисли правителството да разреши аграрнио вопрос изгледа и на министрите не им е јасно. Тие немат определена аграрна програма. Това се изгледа да положението на македонскио селјак од промената нема да се измени. Извесно е, оти натрешната организација на Гоце Делчев имаше како земледелска програма раздаване земјата од чифлик-сајбите на сиромашните сељаци. Таја програма на натрешната револуциона организација е длабоко зараснала во сознанието на македонскио селјак. Тој есапи, промена во политическото положение на Македонија и слободата, без друго треба да врви со промена и во стопанисване на земјата. Ке треба сета зем/а на чифлик сајбите (Турци и Македонци), на српските великаши и национални герои, како и земјата на^Македонците, вакафите и црквите да се раздај на сиромашните селјаци. Наместо државата и македонските комитети да сторат това, они гледајат зграбената земја на српските великаши да ја дадат на старите некогашни стопани-чифликсајби или на некој бугарофили да станат чифликчии.

Најопасното е во овај момент пројавата на оделни шовинистически настроенија во средата на Македонците и Бугарите, који можат да имат многу тежки последици за македонскио народ. Над турци и арнаути се врши насилие. Над нифните религиозни // традиционални предрасуди се посега. Фесовите н фереџината насилно им се фрлат. Това нешто, од друга страна, особено во средата на Арнаутите, разбужда омраза по отношение на Бугари и Македонци. Во Тетово дошло до бој и има убиени и ранени Македонци, а италијанските војски гледат си сеир и распалват шовинистички бес мегју народите во Македонија, за да можат по лесно да ја владејат, кога не сет зговорни мегу себе народите. Создава се едно положение на нетрпимост.

Албанците во Македонија сакајат да влезат во албанска држава тие да станат, со други зборови, робови на италјанскио империјализам. Тоја нифни национализам е поткрепен, сознателно од италијанските власти који сакајат дури гр. Скопје да влези во Албанија т.е. господари да сет Италјанците. Соштествува голема опасност Македонија да биде пак раскината, а незините народи да страдат од искуствената граница, која ќе се создај од империјалистите. То се знае, да италјанската политика е подкрепена од Хитлера.

Праша се што да се чини. Одговор е само еден: да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо своје право за слобода и равноправност, но не цепене на македонската земја и македонскио народ. За таја своја слобода и равноправност Македонците треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците на балканскио полуостров, затоа што судбината денеска им е еднаква. Целиот Балкански п-в е окупиран од големите империјалистички држави Германија и Италија. Создаване на држава по подобие на Хрватска (Анте Павелич) е една комедија. Анте Павелич е орудие на Немците који одделија од Хрватско и дадоја Далмација на Италија. Тоа не е независимо Хрватско, не е слобода. Балканските народи денеска изгубија своја слобода и независимост и сите сет окупирани од тугји војски, затова и борбата за слободата треба да биде општа...“

Иако од самото писмо се гледа дека тој бара да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија, дека  се залага да нема цепење на македонската земја  и дека не е против подигање на востание, туку дека Македонецот за остварување на својата слобода и равноправност треба да се борат заедно со Бугарите, Хрватите, Србите, Грците и Црногорците.

Методија Шаторов Шарло за време на кумунистичкиот режим беше преставен како предавник на македонскиот народ. Дури во 2005 година беше рехабилитиран како македонски деец кој се  борел за создавање на самостојна и национална држава на македонскиот народ.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.