Среда, 09 Март 2011   
Меморијален центар кој тесно ги врзува двата библиски народа со слични судбини

Tihomir_Karanfilov
Тихомир Каранфилов

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, лоциран во некогашното еврејско мало во Скопје, свечено ќе боде отворен на денот кога се навршуваат точно 68 години од започнувањето на акцијата на фашистите на територијата на Република Македонија, во која околу 7.200 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип беа собрани од нивните домови и доведени во привремениот логор во монополот во Скопје. Акцијата се спроведе во ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година. Со отварањето на Меморијалниот центар,  ќе им се оддаде почит на точно 7.148 Евреи кои истата година на 1 април 1943 година беа депортирани од Македонија во нацистичкиот концентрационен логор Треблинка, каде најголем дел од нив својот живот го завршија во гасните комори.  Од депортирани Евреи од Македонија, едвај два проценти го преживеале  холокаустот.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, чиј камен темелник е поставен во 2005 година е четврти ваков центар во светот, по меморијалните центри во Израел, САД и Германија. Тој претставува мултимедијален центар, составен од повеќе функционални делови и ќе биде отворен во неколку фази. Најпрвен тоа ќе биде музејскиот комплекс кој ќе содржи поставка што ќе го претстави животот на Евреите, како значајна заедница во Македонија, чии корени допираат од дамнешните времиња. На сефардските Евреи од Шпанија овде им било понудено прибежиште уште пред повеќе од 500 години.

Статистичките податоци за судбината на македонските Евреи, едвај два проценти го преживеале  холокаустот, за жал, ги става на врвот во поглед на процентот на Евреите од која и да е земја, убиени во текот на Втората светска војна од нацистите и нивните соработници. Одговорноста, пред се, им припаѓа на тогашните нацистички власти во Берлин, кои од самиот почеток на Војната беа решени да ги уништат сите Евреи во Европа. Зачудува фактот дека тие биле подготвени да поминат огромни дестинации, тргнувајќи од Германија и Источна Европа до Македонија, само за да најдат еврејски заедници. За жал, тие никогаш не би успееле во спроведувањето на ваквото злосторство во која и да било држава без соработка на луѓето од регионот.

Меѓутоа антисемитизмот како „нацистичка болест“ на Балканот не постоела. Посебно во Македонија, во македонските градови, во нивните митови, со векови постоела голема традиција за присуството на еврејските заедници како интегрален дел од општеството во кое се живеело. Отсекогаш еврејската заедница во македонските градови имала конструктивна и пријателска улога.

Овие македонско-еврејски врски се воспоставени многу одамна, уште од времето на Александар Македонски. Тие продолжиле, а со доаѓањето на Апостол Павле во Македонија и посетата на семејството на Лидија првата христијанка од Македонија.се продлабочиле и се водподтавиле првите христијански општини кои потоа преставувале отскочна даска за ширење на христијанството од Македонија во Европа. Уште тогаш постоеле еврејски заедници кои се наоѓале по градовите распослани на главните патишта кои воделе од Ерусалим кон Рим и обратно, како што е патот „Виа Игнација“. Не случајно се наоѓаат записи  и остатоци кои зборуваат за постоење на синагоги во античките градови Солун, Стоби, Хераклеја. Посебно во текот на 13 век постоела тенденција Евреите да се населат на патот „Виа Игнација“, меѓу кои и во градот Битола(Монастир). Истот град, пет години подоцна, во 1497 година  станува прибежиште по депортацијата на сефардските Евреи од Шпанија.

Меѓу двата библиски народи, македонскиот и еврејскиот, никогаш непостоело непријателство. Традиционален антисемитизам непостоел. Напротив, кога и двата народи кон крајот на 19 и  почетокот на 20 век се бореле за своја независност, едните во Македонија а другите во турска Палестина, меѓу двете ослободителни движења постоле добри односи. За тоа најдобро зборува и примерот на македонскиот Евреин од Битола Рафаел Камхи кој бил учесник на Првиот конгрес на ТМОРО во Солун во 1896 година, во грабнувањето и преговорите за Мис Стон, учесник во Илинденското востание и сведок на страдањата на солунските Евреи. Потоа тука се и потписите на Манифестот против Балканските војни од страна на преставниците на петте социјалистички партии, меѓу кои на Димитар Влахов за Солунската социјалистичка партија и на Бенгурион за Еврејската социјалистичка партија, што зборува за добрите меѓусебни врски. Немало никакви конфликти ниту во периодот 1920-та и 1930-та година меѓу ционистичките аспирации на некои македонски Евреи од една страна и нивната поддршка за Македонија од друга страна.

Сепак најважно од се е учеството на Евреите во партизанското движење И тоа било дел од патриотизмот и решеноста да се поддржи Македонија. Уште во 1942 година повеќе Евреи, членови на СКОЈ, биле уапсени и осудени на робија. Македонските Евреи биле вклучени во партизанските единици уште од самото нивно формирање. Се бореле и страдале заедно со македонските патриоти во борбите во 1943 и 1944 година, а Бено Русо станал можеби најмладиот партизански генерал. Естреја Овадија (Мара) посмртно е прогласена за народен херој.

Трагедијата на македонските Евреи е голема. Повеќе од 7.000 македонски Евреи биле однесени во смрт. Ниту тие ниту пак нивните наследници никогаш повеќе неможеа да допринесат за животот во земјата, за развојот на македонското општество, како што тоа на пример денес  го можат оние малку останати преставници во Македонија.

Слично како еврејската држава, која го чекаше своето создавање 2.000 години, и Македонија чекаше повеќе од 1.000 години на создавање на своја држава. Ова не може да се најде во историјата на денешните политички движења. Затоа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија не преставува само спомен на жртвите на нацизмот, на голготата на Еврејскиот народ, туку тој е спона која ги врзува тесно двата библиски народа со слични судбини.
 

На прво место

News image

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ!

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ! Пишува Тодор ПЕТРОВ

Историја

News image

Составот и карактерот на Карнегиевата Комисија

Во почетокот д`Естурнел наведува кој се` е консултиран од останатите членови на Фондацијата при испр...

Иселеници

News image

Македонските симболи вечно ќе се веат на сите Македонски собири во Канада!

Одговор од Македонската заедница во Канада до моменталната...

Култура и туризам

News image

Охридска книжевна школа

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во 886 годи...

Фељтон

News image

Сотир Митрев и неговата хуманост и донаторство за Македонија (3)

Сотир Митрев беше голем родољуб, човекољубец, хуманист и активист. Уште како млад ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.